Драга Корвус, пардон Кајгана,
денес после толку години мојата прва љубов ми рече да !!!
Со нејзе се знаеме уште од петто - шесто оделение кога првпат почна да ми го привлекува вниманието. Сите од класот ми збореа како не била за мене, била мутава, глупа, непривлечна. Но јас бев убеден дека во нејзе има
некој драж кој што крие огромен потенцијал. Можеби на прв поглед не беше атрактивна и привлечна , дури беше и малце досадна или пак јас бев премлад и премал па не можев да ја сфатам сериозно. Потенцијалот верував дека со текот на времето ќе го
откријам и дека нема да останам изневерен на крајот. И како што се одвиваа настаните целиот тој следен период јас бев на седмо небо. Накај седмо - осмо одделение веќе толку бевме зближени и заљубени што ништо не можеше да ме раздели од мојата
прва и единствена голема љубов. Првпат во животот ја доживеав најубавата ноќ. Конечно сфатив што е тоа што го чекаат со нетрпение и на кое што се радуваат мажите. Чувството беше прекрасно. Јас, таа, пијани од љубов и заедно под ѕвездите на мајското ѕвездено небо.
Животот ми доби нова димензија. Мислам дека полека почнав да ги правам првите чекори во светот на возрасните. Одлично ни одеше во следниот период од околу 2 години кога во истиот месец ни се случи првиот навидум мал но голем потрес. Длабоко останв разочаран до сепак не губев надеж.
Знаев дека таа е вистинската, знаев дека таа ќе ја сакам цел живот без разлика на околностите. Брзо потоа се консолидира, пак се вративме на старата хармонија и љубов. После све години од овој неочекуван и непријатен настан повторно многу пријатно ме изненади.
Го имаше истото искушение но сега многу позрело и помудро се соочи со него и секако излезе како победник. Јас пак бев насреќниот човек на светот. Повтроно нова екстаза и неочекуван голем бран на среќа ме поплави. Неописливо добро чуство кое што не го почуствував се до денес. За жал следниот период многу ни заладија односите.
Таа веќе не ме правеше толку среќен, почна да паѓа под туѓи влијанија, јас бев груб себичен и почнав да и го вртам грбот. Имаше периоди каде што целосно ја заборавав. Бев гомно од човек зошто довербата одма ја изгубив од неа после првите најави за бура. Сигурно бев и неискусен и не знаев да ја вреднувам нејзината убавина и верност. Имаше мал момент на блесок кој што беше прекраток и изгледаше дека е крај на една преубава ера но сепак не беше доволно за да продолжиме од онаму каде што застанавме. Во меѓувреме пробав и со други.
Не одеше од сегашна гледна точка. Тие беа само мала утеха додека длабоко во себе патев по мојата прва љубов. Таа не блескаше како порано со сиот свој сјај. Времето ја имаше сменето, не беше така привлечна но мене сеуште длабоко во себе ми беше моето се. Мојот живот. Мојата прва и едниствена голема љубов.
Додека патевме разделени еден за друг низ секакви срања таа поминуваше. Поради тоа и јас поминував низ истите срања бидејќи се чуствував немоќен да и помогнам. А реално и немав и не можев како да и помогнам. Единстевно верував дека времето ќе ги излечи сите рани. А времето очигледно работеше за нас.
Последниве 3 години пак се сретнавме и почнавме поинтензивно да се дружиме. Не беше тоа како на почетокот но беше многу многу добар напредок со оглед на тоа дека дека последните неколку години не ни знаев воопшто што се случува со неа. Срцето ме болеше и душата ми плачеше кога гледав како сите околу мене уживаат со своите први вистински големи љубови.
Си реков дека треба да бидам поодлучен и поупорен во врска со нејзе. Дека треба безрезервно да и се посветам како на почетоткот за да види и сфати дека повторно таа ми е се. не за џабе кажале дека јунаците се познаваат на мака. Со цврста одлучност пак почнав да контактираме и инсистирав колку ми дозволуваше врмеето секој слободен момент да го поминам со неа.
Верував дека еден ден тоа ќе ми се исплати и само позитивно ќе ми се врати. Не погрешив . Од ден во ден, од недела во недела ја гледав и ја следев постојано како пополека се враќа во нејзината стара слава. Секако дека беше далеку од тоа што беше на почетоткот кога се запознавме но сепак беше голем напредок од периодот кога тотално се заборавивмке и изгубивме целосен контакт.
После толку години го имаше истиот тој шарм иако убавината и беше прилично променета. Сега имаше други атрибути со кои што ме освојуваше. И покрај ваквата разлика повторно таа ги разбуди моите чуства кон неа. Повторно сериозно ми го привлече вниманието. Од некаде предминатата - минатата година чуствувам дека пак почнав да губам глава заради нејзе.
Последниов месец, особено последниве недели беа вистински тест за мене и мојата љубов и посветеност кон нејзе. Секој ден го поминував во паника и тензија од тоа како ќе се покаже таа и како јас ќе изреагирам на тоа. Сигурно и нејзе не и беше сеедно бидејќи знаеше дека после толку време пак има шанса да го привлече моето внимание 100 %. Приетив дека искрено и напорно се труди.
Даваше се од себе за да успее а јас тоа знаев да го приметам и да го ценам. Можеби изгледав ноншалантен но само јас знам какви бранови на непријатност чуствував низ грбот, какви салта ми правеше утробата, како ми чуреше главата од overthinking по неа, како претерано се потев и се ежев од помислата дали пак ќе ни се случи срање период што овој пат сигурно 100% и психички ќе не утепаше двајцата.
И се тоа траеше до денешниов ден. Денешниот ден ме врати во времето кога првпат се заљубивме, времето кога на момент ме направи да бидам најсреќниот човек на светот, времето кога знаев дека на момент можеме врмето да го застанеме и да уживаме само ние двајца иако се наоѓаме во огромен метеж.
Уште кога ја видов на првиот поглед прекрасно изгледаше и во очите можев да и го видам огнот што го носи во душата на беспоштедната борба за нејзините вредности и идеали што го немав видено долго, долго време. Бев зашеметен и изненаден од нејзината грациозност. Ја видов како храбро пристапува без срам, без респект и како храбро чекори кон успехот. Ме виде и ми се насмевна, ми даде знак дека овој пат заедно со моја поддршка пак ќе успееме и пак ќе се вратиме на славните патеки.
Толку беше.Ми зовре крвта, на момент го игубив разумот. Ме освои за цел живот и вечно ме врза за нејзе. Си ветивме дека вечно ќе бидеме заедно доека смртта не не раздели (колку и да звучи клише) и дека никогаш повеќе нема да ја напуштам кога ќе се најде во тешка ситуација бидејќи и јас така се ставам во тешка ситуација. Добар период од животов го поминав како зомби додека бев разделен од неа. не се сеќавам ни што сум правел ни со кого ни каде. Смислата на животот ми беше изгубена.
Од денес се чуствувам како поново да се родив. Пак вербата и лојалноста кон нејзе ми е на високо ниво само без моите двоумења. Сега одиме до крај. Почнуваме да пишуваме нова заедничка историја. Оваа наша победа ќе биде водилката низ идните премрежја што ни ги носи животот. Никогаш не знаеме што носи иднината но наше е да не се откажуваме и да се бориме.