Не можам да опишам колкав е притисокот врз мајките, и тоа од страна не само на "обични" луѓе, туку и обучени медицински лица. Неколку ситуации кои ми текнуваат:
- педијатар не` искара што му пуштам мобилен додека му зимаат брис, крв и сл. Истата таа, пошто ѝ спомнав 2 пати "антибиотик" во муабетот, ми рече "што се се врзала толку за тоа". Не сме другарки за така да си збориме.
- додека беше новороденче, од др педијатарка добив мн погрешни совети што ќе беа и ептен макотрпни за мене (за среќа знаев доволно за да не ја послушам)
- трет педијатар ни изреагира дека можеби има 1,2 модрици по телото заради наши воспитни мерки или невнимание, втф, не ја сфатив
- да не зборам за искуството после породување и односот на сите вработени, како кон парче месо се третираат мајките
- или за искуството кога го носиш на матичен педијатар и чекаш во чекална со 5 др деца што кашлаат и знаеш дека закачило уште многу др вируси, и кога веќе ќе стигнеш на ред, педијатарката заборава да те праша и најобични работи, од типот дали има температура
Како да знаат дека самодовербата ни е прилично ниска со мало дете и дека би истрпеле све на наш грб. Што е точно. Ама не мора да го употребуваат тоа. Исто во градинка, го носиме ко попчиња, молејќи се барем вода да му дадат и да не го разболат веднаш, барем 3 дена одење да спои. Не смее ниеден родител да искоментира ништо (навидум негативно) таму.
Многу пробувам да се дистанцирам од муабети за моето дете со луѓе што би сакале да коментираат за било што поврзано со него. Едноставно не ме интересираат прашања од типот "кога прооде, дали збори, дали праи вака или онака, дали спие". Не сакам други мајки да се споредуваат и да се натпреваруваат со мене, или луѓе што немаат мало дете да ми даваат забелешки за тоа што е добро или лошо.
Ми испратила пријателка страна со активности што можам да му ги пружам на детето, на пример ако имам време да бидам креативна, или ако имам простор да измокри и извалка се`. Јас знам за тие активности, но пробувам да му пружам работи во склоп на нашиот живот сега и тука. Да, секој ден се осеќам како MOM FAILURE без разлика што правам за моето дете, зошто има и милион работи што не ги правам за него. Секој ден пробувам да се охрабрам себе дека ќе успеам да го истерам денот и дека се` ќе помине во најдобар ред, иако многу работи не сум ни стигнала да ги направам. Цело време ми е во збрка мозокот што МОРА да се направи следно за да се истера денот. Секој ден ми е како Сизиф, буткање и буткање камен на карпа. Стварно е тешко и мора ние мајките да се бодриме самите себе и меѓу себе.