Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.319
Кајгич :love:

Добро бе, кај се раѓаат вакви невоспитани деца?
Ги раѓаат во џунгла или? Родителиве се родители по функција или родители заради тренд? Од децата се создаваат монструми. Ама не се децата виновни, виновни се тие кои треба да ги воспитуваат и кои треба да бидат пример за нивното однесување. Никаков интерес да се учествува правилно во нивното воспитување и растење. Да се нема знаење, ни начин како да им се насочи енергијата, воспитувањето.
До толку ли немаат влијание родителите врз децата, малку авторитет да имаат пред нив, да сфатат децата што е правилно, а што не, што треба да прават, а што не? Како треба да се однесуваат пред нив, па и пред околината?
Едно - две се научиле „многу е хиперактивно“. Во мое време тоа се викаше „немирно дете“, а не „хиперактивно“. А воспитно - образовните мерки кои следуваа, беа крајно освестувачки истиот момент:icon_mrgr: веднаш ни се разбиструваше глава и нештата ни стануваа појасни.

Како е денес?
Денес госпоЖата си пие кафе, неуморно раскажува за нејзината Луј Витон чанта, мува не ја лази. А детото трча по сите маси наоколу, плаче, се дере, само затоа што е хиперактивно :rolleyes:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.826
Поени од реакции
6.429
Вртам по македонскиве телевизии да видам што има ново.

На Алфа - не го пропуштајте, суровоста и најтоплото сцре (хм, шо?) на ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ СУЛТАН Сујлеман. (во гласот на Бетата шо го чита ова се осеќа тежок садо-мазо и желби за турање врел восок по кожа).

Море стоки Александар не го нарукавате Величенствен ама тој шо ве поробил и житото шо ви го земал и куројте шо ви ги сечел и децата шо ви ги земал - тој бил Величенствен. Најјако од се, според остатокот од богатиот програм на телевизијава, чинам оваа ќе да е ултра патриотска. Греота.

Само Светлана Ражњатович за таквите. На Бога камења, не сме фрлале. Од други повеќе, не сме грешеле. Ебаго?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Понекогаш, многу ретко, но има такви зафркнати ситуации во животот, што не се решаваат за ден-два или недела, едноставно знаат малку да потраат.

Во такви ситуации само на две работи се молам.
Првото и најважно е се да се заврши со дрбро, односно крајно проблемот да се реши успешно.
Додека второто, да не експлодирам и во афект оправдано или не да не постапам импулсивно, тоест непредвидливо.
По природа сум питом како маче, но знам и во диво животно да се претворам додека трепнам.
Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Нормално дека ке ми биде топло на -5 и на снег до колена ке ми се чини ко да нема снег кога уназад 4 месеци беше константно -20 и метро и пол снег и мраз,уште езерово да се одмрзне и да знам дека е пролет Screenshot_20220128-103037_Gallery.jpg
 
D

dobramuzika

Гостин
Драга, денеска порачувавме бургери на работа, по грешка пратиле еден плус па ајде за да не го враќаме назад го земав/платив јас и еве сега си го изедов. :love:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.837
Поени од реакции
17.500
Драга

Планирав да возам една стотка, ама ми се појави идејата дека денот ке биде убав, па решив да одам до Кратово. Прв пат во март и воопшто вака рано. Можеби ветерот малку ме разби на моменти, ама чувството после секоја ваква тура ме подсети зошто го сакам возењето велосипед.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
Драга

Конечно ми стигна секс куклата што ја нарачав...
Не знам кој е креаторот, ама секоја чест.
До толку реално е направена, што ми рече дека сака да останеме само пријатели :love:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Во стилот на другарот добрамузика.

Не ми се готви деновиве и од локалната месара земав парче лазања. Бајаги големко испадна - 450 грама + 2 филџани јогурт + 4-5 парчиња хамбуршка и се препукав ко вол. Сега лапнав и 4 индијанки да рипне малце и шеќерот и чекам утакмицата да почне.

Друже добрамузика, ко ќе доаѓам накај твојот град, ќе те барам да пиеме пивце во тоа пабчето што го споделуваш. Позз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom