Драга,
колку сакам да се променам, да се навратам на она што целосно ме исполнуваше и бев задоволен со животот.
Моментално сум човек ладнокрвен, човек без самодоверба, изгубени ми се тие работи што ги поседував. Талкам, без цел, замислувам многу работи, но имам страв длабоко скриен во мене од неуспех, од тоа дали го можам тоа како човек.
Каде сум, незнам, но гледам што побргу да се вратам во нормала, да бидам сериозен до срж и да си ја вратам емпатијата која ја имав. Некако сум осамен целосно, депресијата ја одбегнувам бидејќи ќе се разболам од неа и нема да бидам во контакт со некого. Како да сум тој правиот храбар и решителен, знам ќе се пронајдам сега, ќе ги претрпам сите порази кои ги доживеав до вчера и ќе продолжам понатаму, со чист образ и чисто срце во мене кое чука и она најслаткото, кога сум покрај работите кои ме мотивираат за да постигнам цел. Така и сега, ќе се мотивирам на нешто и решителен сум дека ќе се променам, а планирам и да променам и други работи.
Сакам целосно да забаровам на лошото и да продолжам напред, а исто така и секој друг, затоа што сегашноста е сега и нема да се врати, ќе стани минато, ќе поминат денови, месеци залудно потрошени, затоа ќе направам промена. Од денес ќе ви кажам на сите дека морам да станам човечен (хуман) во душата и ментално да закрепнам, за да ве погледам некогаш некој да ве сретнам со насмевка, каде што ги носите вашите деца во вашите прегратки или каде што ги гушкате цврсто, љубовта ме исполнува целосно како и среќата, затоа сакам целосно да исчезне секое зло и да немаме веќе тажни луѓе. Промената можеме да ја направеме сите, самите со себе прво, па потоа да ги насочеме и другите да се промената на подобро.