TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.419
- Поени од реакции
- 30.015
Вчера попладне ми се јави еден добар другар од детство. Триесет години сме другари, од прво одделение.
Последниве години се слушаме/гледаме поретко, на 2-3 месеци, но блискоста си постои и ќе си постои.
Ми звони телефонот, кревам, едвам збори човекот. Прележал Ковид пред месец дена, инаку вакциниран со ТРИ дози, но и покрај тоа сега има тешки пост-Ковид проблеми, но цел месец не успеал да стигне до специјалист за да се извршат сите потребни испитувања.
Државно здравство, она совршеното државно здравство со блокирани термини.
Дури и во ургентен одел и му велеле штом не си за операција, матичниот да си го бара. Боже мили.
Секако, знае дека сите роднини од страна на мајка ми се лекари во секундарно и терцијално здравство, дел во приватно, дел во државно здравство.
Ме замоли да ургирам за него, со цел некако да дојде до специјалист во државно здравство (бидејќи нема пари за приватно). Ми кажа дека ден за ден тоне, се полошо и полошо се чуствува.
Ми се стегна срце, беше здрав и прав човек, со прекрасни три мали дечиња. Мој другар од дете.
Одма се јавив кај еден мој братучед, одма му обезбеди итен прием за сите испитувања за сабајлево кај него на работа во ГОБ 8ми септември.
Пред десетина минути другарот ми се јави да ми каже дека ќе мора да го хоспитализираат, не чини.
Се слушнав сега со братучед ми, вели ќе го опоравиме, ќе мора да полежи еден период во болница и ќе биде добар.
Драго ми, навистина ми е драго кога некому ќе помогнам. Не барам никаков возврат, дури не барам ниту фала. Таков човек сум.
Но си размислувам колку ли има други како него, заглавени во системот на државното здравство. Трагично.