Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
ДК,

Во длабока мисла се ставив последните неколку дена и ова доста ме мачи. Имам една Лада, па поради санкциите воведени за Русија, дали смеам да ја регистрирам и возам?
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.418
Поени од реакции
13.451
Еднаш еден поет, визионер рече:
Сабота е, пијам сам. Цел ден во кафана, кисела вода. И одеднаш се појави ти. Боже, секој те посакува. Доаѓаш до мојот стол и ме прашуваш дали е слободно? Се прашувам ,,јас ли"? А ти преубава како излезена од сон. Седиш покрај мене, а јас ја пијам само неа - Кисела вода. Ме гледаш. Ме прашуваш, сакаш да идеме до стан, или до авто? Се потам. Ме прашува, ти би сакал хотел зар не? Или пак мотел, зар не? Би те разбил. Ама, цел ден пијам кисела вода. Кисела вода. Не сум лош, не сум злобен, ама ми е жал за себе. Кој хотел? Кој стан? Каде со тебе? Што со тебе? Кога се на мене е лажно, додека се правам важен. Дури и ролексот е фалш, а се правам богат. А ти мислиш ја сакам неа. Ја сакам, оваа отмена кисела вода. Кисела вода.

(е ова сум ја кога имам еден куп работа, измислувам секакви работи само да не почнам со работа)
 
O

onefifty

Гостин
Не ми е јасно до каде ќе иде ова со Инстаграм и девојкиве, апсолутни просеци од девојки со по 10 удварачи минимум што мислат дека се Џесика Алба.
Се гледав со една девојка од јануари навака и кога нешто не и одговара, иде муабетот, ако ти не сакаш, има кој.
Ај еднаш, шала било.
Ај вторпат пак простив ама и нагласив дека трет пат ќе завршиме пошто веќе не го сметам за шала и ми смета.
Трет пак пак нешто не и по ќејф и пак истиот муабет.
Стварно мислиш ме боли кур, ете ти го другиот.
И тоа за апсолутни ситници и тривијални работи, кај да се работи за нешто озбилно, Исусе Кристе, до кај ќе иде забеганоста со овие социјални мрежни и лажни идентитети. Ај разбирам јака пичка, интелигентна и си држи свое, па да ти се прави ама просециве бре ало, немаш ни цицка, ни гз, ни знаеш да се ебеш туку само чекаш и глумиш. Какво ебено лудило.
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Абе што му ја мислат толку овие Украинците. Сега сите маваме украински знамиња на профили на социјални мрежи и #PrayforUkraine и се ќе биди ок.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.012
Добро бе, што се случува во Македонија?
Народот во голема паника, бетер од кога се појави Ковидот. Ви текнува тогаш кое лудило беше по маркетите? Ви текнува, пред две години беше.

Ајде деновиве панично што се испразни брашното, зејтинот и останато по маркетиве, него вчера па и сабајлево што е по бензинскиве пумпи? Страшно.
Од маркетиве влечеа полни колички со вреќи брашно, цели пакети зејтин и што ти знам што. Така убрзани во паника. Среќавам еден постар комшија пред влез, пред некој ден со вреќички брашно натоварен. Го прашувам што е комшија со брашново? Па да има ми вели. Океј.
Молци ќе му фати дома, но окееј. Сакав на шала да му кажам купувај конзерви, тоа се купува ако се спремаш за војна, но ајде во години човек нема смисла.

Вчера попладне движев низ град, како што возев од точка А до точка Б, на сите можни пумпи што ги поминав владееше хаос. Како да од денес веќе почнува војна кај нас, па сите треба да ги наполниме резервоарите до капаче, по некоја туба во багажник и да треба да бегаме од државава.
Сабајлево возев накај работа, иста слика. Колони од коли.

Што ти прави психа. Ова е типично панично однесување на масовно ниво, низ цела држава.
Поскапување да ќе има. Храната веќе поскапува солидно и ќе продолжи да поскапува. Горивото исто ќе оди горе и се погоре. Сето тоа е очекувано и сите го знаеме. Но не е тоа причината за овој хаос. Народот веќе се поремети.
Две години играње со психата заради вирус, сега втора епизода -војна.

Медиумите и социјалните мрежи се фантастични агрегати за сето ова психичко влијание и терор врз општата популација. Шибаат непроверени и фејк њуз како луди 24/7. Едноставно го трујат, го тероризираат народот.
Медиумите ја одиграа главната улога во пандемијата, сега продолжуваат да работат на тема војната во Украина.

Луѓе олабавете малку, гасете тоа смрдливите вести, не дремете по секакви портали. Погледнете се себеси и дишете длабоко. Прошетајте малку викендов, какво и да е времето. Удрете фокус на себе и дишете слободно, зачувајте си ја психата.
Спијте мирно, нема војна во Македонија.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Рандом утрински мисли уз кафе... Си постирам слики од син ми на фејс како си ужива. Ми се полни срцето, така? За него е борбата. Ради него дојдов овде, за да му овозможам сѐ што јас немав...
Во еден момент се почувствував крајно неблагодарно, во светов има милиони дечиња кои минат низ сиромаштија и војна. Ми се распара срцето. Ако нешто сакам во животов е сите деца на светов да имаат исти можности како што имаат скандинавскиве деца.
Кога сме веќе кај војни и деца, се мислам колку е паметна идејата да создадам(јас или било кој) уште еден невин живот во овој брутален свет кој е на прагот на уште една светска војна.

Кафево, црно и горко, како утринскиве мисли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom