Ponoc jeeee, ostao sam opet saaaam
Ponoc je, nikog nema, koga znaam
Srce mi nocas opet tuguje
Jer tvoje reci ne cujeeee...
Инспирација за песнава од мене црпел Жељко, гарант.
Нова година иде, ни да ме дирне, 364 дена сам, па што да не и 365-тиот...
Дури вчера ставив некоја сијаличка низ станов, пуштив Home Alone 2 уз сијаличките, се посмеав малку, али не е тоа-тоа.
Обично самотијата знае да ми годи, бар одморам од лицемерие, глупи или досадни муабети за политика, трачеви, али вака кога идат празници осеќам како самотијата ме јаде од внатре, ме сече ко нож од внатре и ме мачка на леб, така ќе биде и вечер.
Ти ебам тоа другарите што ги имаш, а како да ги немаш.
Што одлучија да ме одјебат зашто ќе славеле со колеги у двојки, што ме одјеба другаркава зашто си славела Нова година со нејзините (25 годишна девојка да седи дома со нејзините?!
), што ме одјебаа и без некоја причина, само со обично "ќе се договориме, ќе славиме, немај гајле".
А курцу ќе се договориме, ќе ве прашувам по пет пати за славење НГ или ќе ве молам сигурно, фала, чао, пријатно.
Во новата сакам само здравје за мене и моите, нови познанства и наоѓање подобри другари и Дедо Мраз, ако не ти е тешко, некоја женска што ќе ми биде travel buddy и ќе прошетаме бар 4-5 дестинации во годината, макар биле и некои блиски шетанки до Врање, Призрен, Солун и Поградец. Не барам многу, нели?