Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.581
Поени од реакции
22.294
Драга,

како дете често кога се возев со мојве се вртеа касети со Македонска музика вкола. Покрај Војо Стојановски и Васка Илиева имаше една касета со тотално друг стил. Група Опус. Добро се сеќавам бела беше касетата со црвено букви пишано Опус на неа. После 20 и повеќе години пак ги открив за мене. Безвременски! Среќа денес постои мп3 и ми се досаптни цело време. Пошто одеднаш ја снема касетата. Се сеќавам на еден познаник му ја позајмивме да ја преснима. Не ја врати. Раката да му се исуши.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.881
Поени од реакции
17.717
Драга

Кога душата нешто сака тешко е да одолееш. (Мало морген сака душата, газот сака понекогаш). Ми се пријаде плескавица и ај од едно место што го фалат дека има добра скара. Беше онака убава, не беше лоша, ама имаше мирис на бајаги зејтин. После пола саат почнав да воздригнувам, виздригнав неколку пати мислам дека го исфрлав целиот зејтин што го имам внесено од летоска. Мајка ми беше направила саларици, па ајде сине пробај, кај да одбијам пробав и тоа, стана уште полошо. Преку ден ја договорив со кумашинот ми да ја седнеме, ми пренесе добра ракија испив 5-6 чаши вечерва очекувам да се журка киселината во стомакот во овој стил:

 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.896
Поени од реакции
40.728
Дк,

Баш сакам да знам што ѓубре од луѓе се оние кои не пуштаат вода во јавни вециња. Врши нужда копитото и не се врти зад себе да види што оставил, да пушти вода, да зачисти. Сакам да знам како размислуваат тие луѓе, кој ги учел така да прават, и на крај да им зденам еден бокс у тоа главата селска.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
698
Поени од реакции
2.284
Јас разбирам во влез или лифт некој да не сака/нема навика прв да ти рече здраво, но кога веќе Ти си му рекол здраво, што му е толку тешко на таа стока некултурна да ти возврати? Милион ситуации кога јас прв сум рекол не ми возвратиле, океј извини ти богу на човечкиот род што ти е тешко со едно здраво да возвратиш небаре устата ќе ти се изеде. Поминува покрај тебе како да е нем. Хк пу.
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
251
Поени од реакции
922
Пишете на надгробната плоча кога ќе рикнам, умре од екипи за монтирање тв+нет. Пред некој ден дојдоа за да наместат нет и ми влегоа со се тоа копуците ХТЗ чизми со кал и сифилис, директно на тепихот. Па добре бе да ви ја ебам мамата, во декември ли да перам теписи со мил и прашок? Не ме интересира следен пат, ќе ги слечат надвор, чорапите во корпа и тие директ во купатило со сапун да си ги измијат нозете. Куќата не ми е продукциска куќа Бразерс, па да се ебаваат како на порното со чизмите на нив.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.895
Поени од реакции
6.170
Драга,

Имав една воспитувачка во забавиште од тие old school учители беше што си го следеа тој jугословенскиот метод на воспитување, а тој беше, нема сакаш, не сакаш, има со сила да направиш нешто. Е, јас бев ист како детено со грашокот, пљукнат е на мене целиот. Не сум ниту сега подобар кога е во прашање јадење...
И знам, воспитувачкава ме тераше да пијам млеко со сила. Ме грабна, и почна да ми ја го истура млекото на сила да го пијам, некако го поттурнав се попаривме заедно со уште едно дете, цели. Таква бесна, не прати дома, да се пресоблечеме, а мене ми рече уште еднаш да не и доаѓам ако не сакам да пијам млеко. Секако, мораше да оди потоа мајка ми, да се објаснува со неа дека џабе ме форсира, кога нешто не сакам да пијам/јадам, нема шанси да пробам.

Пред скоро дознав дека и она е една од жртвите на вирусот.
Во ваше име, учителке, се напив јогурт, затоа што, како што ви реков пред 20 и нешто години, млеко не пијам. Почивајте во мир.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.431
Поени од реакции
5.876
Кој ќе ги трпи сите тие пораки и јавување вечер кај што со сила треба будала да се правам...дај нека помине денов што е можно побрзо у пичку матер веќе.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.874
Поени од реакции
21.720
Драа

Ск пред избори ни га реновирасфа тротоар и улицу, али па затој постројку гу откорнасфа и гу остависфа такој бе, замисли.
Паааа ваљда да има што да се праи следеќи избори.Да има што да се прави? Море ремонт на целу државу ни треба!

20211230_140113.jpg
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.714
Поени од реакции
35.466
Кајганке :love:

Секоја година во градинка имавме Новогодишна приредба. Доаѓаат родители, баби, дедовци, вујни, стрини и на крај доаѓа дедо Мраз и на сите дечиња да ни подели пакетчиња. Заедно со пакетчето следуваше и сликање, седнати на коленото на Дедо Мраз.
Една таква Нова година, на една таква приредба, облечени во најсвечената гардероба што ја имавме, требаше да дојде Дедо Мраз. Наставничките не тераа да пееме некои детски песни, да играме оро, ама кому му беше до пеењето и играњето, сите со главите свртени кон вратата чекавме да дојде Дедо Мраз. Конечно дојде долго очекуваниот момент, пристигна нашиот Дедо Мраз :pipi:
Сите во колона по двајца, чекавме да дојде нашиот ред да добиеме пакетче. Се приближуваме до Дедо Мраз, јас и мојот другар Диме фатени за рачиња (таков беше редот, машко - женско за рака по двајца) и престанав да дишам. Очите ширум отворени, во шок и неверување, ни на сон неможев да замислам дека славниот Дедо Мраз да ти бил нашиот служител (домаќин) Спасе (инаку мој комшија):shok2:. Веднаш ми се сруши сонот, белобрадиот дедо кого со душа го чекав, за кој верував дека постои, не бил никој друг, туку мојот комшија. Со тешко срце и разочараност го грабнав пакетчето, со намуртено лице и солзи во очите се сликав со Спасета и истрчав право кај татко ми.
После тој момент уште долго, долго моите ме убедуваа дека всушност Дедо Мраз задоцнил, па чичко Спасе морал да го замени. Одбивав да им верувам:pipi:

П.С. На сите кајганџии и кајганџики, им посакувам се најубаво во новава 2022 година. Повеќе матење кајгана. Да бидете живи, здрави, весели и насмеани, затоа што единствено тоа е важно.

П.С.С. Дедо Мраз, ако си ја заборавил адресата, кажи да ти ја препратам:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom