Од другите вести вчера бев на забава *Балканска вечер*. Предлог од една Босанка. Се облеков цел во црно, тргнувајќи од црни гаќи, до црни пантолони, црни чевли, црна кошула, над неа црна плетена блуза. Финиш со црн волнен капут долг до под колена.
Ги пуштив и косите долги, исто црни. Се сретнуваме со босанкава и таа цела во црно. Црна кожна сукна, црни чизми, тоа од горе како проѕирен корсет незнам како го викаат жените, бустие? исто црно. Ко за на погреб сме се облекле и двајцата - и велам. Па балканска вечер е, да се надеваме дека нема да си чукнат по некој бокс - ми врати.
Одиме таму, со протекции фативме најубава маса. На журката од Срби до Хрвати, Босанци, меѓу нив јас Македонец, па се до Албанци на една маса таму в ќош. За мое изненадување не се зашибаја. Се испијанија (јас поминав ок со 5 чаши црвено вино и измеџу шотс). Музиката од српско, до грчко, па и албанско. Ко зедоа да играат, од мешање со колк - момите, до мешање со рамена - суртуците. Во еден момент една мома вртеше чочек со мојта кожна црна нараквица и во некоја временска точка ја загина. (за мене непозната временска точка, на шанкот имаше згодна германка и јас морав таму да го пијам виното и да ја шармирам на македонски - не знам да зборувам ама знам да лапам фазон) При крај на журката оваа другата ја најде нараквицата под сепаре, па ја бакнав во образ. Се на се, ок луѓе.
Јас самиот им бев баш јака појава, не очекуваја дека тип како мене би се појавил таму. Ама ете јас имам отворена душа и широко срце, па ги почестив со мое присуство. (Не)пријатно е кога те пулат толку моми, а богами и пар збунети момци, ама тоа е. The looks ги имам од мама и од тоа нема бегање. Нареден пат ќе ме носеле во Баден, таму се правеле јаки журки.
Коса миев х2 денес, и уште копа на цигари.
Ко ме фати виното почнав да ја мислам Монро, еве незнам. I pretend I'm not hurt and go about the world like I'm havin fun. Mary prays the rosary for my broken mind.