Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Изгледа јас ќе горам во пеколот, оти сум првиот во 5 генерации што го запостави овоштарникот и лозјето, и мразам да се врткам околу казанот со ракијата
Кога ќе ми текне кои чешити ги правеа: цела соба профи спремната со казан, бетониран и поплочен мераклиски со мермер, казанот и вулите (цевките) ги нарачувале дури од Србија оти тукашните не биле добри, стаклени садови за чување и чат пат нарачуваа дрвено буренце демек таа за посебни пригоди, па комињето ќе го тантелат со недели.
Па дури ја печат ќе удреа на филозофии, политики, па чекај не само ракија ќе правеле и мастика, па не само бела и жолта, па чекај сливовата ќе ја препекуваме...
Па филозофии на колку степени требало да се тргне, 54ка да легнела на 52, па другиот не ја сакал толку јака ќе правел 50ка да легнела на 48, па ќе се натреваруваат која била подобра...
И кога сум морал да помагам околу процесот, не ми било кеиф, а не верувам ни дека некогаш ќе посакам да се заебавам и да ги правам овие чешити. Немам ни некој посебен мерак за пиење ракија, повеќе да не кршам атер на друштво. И ретко верувам на тие што тврдат дека ја разбираат, оти намерно сум им претурал тиња ракија од по 100ка и пак се правеле бербат.

Последно уредено: