Јас играм WoW на 28 години и не се срамам да го кажам тоа. Да луѓе гејмам, доаѓам дома од работа, јадам, одмарам и ако не искочам гејмам или гледам филм, фудбал. Луѓето во Македонија се затупени во поглед на тоа дека го осудуваат тој што гејма дека е дете и дека нема живот. Моите другари се навикнаа, ама овие со кој работам секогаш кога ќе слушнат дека сум гејмал се изненадени како може некој на тие години да гејма, сум бил дете, неозбилен. Секогаш слушам навреди или погледи кон мене поради моето хоби. Не разбираат дека гејмањето е дружба исто како и одењето по кафичи, кафани... Гејмањето е забава, исто како што е секое хоби, искачање.
Тие што играле WoW знаат што е тоа guild, тоа е како екипа во која членуваме и преку нејзе се собираме и играме секоја среда и недела од 20 часот. Во тој guild неколку години бевме отприлика истите 15 души, машки, женски (да и женски гејмаат и тоа не знаете какви пички гејмаат), деца, возрасни, христијани, муслимани, европјани, американци, арапи, педери, не педери. Други доаѓаа и си одеа ама тие 15 души си бевме верни едни на други. Си вадевме пивцето, џоинтот, грицките, дискутиравме, се смеевме, слушавме музика и се тоа дур гејмавме. За моите комради во гилдот знаев се, се си кажувавме, такви врска со некој од моите другари тука јас немам, тоа беше нешто посебно. Кога им кажував на луѓето надвор од играта се чудеа како може толку некој да е близок преку игра. Некој од нас се запознаа и лично иако сите бевме од различна држава. Се запознав со србинот од Ниш и со гркот кој дојде од Атина до Солун само за да се запознаеме, тие ми беа најблиску ама да имав можност со сите би се видел лично и би се убиле од алхолхол. Тие другарства што сум ги направил на Wow се уникатни, тој што не гејмал не ги осетил и не знае какво е тоа гејмерско другарство.
Летово беше разочарувачко оти одлучивме да стаиме крај на гилдот, дел сакаа да пробат нешто ново во играта и да одат во друг гилд, други сакаа да направат пауза поради приватни причини и бидна крајот. Се осетив како дел од мене да згасна тој ден. Мал дел престанаа да гејмат, другите се раштркавме по други гилдови. Јас влегов во гилд со моите комради од Грција, Мароко и Индија. И мора да признам дека не е тоа тоа, да нови познанства ама првите другари секогаш остануваат најбитни.
Претходната недела се собравме скоро сите на дискорд, си комунициравме цело време ние ама овој пат решивме сите од еднаш да се собереме. Чувстовото беше необјасливо, како да имаш браќа и сестри во странство и послем подолг период се собирате. Многу смеење, радости и многу нови вести. Кој со нова работа, кој се преселил, кој се верил, кој се оженил, на кој му се родило дете и најдобрата вест е што еден пар од гилдот се вериле, Германка и Србин од Берлин. Ова беше вториот пар, имавме и Италјанци кој беа во брачни односи ама тие беа уште пред гилдот во односи. Исто така во друштво имавме татко и посинок Американци ( како е stepson на македонски
) кој беа тие што го формирале гилдот како и брат и сестра од Романија.
Некако со тешко срце го пишував ова оти ми фалат тие денови кој ги помнував со нив.