Иииии сега од кумооот печено прасе на жар за среќната двојка да се живи здрави и да имаат бериќетен живот. Едниот келнер го носи дигнато на глава толкаво прасе, цело залоено тече мрснотии од него. Другиот оти е повисок директно под испотената мишка му доаѓа, тоа изгледа за свекрвата ќе го чуват.
Не озбилно, јас сум еден од најголемите мераклии за свинско месо. Кременадли, колбаси, плескавици, чварки буквално се од свинско месо е перверзија и не постои месо шо може да му биде конкуренција. Али никојпат не ја сватив поентата на ЦЕЛО печено прасе, се губи цел шмек на самата храна и плус пола се фрла.
По сељачки свадби за ефект кај шо го ставаат на масите, и некои камионџии и дијаспорци шо го стават по фб чисто за да се пофалат, а 50-60% од месото ќе го фрлат.
Седнале 6-7 ќелави џамбази у некој двор, стомаците у офсајд, сомнителна ракија варена во 120 годишен казан во Росоман, сите во бели рамбовки со по некоја жолта дамка на нив, влакништа под мишката дезодорансот бега од нив, и се сликале со толкаво прасе на масата цело мрсно свети на сонцето од милион литри зејтин.