Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.192
Кајгич :love:

Покана за првоодделенска прослава

Повод: Тргнување во прво одделение o_O

Искрено не можам да се начудам од каде им доаѓаат идеиве на луѓево.
Детето тргнувало во прво одделение, значајно постигнување. Не знам кој се радува повеќе, децата или родителите. Да, верувам дека е среќа и посебен ден за родителот да го испрати своето дете на прв училишен ден, ама зошто се потребни вакви циркузи. Па организација, јадење, пиење, покани, гости, баби, вујни, тетки, стрини, кумови, комшии.
Зошто таа мала семејна радост не се сподели во кругот на најтесното семејство?
Зарем радоста ќе биде поголема, доколу се покаже на светот дека имале да стават 100 балони пред врата, торта на 3 спрата со натпис „Среќно, честито бла бла“, детски декорации низ цел двор, гардероби на себе мислиш ќе одат на свадба, цел циркуз без никаква цел, а уште помалку никаква потреба.
Учете ги децата на вистинските вредности, утре да прераснат во вистински луѓе. Тоа е успехот. Не е успех запишување во прво одделение.
Советувајте ги децата да знаат што е делење и другарство. Тоа е успехот. Не е успех запишување во прво одделение.
Оставете ги децата, самите да се изборат и оспособат, не им сервирајте се на тацна, не им пишувајте домашни задачи, не им цртајте цртежи, не се борете со другите мајки и татковци, кој направил поголема и погламурозна забава. Тоа е успехот. Не е успехот запишување во прво одделение.

Денес за жал има родители кои нема да можат нити нови патики да им купат на своите првоодделенци. Не затоа што не сакаат, туку затоа што не се во можност. И наместо да мислите каква боја да бидат балоните на вашата прослава, за вашиот првооделенец. Ставете го прстот на глава и размислете, што всушност правите Вие за вашето сопствено дете.
Не се виновни децата, виновни се родителите:pipi:
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
ДК се неаме одамна чуено.
Дојдов да ти кажам дека лето 2021 беше дефинитивно so far најјако икада. Го почнав без некои очекувања со рандом план да одиме со другар на Exit, ништо сериозно, колку да разбиеме монотонија, а и планот не ни беше сериозен. Не ни верував дека ќе се деси. Испадна недела дена пред одење да ни упаднат во планот уште еден другар и другарка и решивме дека дефинитивно одиме. Тргнавме исто без никакви очекувања, знаејќи дека таму има уште група 20 охриѓани со кои се знаеме, ќе има склопки, дружба ќе биде интересно. Само што стигнавме таму, се осети друг вајб и дека таму сите се расположени за дружба, отворени за запознавање и никој не е отиден за нашето "лабаво". Веднаш и ние излеговме од тој мајндсет и влеговме на фестивалот со две нозе. Проводот таму во секој момент беше 10/10 и најдоброто од се беше што се запознавме со могу луѓе. Од навијачи од River Plate, со кој мењавме стикери до рандом бугарки со кои пола сат правевме муабет на англиски додека сфативме од каде сме. Врвот на вечерта со нив беше кога на заебанција им рековме, ние сме бугари и тие кога ни одговорија со "епа и ние сме македонци". Се на се муабетот ми беше дека луѓето таму не се замараа со политика, и сите таму беа едно исто, дојдени со иста цела и луѓето ги делеа само на луѓе и не луѓе. Подобра енергија од тоа што го почувствував таму, мислам дека го немам никаде осетено.

Се вративме Охрид, уште под импресии во друштво кое и онака со години живееше во некоја "комфорт зона", не беше толку расположено за журки, да не правиме муабет за запознавање на нови луѓе. Згора на се тоа година дена корони и локдауни, во друштвото владееше атмосфера на тотална депресија. Но не дозволивме да не пушти гасот што не држеше од Нови Сад, па повлековме конци истото да го продолжиме во Охрид. Им ги раскажавме сите детали од тоа што се случуваше само и како да беше пишано да се врати младоста во нивните души или сфатија дека многу пропуштаат на ебени 24 години и решија и тие да се пуштат во провод. Првото излегување во Охрид на плоштад најдовме рандом пољаци, кои случајно не прашаа да им понудиме добро место каде што можат да одат да се напијат и забавуваат. Порано само би им дале дирекции каде да одат и чао, пријатно, а сега другарот од кој најмалце очекувавме такво нешто им кажа, "АЈДЕ СО НАС". Пољаци како пољаци, секогаш расположени за дружба тргнаа со нас, а мене од претходни искуства со нив ми се дефинитивно омилен народ, па веднаш знаев каде ќе оди вечерта. Тргнавме со нив 2ца, завршивме на крај со други рандом 30 пољаци кои беа на еразмус проект, а немаа никалва врска со овие наши 2ца. Можам уште многу да раскажувам за вечерта но поентата ми беше да ти го раскажам цело лето. Ова беше само како интро, за да знаеш како почна се и како ми се ослободи друштвото.

Потоа другарот со кој бевме Нови Сад, замина на Еразмус во Грција и од таму се врати со 10 нови познанства со кои го поминавме пола лето. Се запознаваа нови луѓе на дневна база, се работеше и журкаше во исто време, а јас споив 80+ сати без спиење, во кои на вечер бев по забави до 8 сабајле, па директ на работа. Прославив легендарен роденден кај што официјано не поканив никого, а се појавија над 100 луѓе. Имаше луѓе од Франција, Англија, Холандија, Словенија, Грција, Кипар, Скопје, Велес, Прилеп, Виница и кој уште знае, 50% од луѓето што беа присутни ги гледав прв пат во животов. Дешавка за која се зборуваше две недели подоцна. Се тоа се дешаваше до пред една недела, а јас конечно стивнав и имам време да се свестам што всушност се дешавало прошлите неколку недели, без јас воопшто да бидам свесен.

А за крај како шлаг на тортата, аплицирав на неколку Еразмус проекти и веднаш бев прифатен на еден, за кој денес ми стигна потврдување. Премногу сум среќен што конечно ќе можам пак да патувам некаде после долго време, а и што ќе продолжам да живеам со тој мајндсет на запознавање на нови луѓе и стекнување нови пријателства, бидејќи во прошлиот период сите заборавивме на емоциите, блискоста и човечноста која уствари не прави да бидеме луѓе. Се надевам дека до следно лето животот ќе се врати во нормала и ќе можам да го повторам ова на х10 гас. А до тогаш ЛЕТО 2021, ти благодарам за се, дефинитивно ќе бидеш летото што ќе го памтам за цел живот, и кога ќе се спомне оваа глупава 2021 година, ти ќе бидеш првото нешто што ќе ми доаѓа на памет.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.957
Поени од реакции
8.141
ДК,

сета среќа што постои 1ви септември, па малку да видиме од модерните мамички и нивната креативност во избирање имиња за нивните деца.

Пример Лукијан

лук и јан

лук и јан

прејако
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.208
Драга,

после неколку месеци стрес, напорна работа и многу труд време е за малку одмор пред новите задачи. Има нова сезона на Good Girls :tvg:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.268
Поени од реакции
2.016
Кајги,на кој не му е добар денот му препорачувам да пушти видео од Зајко како зборува англиски.Одма ќе се орасположи ради смеење. :pos:
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Драга кајгана, на сите деца им посакувам успешна нова учебна година, да бидат се пред се здрави и живи.
,,Кон патот на успехот, одиш само ти, а господ те води на правиот пат". - Добро утро!
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Вчера случајно фатив дел од Бекстејџ на Телма. Едно пола емисија утепаа на анкета по Скопје "Дали сте за враќање на Врчак на естрадата?"

Не им ја следам често емисијата, не знам дали и за други бивши ѕвезди имало вакво нешто ама фер би било да се направи една анкета "Дали сте за враќање на Арчи на естрадата?"
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.480
Поени од реакции
4.308
Драга кајгана
Денес дознав дека во СССР у втора светска војна има оклопни ховер сноу-мобили. Тако звана аеросанка.
Не знам што да праам со овој факт освен да го споделам оти сега се ми делува поразлично....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
Кајг,
јас пак вчера прв пат видов рунтави свињи и прасиња со волна на себе, унгарска раса, одгледувани во Јокширска област за продажба на Јапонија, не ми се верува дека постои т.н. овчарско прасе (sheep pig)!

...запознајте ја Мангалица! :aplauz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom