Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.652
Поени од реакции
8.255
Кајгано,
Знаеш дека сум човек веќе пред пензија, ама се трудам да одржам некое ниво на непредавање! Нејсе, некни работев една обична работа и поради градежни работи на почетокот на трасата, сменив и почнав да го работам проектот од крај накај почеток! Е, ама со тоа и сменив рака и нога на која е тежиштето при работата :toe: За подарок добив некое запалење на мускули, па после тоа и нерв и сега едвај стапнувам на едната нога:( Цел за*бан со таа ситуација, добивам известување дека сум добил еден средно добар тендер:eek: Прва мисла ми беше, а да можеше да се трампа тендерот за здрава нога;)
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.844
Поени од реакции
6.454
Драга,

Денес ме мачи мислата, дали сум мазохиста ако to put it sort of indirectly ценам жени шо шефуваат?
Шефицава на работа е шефица во секоја смисла на зборот. Кога се качува на оддел сето останато од страна на персонал трча ко стампедо и се крија во која и да е соба, ќош, саксија, фриждер, шкаф, вц.
Денес едно кутро девојче ја беше почнало паузата во 9 часот. Стандардното правило вели - паузата трае од 8 или од 8.30 - мора да трае 30 минути и да е на потегот од 8 до 9, надвор од таа временска рамка не, безразлика колку сте биле зафатени пред тоа и не сте можеле да седните на пауза.
Го фати девојчево кај што прави пауза од 9. Се вртиме со една колешка да видиме дали стварно ќе ја скорни од пауза - се слушаше мрморње од врата, ама за чудо и се смилува.
Иди на кај мене - византиецу ти имаш оваа и претходната недела прекувремено часови. Денес да си заминиш 40 минути минимум порано. Ќе разговарам и со други колеги за да се уверат дека си заминал на време.
Додека се околу мене веќе се беше разбегало, јас ја гледам во очи и си велам, spank me mom.
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
916
Поени од реакции
2.563
Велат дека ако го скријаш роденденот од фејсбук никој освен мајка ти нема да ти го честита... стварно било така... :O :noze:
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
793
Поени од реакции
1.666
Драга Кајгана
Избегај си и ти од државава оти ќе те изедат.

Навистина,луѓето тука се тотално неподносливи станати.Било каков обид да направиш нешто корисно,па дури и само кога ќе спомнеш нешто,веднаш наидуваш на ароганција,глупоќа,простотилук...
Секој си го прати својот нарцисоиден интерес.Нема тука дилема.Дури и домашните се такви станати.Нема разбирачка ни за најосновни работи,а камоли за некоја поголема,побитна работа.
Со луѓето почнав се повеќе и повеќе да ќутам.Така најлесно си поминувам.Ама и тоа не решение понекогаш.
Не знам вака до каде ќе се оди,ама се повеќе сфаќам дека заминување од државава е најидеалното решение.

BTW Поголем,поиритирачки трол од Tyrael не постои периодов на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom