Драга Кајгана (виртуелен дневник)

K

Kitsune

Гостин
Прееска наминав до старо маало со некои пријателчиња да сроламе нешто. Се напушивме добро и почнавме да се потсеќаме на некои искачања кога сме се враќале земја пијани и нашмркани и почнавме да се смееме како луди.
Арно ама се најде нешто што од секогаш сум мразел, заебани комшии.
Бевме на тераса и старава идиотка не слушала што збориме. Свртела на татко ми. Овој ми се јавува за да ми соопшти до кој степен е оваа глупа. Она немаше поим дека на сите нашите знаат за тие работи и дека се тоа се дешавало пред повеќе од 4 години. Но нема врска. Не знам само што ќе направат моите ако им каже тоа што кажала. Ниту сум малолетен ниту живеам со моите. Сигурно нема да ме истепаат или казнуваат. Можат само да се чудат колку пролив луѓе постојат на светов
За кој кур се јавуваш кај татко ми за џабе освен ако немаш потреба човекот да ти поправи нешто низ дома. Ниту кафе не пиеш со моите иако сте комшии 40 години.
Е тек после беше интересно, кога и се симнав да и се развикам и и плеснав се у фаца
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
d....lapnav denes 400 E, eve i so zborovi cetrstotini evra, e kako i za sto.
Pred pola vek,(nie koj nemame pojma sto e zemja) tatkomi i jas sme kupile nekoe lozje tamu nekade kade sto poblizu ima djamija a podaleku crkva.
I toa tocno nekade 786 kv,aj da receme 800 kv za 400 E...ej pa toa go nema ni vo Psaca.
A sto da mu pravam koga TIE mi nudat samo 200 E,pa edvaj stignavme nekako do POLA E kvadrat.
Aj ostani mi so zdravje,ja nosam zenami sega na pivce i kebapi vo sporstka meana.
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.146
158 плускавци на нозе имам од чизмите шо ги носев денес. Добро сеа, не носев чизма онаква ко шо носат оние кои се искачуваат на Монт Еверест, ама сепак ме жуљаше ептен, и истрпив некако држ недај... ама затоа дома доаѓање - на палец плускавец, на пета, од страна, на другата нога исто. Сеа треба да седам дома 3-4 дена да зараснат раниве пошо стапалава ми се лом. Не ги носам више, ќе ти ебем и мода и све, облечи си патика ко господин чоек... ќе градам имиџ сеа на курофффф шо би рекол Джонтра
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.181
Можеш да бидеш "чаша полу празна" или "чаша полу полна" тип на човек, ама реалноста е дека се потешко и потешко се наоѓа нешто позитивно, нешто што ќе предизвика подлабока продуктивна мисла, идеја или позитивна искра во државава. Проклето е тешко било како и било каде во дигиталниот ни македонски свет а богами и во "физичкиот" да се најде нешто каде што "полното, белото, доброто" преовладува. Се повеќе и повеќе потпаѓаме кон канџите на Empire, само Darth Vader се мења и се чини дека секој Вејдер е апгрејдирана верзија на претходниот.

Скоро невозможно е да се најде некоја подлабока перспектива и позитива кон животот во државава на некој етички, когнитивен и душевен облик, а да не се оние површни глупи темплејтирани/калапирани кревачи на допамин од дигиталната сфера, со празни и смешни флоскули како тоа ти "треба да го зграпчиш денот", во голем дел алудирајќи на некоја фитнес или пак корпоративна дисциплина, луѓе кои немаат проблем да јаваат кон "она што е актуелно" во социо-политичка-општествена сфера. Калапирани, уштекани во матрикс, предвидливи, примитивни, водени од трибално его копи-пастиран преку ДНК.

Се повеќе и повеќе луѓето викендите "вентаат/луфтираат" мозок за да можат да го издржат теророт кој следува од понеделникот. Ретко кој вистински живее... оној што неговото "живеење" ти го плеска во фаца, практично не "живее" вистински туку само креира вештачка слика за својот живот без никакво продлабочување на когнитивен, филозофски план. Самата егзистенција и самиот живот му се лажни. Дури и оние што "живуркаат", се чини дека тоа го прават со некоја задна злобна и фраудулентна намера/цел.

Мислам дека сите ние сме проколнати од тој македонски синдром. Каде и да избегате, колку и да се индивидуализирате и да се претопите во нешто друго, вие пак ќе имате некаков допир со македонската реалност во текот на денот. Може да сте дури и 2ро колено на деца нашинци иселени, пак колку толку Македонската реалност ќе продре во вас макар и како pop-up еднаш во денот. Освен ако не сте исклучени скроз од матриксот наречен социјални мрежи нели, или ако не можете да перцепирате ствари длабоко и вон граница на вашите пет сетила.

Невидена појава. Дури и до толку сме себе-деструктивни, што од својата пропаст, ние креираме микро допамински и скроз деструктивни entertainment зависности - шприцеви кои масовно ги инјектираме, по веќе проверените дигитални методи. Занимавајте се вие со допамински шотови додека ѓаволот ви ја загрева вилата и кога тогаш ќе ве земе во неповрат.

Дали тие допамински шотови (преку социјални мрежи) кои во континуитет веќе повеќе од декада ни се случуваат се сценирани, реални или пак сосема случајни не е важно. Допираат до тебе и твојaта психа, не можеш да се дистанцираш, макар и како pop-up ќе ти пушти коренче во тек на ден. И ти секојдневно го искоренуваш и мораш да ја чистиш твојата "ментална градина" не само од генералните животни стресори, туку и од македонската дарк реалност. Трошиш енергија (кој повеќе кој помалку) за тоа отстранување. Тие допамински шотчиња сјебуваат животи, стагнираат сеопшт прогрес и копаат дупка од која нема бегање. Жив песок.

И од погорната поделба на типови на луѓе, ние дојдовме до една парадоксална ситуација. Според нашиве соседи, ние не сме нација, не сме специфична регионална етнолошка и културолошка единка нели, немаме ништо. А имаме патентирано нов ендемски вид на когнитивно битие од трет тип - "си се смеам на сопствената (во смисла македонска) пропаст, не превземајќи ништо", односно "се давиме во една капка од инаку 99.9999% празна чаша". А немаме нација нели, значи, технички, не би можеле да го патентираме како феномен таа наша еволуциска точка како хомо сапиенс.

Во многу сегменти и аспекти кои се научно потврдени, неофицијалната (не ни може да се измери) перцепција и јавното мнение на сопствениот народ (кое денес е достапно буквално со клик на маус) за сопствената држава и процесите во неа, во очите на други држави, се во често многу побитни од самите економски параметри и официјални статистики на истата држава под опсервација. И во многу случаеви, општото па и конкретното мислење (за дадени општествени институции и процеси) на Франција (пример) врз нас се темели на она што "ние самите го мислиме за себе си", многу повеќе од објективните мерливи параметри. Мислам ова е заебан круг од кој веќе е одамна невозможно да искочиме, не само заради она его-driven "спас на Македонија или спас на нацијата или македонски идентитет" премиси и флоскули, туку и заради нашето длабоко душевно постоење како индивидуи на еден подлабок начин, ослободен од било какви етикети на стадо.

Што е најдолно од се дури и искреноста како вредност тотално ја загуби битката. Денес е застрашувачка помислата за многу луѓе да бидат искрени, како кон себе така и кон другите. До тој степен што дури (лупам) и на келнер кога ќе го прашам "што ви е најдобро од менито", не верувам едноставно. Океј, може лош пример, ама сепак, you see my point.

За крај, едни викаат дека човекот се раѓа како празен лист хартија, други како волк и тн. Па искрено боље да се роди директива како волк, пошто во 2021та во Северна Македонија од празен лист хартија ќе стане хипер крволочно ајкулиште.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Среќен месец на сите женкс* и сите што се идентификуваат како женкс*

1614672347317.png
1614672358744.png

*=Кои не се единствени луѓе кои имаат менструации или раѓаат
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.013
Моето последно патешествие во Хонда Скопје.....официјален сервис

Вчера решив да си ја однесам колата на редовен сервис....уље, филтри......
Колата е сеуште под гаранција......па не ми се носи било каде.
Пред се, имав закажано термин во 10,30. Стигнав точно на време.......ја превземаа во сервис дури во 12......наместо во закажаниот термин.
Сменија се што треба......си платив и седнав во кола да си одам.
Прво почна повремено да ми трепка индикаторот за висока температура.......уште на излегување од нивниот паркинг. Еден од сервисерите беше на паркингот......и го викнав. Лагано ми одговори......ништо не е, од што ја закачивме на компјутер.....акумулаторот сме го ослабиле, ќе престане за некој километар. Викам немогуче, нема логика.......али ајде сепак мајстор ти кажува, имаш доверба.
Возам низ град.......кога оооооп......гледам од лево сказалката за температура скока горе-доле..........на првиот паркинг застанав. Дигам хауба гледам има антифриз. Почнувам да пцујам како кочијаш......истовремено ми врие главата.
Ја палам пак.......тргнувам и почнува да пишти на звучници.....и добивам звучна порака од компјутерот......дека колата влегува со сигурносен мод.....истото го читам и на екран.
Вртам круг и се враќам назад во Макпетрол.........колата во сигурносен мод вози 30км.....гази ја папучата до доле, поише не оди......компјутерот ја лимитира на 30км.
Пуштени 4 жмигавци и се влечам накај сервис.......нервозен до максимум.
Се враќам и ете ти го сервисерот што ја работеше, излегол да внесува некоја кола.....ми дига раменици....што е? Го игнорирам и го барам шефот на сервис......му кажувам што е маката......лагано ми вели седни, напи се кафе.....изгледа нешто им истекло на страна додека ти ја работеле. Нејќам кафе.......седам и чекам.
Чекам уште еден ипол саат за да ја прегледаат...имале работа....после, ми кажуваат дека им истекло уље врз конекторот на сензорот за температура.....го одмастиле и сега е во ред.

Е не може бре така во официјален сервис........не бива тоа и не проаѓа таква грешка....барем не кај мене.
Се качувам кај шефот и барам официјален извештај писмено да напише.....за грешката на неговите сервисери.
Прилично се вознемири кога му го побарав тоа.......почна да ми нуди попусти за наредни сервиси, ваучери за гориво и слично. Не отстапив од барањето......пиши извештај, поштено плаќам.....поштено ќе работите.....официјален сервис сте.
Го искуца извештајот, се потпиша......и попарен ми го врачи.

Јас лично ништо нема да добијам со тој извештај......но ќе ги информирам со факти тие што се над нив. Испопратив мејлови со скен од фактура и извештај......до Хонда ЕУ, Јапан.....сегде......со сите можни податоци за колата. Добив за околу пола саат......одговор од Хонда ЕУ дека ќе биде разгледана поплаката.....и дека ќе се постапи по неа, за што ќе бидам дополнително известен.
Нека сносат санкции.......вработиле таму кому иде....деца.........СРАМОТА!
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Замисли, не го читаш Луј Фердинан Селин затоа што бил наци. Вториот до Џојс или паралелен на Џојс, не знам.

“so many vaginas, stomachs, cocks, snouts, and flies you don't know what to do with them ... shovelsfull! ... but hearts? ... very rare! in the last five hundred million years too many cocks and gastric tubes to count ... but hearts? ... on your fingers! ...”
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Ако се осеќаш глупаво и осамено, нека ти текне дека пред 20 години имаше обични луѓе на кои светост им беа Бранко/Љубчо
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
ДК
ако нешто ми прави убаво чувство тоа е неочекувана и случајна љубезност. Ја наоѓаш обично кај што најмалку очекуваш: на фрижидер со благо во Рамстор, на пријавница во рандом институција...
И тие насмеани и љубезни лица ми го разубавуваат денот со спонтани и пријатни реакции.
Ми текнува на случка кога ми падна табличката на колата на граничен премин..Полицаецот ми вели не може вака да поминете... Јас му велам па тогаш да ми помогнете да ми ја наместите... Ме погледна малку бело, се насмеа и ја намести.
Малку љубезност е голема доза на позитива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom