ДК
Имам еден ретардиран другар што слуша фински фолк метал и сака такво нешто да му свири на свадба. Ај пренеси му дека ќе биде запален од татко му уште кога ќе го изусти поимот фински фолк метал, чисто да не заборавил како стојат работите.
Шала на страна и мене ова свадбиве ми се безвезни. Мислам, свадба ко чин е супер, него нашево македонско е ептен претеризам. Ќе напраиш цирка 10к евра трошок, ќе изнакупиш скапи одела/фустани кои никад нема да ги облечеш, или од свадба на свадба сеедно, ќе се сликаш со 300 души лажно насмеан а во себе умираш од што те стегаат кондурите и што си умирал цел ден по црква, матично, земање невеста и слично, нормално тука неизбежно е бацувањето по три пати во образ близу усните од страна на баба/тетка/вујна/стрина, притоа нанесувајќи на тебе еден тон чкартен кармин, буѓава пудра и здив помешан од родео меко, брља, лук и кармин, ќе играш испотен на милион македонски ора од кои знаеш само едно-правото ама мора да играш пошо третата братучедка на мајка ти кој патем прв пат ја запознаваш на свадбата ќе зборела по роднини дека младожењата не играл, па накај 10 одиш од маса на маса на сите да им посакаш пријатна вечера исто така со лажна насмевка пошо веќе ти се умира и се ти е смачено и уште мал милион досадни работи и сето тоа за да напраиш мерак на пола и више роднини кои патем прв пат ги запознаваш на денот на свадбата. И за да биде комплетно се, после свадбата едно недела дена ќе ти одат на гости за да те прашуваат како си поминал, истите тие кои биле присутни на чинот наречен свадба. Би ги запалил со керозин без око да ми трепне.
Една од малкуте добри работи кај коронава се токму шугавиве свадби и неправењето на истите, ќе глеам некако побрзо да се оженам за да ги избегнам ритуалите што ги набројав погоре.
П. С. Ако не тепа вечер Интер ќе се обесам.