Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
ДК

Имам еден ретардиран другар што слуша фински фолк метал и сака такво нешто да му свири на свадба. Ај пренеси му дека ќе биде запален од татко му уште кога ќе го изусти поимот фински фолк метал, чисто да не заборавил како стојат работите.

Шала на страна и мене ова свадбиве ми се безвезни. Мислам, свадба ко чин е супер, него нашево македонско е ептен претеризам. Ќе напраиш цирка 10к евра трошок, ќе изнакупиш скапи одела/фустани кои никад нема да ги облечеш, или од свадба на свадба сеедно, ќе се сликаш со 300 души лажно насмеан а во себе умираш од што те стегаат кондурите и што си умирал цел ден по црква, матично, земање невеста и слично, нормално тука неизбежно е бацувањето по три пати во образ близу усните од страна на баба/тетка/вујна/стрина, притоа нанесувајќи на тебе еден тон чкартен кармин, буѓава пудра и здив помешан од родео меко, брља, лук и кармин, ќе играш испотен на милион македонски ора од кои знаеш само едно-правото ама мора да играш пошо третата братучедка на мајка ти кој патем прв пат ја запознаваш на свадбата ќе зборела по роднини дека младожењата не играл, па накај 10 одиш од маса на маса на сите да им посакаш пријатна вечера исто така со лажна насмевка пошо веќе ти се умира и се ти е смачено и уште мал милион досадни работи и сето тоа за да напраиш мерак на пола и више роднини кои патем прв пат ги запознаваш на денот на свадбата. И за да биде комплетно се, после свадбата едно недела дена ќе ти одат на гости за да те прашуваат како си поминал, истите тие кои биле присутни на чинот наречен свадба. Би ги запалил со керозин без око да ми трепне.

Една од малкуте добри работи кај коронава се токму шугавиве свадби и неправењето на истите, ќе глеам некако побрзо да се оженам за да ги избегнам ритуалите што ги набројав погоре. :D

П. С. Ако не тепа вечер Интер ќе се обесам.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.863
Поени од реакции
34.907
Со душа чекам, а мислам и сите овде, Мамасита да се породи веќе еднаш. До 101 и назад да и бидат живи и здрави сите три. Следниот пост ќе и биде во мај месец 2039 год, кога ќе ги испрати на матурска. :P
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Драга,
Вечер играме. После подолго време ме пукна носталгија, дур ме дува калориферчево се навратив у 3то-4то одделение, коа на дербињава им се радував повеќе него на нова година.

Пивото веќе ми е у фрижидер, проекторот ми е наместен, тенџерето на рингла, пуканките спремни, чипсот скоро изеден. Само што станав, кафето не сум го допил а веќе почнав да бројам минути.


Ми се глеа фудбал бе кајги.



Бај д веј, МаМасита ми е еден од најпозитивните членови на форумов. Едноставно со мерак човек да ја чита, секој пост и шири позитива. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не ми е проблем времево надвор, ни па гужвите, ни короната, ни тоа што нема вакцини, проблем ми е што две недели сум како некој 24/7 сервис и нонстоп испаѓаат проблеми на работа па немам време раат да видам што направија во саботата со потрошњата интелектите од темана за греење :(
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
K,

Го читам Стекот погоре и си реков да пишам нешто што го сметам за ултра пре-најглупо и нема да го правам на моја свадба.

Остај сите слики, ора, чочеци, бацувки, целуфки, скапи одела, ефтини цигари.

Ама кој нормален вечера 2 парчиња месо во 10 вечер бе аллооооо?

Никад на свадба не сум ја јадел вечерата и не ми е јасно од каде таков терк на настаните. Кај мене на свадба ако се служи вечера до 8 најкасно, после 8 почнува музика и не запира до после полноќ. Смешно е седнати 200 души во 10 навечер гнетат по пол кило месо ко да нема утре.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Утро Кајги!

Пијам кафе малку подисправена во кревет, ми дозволија неделава да се подисправам малку, успех! Надвор е беличко, убаво, во собава топло, на тв некоја емисија за готвење иде, креветов е идеален за долги утра. Не знам кое време станал господин супруг, кафето уште беше топло на масиче, кај и да е ќе пристигне со доручек. За воља на вистината и апетитот ми е на висина на задачата. Прв пат во мојот живот видов 6ка напред на вага, жива среќна :LOL: Вчера ми олесна после прегледот, добив малку ветер у леѓа, кураж, уште повеќе сила да издржам. Сите три на висина на задачата, сите три на купче, срциња мои.

Туку вчера сфатив, јас сум плавуша на нивоу, страхотна работа еј. Језивко, упорна и упорна :pos::pos::pos: Фино е да се знае како изгледа трудна плавуша, блесаво :LOL:

Убав ден!
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Се сликала, "сексиљаво џоа порн стар" постирала јавно додека и стискале срценца ок било. Ја стаиле на телеграм сега не чини.
Криминал било таа била жртва, требало сите да се солидаризираат со неа пошто на секоја можело да и се случи истото.
Извини девојко ама не баш, освен на к...и за внимание и шупливи во главата на други не им се случува ова што тебе ти се случило, да не те излажаа за телефонот да го дадеш?
Ако не сакаат внимание нека не го бараат, вака се стануе супер ѕвезда преку ноќ али кај погрешна публика.
Па требало и да се криминализира, да бидеме начисто дека се шупци овие од телеграм се, дека не е у реду не е у реду ама не е ни криминал затоа што таква група не е јавна нити се јавно прикачени сликите, ако е затворена група тогаш е приватна, ама ако имало порнографски слики со малолетнички тогаш треба да се вклучат службите за расчистување на тоа, а богами и социјалните служби да се позанимаваат со родителите на таквите малолетници.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom