ДК, ваков период на сите во животот ни се случува прв пат. Сите сме навикнати на новогодишна еуфорија, празнични пазарчина по плоштади, пред новогодишни забави и сите пропратни работи. Затоа и баш оваа година сите околу мене се носталгични, а јас не осеќам некоја носталгија поврзана на оваа тема. Но пред некој ден се заправивме со друштвото муабети, како сме почнале да се дружиме, а јадрото ни е старо преку 10 години и заминавме многу наназад па мене ме фати носталгија за средношколските денови, кои за мене дефинитивно беа најдобар период од досегашниов краток ми живот. Толку безгрижни, а сепак со многу потреби и желби задоволувани на еден необичен начин за кој денес ќе ти раскажувам, за една работа која го одбележа тој период од мојот живот.
Прво накаратко ќе ти раскажам што човек бев во средношколските клупи. Едноставно е. Не бев. Бидејќи ретко седев во тие клупи. Ако периодот во основно ми беше одбележан со укори, проблеми со наставници, проблеми со глупости кои ги правев надвор од школо, средношколските денови можат да се дефинираат со фразата “Ќути си, дупи си”. Учев во најбесниот клас во генерацијата, а воедно и најместен со контоверзна класна со голем авторитет, па така имавме имунитет за да бидеме што побесни и да поминеме без последци. Додека соучениците го искористуваа тоа и паѓаа во очи на професорите, јас го искористив поинаку и држев низок профил. Веќе уште од основно се имав запознаено со уметноста на бегање од часови, тоа не ми беше ништо ново. Но ако во основно се запознав, во средно докторирав на темата. Во трета и четврта година толку не се појавував што и не можеа да приметат кога ме нема. Професорот по физика кога требало да ме испраша, не му текнувало ни како изгледам, па му покажувале фејсбук, за да знае за кого се работи. И тоа веќе знам дека беше полугодие дојдено. Ниту професорите, ниту дежурните не можеа да приметат кога ме нема, па некаде во трета ми го исадоја прекарот Фантом и до денес тие што учеа со мене така ме викаат. Да ме возеше дизелашки филм, гордо ќе го форсирав тој прекар, но за среќа по тој пат не тргнав, иако Полото ми е дизел, јбг. Е сега ова беше битен дел од тој период на мојот живот, но сега одиме на главната приказна за која сакав да ти раскажам.
Беше петок 24ти Мај, 2013 година, сончев убав ден, крај на втора година, јас втора смена во школо. Класика ако беше времето надвор добро, не бев во школо, а ако не бев во школо или пиев кафе по кеј или дремев во клаилница. Овој пат дремевме со другар во кладилница, крај на сезона немаше што да се игра посебно, освен тоа што другиот ден беше финалето во Лига Шампиони, Баерн против Борусија. Не знаев што да пишам, другаров додаваше рандом глупави утакмици колку да пополни, а јас никогаш не играв такви глупости. Имав некои 500 денари во мене, не знам од каде и ај ќе ја пишам само финалето, да е поинтересно да се прати. Гледам коефициент за ГГ3+ беше преку 2, а тогаш уште немаше данок на тикетите и чисто дуплирање ми испаѓаше. И тоа го немав никогаш во животот играно, па тогаш прв пат го играв и од дента после то се деси преокрет во мојот живот. Сите знаеме утакмицата 2:1 заврши, а јас сфатив дека за да фатам 1000че, не треба да погодам 7/8 утакмици, туку дека ми треба само 2 квота и поголема уплата.
Пројде летото, не уплаќав ништо, но чекав трпеливо да почнат стандарните лиги и да почнам да “хастлам”. Дојде и есента, па јас се вратив јако на сцената, само овој пат не играв сингл, на 2 коефициент, туку неколку помали коефициенти, вкупен 2, уплата 1000че. Симпл. Бизнис планот беше следен. Во петок се анализираат сите натпревари, кај што фаворитите исклучиво играат дома, а коефициентот за 1 е максимум 1.50. Се делат за сабота и недела, па после се одбираат најсигурните натпревари додека не се наполни 2 коефицент и исклучиво играта беше 1 и 1x. Па ако добијам, пола нето добивката можам да ја трошам, другото оди во буџет за да продолжи играта. Имав неколку екипи што постојано ги пратев и скоро никогаш не киксаја дома. Man City, Baern, Barsa, Real, Ajax, Porto, Benfica и тн.. и секако легендите од Велш TNS. Какви царови, секоја втора утакмица по 7 гола даваја. Како што ми растеше буџетот, така растеше и уплатата, па некогаш стигнуваше да биде до 4/5000. Почнаја да се редат добитни тикети, јас многу често во мене имав преку 10 000 денари, а никогаш пред тоа не сум виел толкава сума на пари, освен буџетот за нова година што сме го собирале. Се дешаваше некогаш и да ме фати црна серија, ама секогаш при крајот се враќав и така во круг, а пари во мене нон стоп. Пред тоа ако пиев надвор по школски дворови, преку вечер почнав да излегувам по кафани и диска. Трошев по 5000 во вечер на 17 години, а не работев ништо. Одев Скопје на журки, купив ајфон. Со другар кој е исто член на форумов (позз Алек ако читаш), рандом ни текна да не одиме на школо, заминавме Свети Наум во Кафана. На девојката што ја имав тогаш што не и купував, од сваровски ланчина до плишани мечки поголеми од неа.(Кучко неблагодарна). Се хранев на добивката и уживав во тоа, го возев филмот максимално и се осеќав како да сум на врвот. Уште повеќе ме хранеше инаетот спрема моите кои секогаш ми давале минимално пари, а знаев дека имаат, па тоа уште повеќе ми го возеше филмот. Од денешна гледна точка и сфаќам дека беа во право, пошо на 15 години имав алкохолни испади, не се појавував во школо и ме апсеше полиција после утакмици ама тоа е друга тема.
Е сега исто како во улогите на култните Johny Deep во Blow, Leonardo Di Caprio во Wolf of Wallstreet и сите слични такви филмови, кај што почнуваш од нула, па по “кривиот пат” стигнуваш до врвот, на крајот некако федералците ти го наоѓаат крајот и те удираат толку силно од земја што не само те враќаат на дното, туку и го пробушуваат. Во мојот филм играјќи ја улогата на “Фантом” и мене не ме избегна таа судбина, само мене не ме ебаа федералците, туку фудбалот. Траеше овој период некаде до средината на есента кога почнав прва на факултет и наеднаш работите се сменија преку ноќ, исто како првиот пат, само сега во надолна линија. Екипите кои биле сигурни и кои никогаш не кикснале почнаа многу често да киксаат. Ако претходно се дешавало еден од тие фаворити еднаш на три недели да киксне, сега во едно коло се случуваше по неколку да кикснат. Јас навикнат на лаганиот живот се борев со тоа и никако не сакав да попуштам. Се надевав дека е само фаза и ќе помине. Но не поминуваше, па мнногу често се случуваше парите што ми беа за цела недела дадени да поминам на факултет, да ги спиздам викендот и до следен викенд да мачкам леб со ајвар.
Последната глупост што ја направив беше кога се погоди такво коло, кај што имаше предобри утакмици на хартија и “немаше шанса” да кикснат. Да да, немаше. Уште саботата сабајле, кикснува првата утакмица и јас останувам без пари. Се случи во најлошиот можен период, а од друга страна и најдобар, што ако не ја направев таа глупост никогаш немаше да ми дојде умот. Ајде кикснаа овие, другите нема шанса, периодот беше за кирија, а јас парите ги имав во мене и ни два ни три отидов, 1/3 од киријата ја уплатив на останатите за да се вратам. “Не кара мајка сина кад се клади, него кад се вади”. И погоди ДК, што се деси? Да и тој тикет падна. Ми фали 1/3 од киријата и немам скршен денар во мене, а за неделата имав анализирани утакмици. И погоди пак што се деси? Да ги плеснав и другите пари, демек ќе се извадам и ќе ми останат пари да продолжам да играм. Денов го памтам, како што го паматм и првиот со финалето од Лига Шампиони. Четири утакмици имав на тикетот, првите три влегоја, посленда ја чекав АЕК и погоди што се деси? Ке кажам само племето грчко да ви го ебам, уште 100 банкроти да си дочекате како што јас банкротирав во тој момент. Излегов на тераса, истураше дожд, запалив цигара и во моментот само ми се вртеа слики што ќе ми направат моите, ако им кажам што сум направил. Решив да не им кажувам, ме покрија цимерите за киријата, јас отидов миев чаши во кафич две недели да ги вратам парите и решив да си го сменам животот. Сфатив дека нема леб без мотика и дека тие денови од пред само неколку месеци ќе останат добри спомени на кои ќе се смееме со друштвото и што еве сега ќе ги споделам со тебе. После тоа се фатив за книга, ги положив сите колоквиуми од тој семестар и крајно мотивиран влегов во студентските денови. Првата година помина топ, после и таму паднав исто како на последниот тикет, но тоа е тема за друг пат. Тоа е тоа, за овој пат ДК, остани со здравје за сега.
PS: Јеботе Лацио, не на Борусија. Да ви ебам умрената лузерска екипа, никогаш нема од сенката на Баерн да излезите. Тие колку што ме паѓале и сеуште ме паѓаат(секако сега на тикети за забава), ни тимот за кој навивам, самоубиствено кога сум го играл не ме паѓал.