Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
ДК,
зошто ја викаат самоизолација кога е наметната изолација? Во ред е, големи сме свесни сме, одговорни и почитуваме се што треба..Туку ова музичарите не умеат ли да ја искористат изолацијата да склопат некоја нова песна?
Станувам сабајле, еспресо, пуштам радио иииии The Weeknd. Па не нормално да не излезе некоја песна сите овие месеци...
Не можам да не се осеќам како да сум дел од приказната од филмот: Денот на мрморот.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ова е прв пат у мој живот да кога стигам на работа осеќам малку среќа. Ем го сакам ова полицискиве часови и пролонгирани викенди ем не......крај сам не можам да си фатам :LOL:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.484
Поени од реакции
6.867
Драга кајгана,

Ја уствари сум многу јак на кантерот, ама попуштам да не речат пачови, WH, mafia this mafia that.

Дополнително, последна недела со полициски час од 16.00 до 05.00 сабајле.
Од наредна недела ќе биде од 19.00 до 05.00 сабајле. Понаредна недела ќе биде од 22.00 до 05.00, а после таа ќе се укине и ќе ги вратат државните институции во редовен работен ритам. После таа недела ќе ги отворат кафаните и кафиќите со пола капацитет, а и големите фабрики со пола капацитет. На 1 јуни ќе биде се вратено во ред како што беше, ќе го седнат парламентот и ќе изгласаат враќање со работа, избори среде лето нема да има, значи октомври ќе бидат.
Ќе се зборува за корона само на муабет како кој кур беше тоа, не направија ненормални.

На 2.000.000 жители(еве да не биде 2, нека биде 1.5 милиони жители) во место каде што народот ден денеска си дише у врат на шалтер и каде што не можеш да извадиш пари од банкомат без тој зад тебе да ти го види пинот 1000 до 1500 болни е смешна бројка.

Инаку од маркетот во велес пошто си одам на работа континуирано, си купував скоро секој ден, внатре секој ден вриеше народ, а таа што продава кифли внатре е ептен блиску до клиентот. Кога би имало вирус каков што се прикажува, денес Велес ќе имаше повеќе од 5.000 болни. Само пошто ние сме чудо од град кај нас бабата има умрено од корона една недела пред кинезот да го изеде лилјакот.
Пошто сме први со корона дополнително во Велес биле отворени и првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, првата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште на територијата на Македонија.
Авангарда
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
Драга, во овие 10 години (грубо кажано) откако си се маткам во кујна, ова ми е 4ти миксер по ред. :ROFLMAO: Првите два беа од чеизот на мајка ми. Двата беа исправни, ама од толку користење испуштија душа. Третиов си го купив пред некоја година. Арно ама, пред пола година, остана со една ногарка само. :( Па за роденден си добив пари, да си одберам каков сакам. Ама си реков, што да давам пари, кога и онака ми врши работа. Егеецот во мене го рече тоа и си ги задржа парите. Или домаќинлукот беше тоа, не знам. :ROFLMAO: Сега за Велигден си добив нов миксер. Си се изнарадував ептен. :D

Воедно никако да се научам дека ролетната не се крева скроз до горе. 5 пати у месец ја терам у пм до кутијата. И вчера си викам ако му кажам на татко ми, ќе рече немам усул, па пробував сама да ја спуштам, ама пусти страв од висина. Си се замислував како Дара на Хер Жика Павловиќ кога се утепала дур бришела прозорци. :ROFLMAO: Ама ја опраив, ќути. :D

Од карантинов не се жалам. Татко ми пред некој ден ја покани мајка ми да шетале. Па почнаа да вртат кругови околу стан. Стигнаа до еден столб и слушаш само: Женче, стој! Грмушка! Дој да те гушнам. :ROFLMAO:

Ми остана уште последниот дел од Хобитот. Френдс ги почнав од почеток. Ми останаа уште 73737 лабораториски и проекти, ама не се брзам бе. :D
Откако измешав баби, жаби и краби, пошто немам нешто паметно да ти кажам, ај чао. :D
 
Член од
3 април 2020
Мислења
905
Поени од реакции
508
ДК , цел ден ме боли глава, стандардно на вакво време! Ми фали нормалниот живот, ми фалат некои луѓе, ми фалат доста работи. Доброто од сето ова е што претходно, сум немала време да увидам како некои луѓе не го заслужуваат моето внимание,неколку пак цело време ти биле закачени како некој паразит и си ги тегнел,но и да си ја потврдам човечноста во некои, кои ми даваат верба дека не е се отидено у к....!Е, и кајги, не комнуницирам веќе со доктори, ќе се слушнеш за сосема споредна работа, а они ќе те преплашат за коронава, па потоа пишуваш сценарија, а јас као расчистив со стравовите.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кајганаријо,

Ова сменсково работење на работа ради ситуацијата со два дена оди три не оди празник дошло се споил викенд со неработни па еден ден на работа па 5 од дома ми праи огромна збрка у паметот. Пример сеа е 3 и 15, ја од 8 сум на работа, се осеќам ко пред малце да сум станал а за кратко треба да почнам со работа.
Теретаната затворена веќе втор месец а пошо дома скраја било барем да се истегнам ако нишо поише, патам од кичмата небаре младоста по ниви со мотикчиња ја иам поминато.
Од заедничкиот живот апдејт - живи сме, се неаме утепано, фин испадна аранжманот.
На другите полиња, мислам дека треба цел камион онлајн порачки да ми стигне.

Потсети ме Кајгано стариот одмор да го испланирам кога да го користам. Патувањето пропадна и ја фин да бидам поништив денови од одмор без да размислам дека уствари можам и дома да седам и да одмарам не морам да се акам негде.

Бтњ, од денес епл мјузик у Македонија. Да немав веќе кракнат премиум спотифаја акаунт може и ќе се радував. Вака, meh.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.669
Поени од реакции
35.322
Кајганке :love:

Оваа година туристичката агенција „Google Maps“, Ви нуди незаборавни, ексклузивни патувања, со сместување дома, на база на „all inclusive“ и сето тоа потполно бесплатно. Уживајте:love:
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Драга, добив критика дека сите на форумов сме биле забегани и луди. Сме живеееле во виртуелноста, а у живо нигде не немало. :pos::pos::pos:Значи не сме влијаеле лошо само на членовите на Фемина, туку и на луѓето во физичкиот свет. :pos::pos::pos:
Ни расте популарноста, тоа ми се допаѓа.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Кајги,да бев власт во државава,ќе ги натерав сите неверувачи во вирусов,сите кои веруваат во глупи теории како 5G заговор и сите кои ги прекршуваат мерките,да јадат месо од Вухан.
Значи,каков глуп народ има во државава... :popce:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom