Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.484
Поени од реакции
6.867
Пред некој ден напишав дека Ковид-19 е лага и измислица. и дадов видео за да се види каква срање од земја е Индија.
Најголемиот дел си викаат воа дете ептен нема мозок.
Сега гледам графа, Индија има 17,615 заболени од корона. Индија има 1,352,642,280 жители.
Видеото беше како им прават заби на улица, еве друго видео како живеат сиромасите

Пак ќе речам, нема корона, некој ситен грип е, го пуштија да истепа од најболните луѓе колку да не биде без ич(а голема веројатност е и да е обичниот грип), и наесен ќе умираат луѓе само нема да викаат корона, ќе викаат грипот е.
Џабе не испозатворија по дома, се дешава нешто големо, да се порамнат некои сметки на светско ниво и се ќе биде ок(шо би рекла катица јанева) за 10 дена е 1 мај и почнуеме пак да се релаксираме.
Од јуни здравје планирајте си одмор.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.592
Поени од реакции
37.522
Кајг,
ај ако сакаш да ургираш сите твои онлајн членови да гласат на ОВА ТЕМА, за да не не’ боли глава таму ние неколкуте присутни, а?
...сите дополнителни лајкови на таа тема од сега натака, ќе се земаат во предвид во минусирање на казнени поени (зависно за кого ќе гласате :D )....... :cenzura: :sramezliv:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Драга,

Замисли да го начекаш на дело психопатов во цел набој на негативна енергија.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.532
Поени од реакции
87.633
Кајги...

20200420_185430.jpg

Скролајќи ми испадна на фб твитов, и само се потсетив зошто Твитер фелата е најголемото секташко дувло во државава. Еве ја оваа, чиниш Северен ФИРОМ е Канада, Данска или САД... ако ти си успеала во животот на 18 години да се отселиш од дома, тоа е твој личен успех, и верувам дека никој нема да и замери за тоа чим успеала во животот рано да се оддели од родителите, АЛИ да се избациш со ваква мисла која е навредлива за секој млад човек во посранава држава, тогаш треба да немаш две чисти во главата, па биди колку сакаш успешна во животот. Во Северен ФИРОМ имаме капацитети луѓе со факултетски дипломи кои држат метла, или слугуваат 12 часа дневно по кафичи за мизерна плата од 16.000 денари, кои едвај врзуваат месец за месец и на кои им е неопходна родителска помош и во подоцнежните години... и за мене во овој случај кај што живееме во Северен ФИРОМ тоа не е срамота. Срамота ќе е ако си 30 годишно гојдо кое не мрднало со прст во животот и сеуште чекаш мама да ти свари кафе за да се расониш.
Поентата е не летајте на небо, сите сакаме да имаме животен стандард како во многу европски земји, и секој сака што побрзо да се осамостои, али спуштете се малце на земја и видете кај живееме, и колку ни функционира државава. Некои пробуваат и со мала доза на среќа и знаење успеваат, втори пак истото го прават ама ги удира реалноста у лице. Оваа шупелка што го пишала ова погоре сигурно е некое нарцистоидно копиле кое мисли дека го фатило Господ за мадиња... или евентуално е ќерката на Димитров, трето нема :toe:

Твитер... угх :pov:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Драга,

Како стигнавме до тоа неписмени и морони што не знаат како се пишува еден од најчесто користените глаголи во јазиков да држи животни лекции? Сфаќа, ти ебам глупачата.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Дојден сум до фаза во која почна да ме боли к** за многу работи во животот.
-Ме боли к** за тоа што таа погоре паметната мисли дека е срамота да живееш со твоите во одреден период после 18 години.
-Ме боли к** за останатите што јадат гомна за разни глупости
- Ме боли к** за тоа што мислат другите за мене
-Ме боли к** за луѓето кои направиле одреден период од животот да ми биде пекол.
-Ме боли к** за сите на кои сум им помогнал , за потоа да ми го удрат ножот во грб како благодарност.
-Ме боли к** за сите останати оти не сум лицемерен, па да кажам дека сум емпатичен односно дека ми е жал за нив.

Кога може и другите да ги боли к** за мене, зошто и мене барем еднаш во животот да не ме боли к** за нив.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
265
Поени од реакции
501
Ми се иде и АкваПаркот у Карпош, да се спукам на портокаловиот тобоган од прва, онака адреналин да осетам.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
И The Simpsons и Топ Листа Надреалиста во одредени моменти испаднале пророци, ама најголем пророк испадна Тома Здравковиќ со стихот „Затворите све кафане, нек се моја душа смири“...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Абе само се чека нешто да се пожалиш, да кажеш дека ти е тешко, тогаш нема да те оставаат на раат и ќе ти пишуваат преку еден ден, брат шо направи бе со тоа а како небива сеа готово значи.
Кажи нешто ок, покажи емоција која изразува среќа и радост, и никаде ги нема одреден период.

И најмногу ми е криво шо баш за тие ликови сум напраил се, сум и помогнал на било која начин, од финансиски до совети, па се до средување некој ствари и документинза во странство.И до ден денес кога ќе треба да донесат некоја одлука мора мене да ме прашаат за совет, зошто знаат дека им мислам добро, пички у душа шо користат чесност и добрина.
А коа имав јас проблеми никаде ги немаше за помош, само чекаа да заглавам у порокот и да ме снема, ме следеаа како да сум утакмица.

Толку многу омраза, толку не им давам да ме поразат...
Треба бе некој од траките на Страјк да се изучуваат у нашето образование, до толку ни го опишал менталитетот шо се ежам кога ги слушам тие песни.
 
D

dobramuzika

Гостин
дк, викам, викам дека пред многу години било барем малку подобро, 501 фармерка, тексас палто, по некоја плоча, загор и алан форд... душата бајче, а сега? сега сиот овој избор и пак душата далеку од бајче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom