Драга Кајгана,
памтам дека имам пишано како татко ми официјално неќи животни. ОСОБЕНО мачки. Дури пред да земам кучето ми велеше да сум земела куче да ми сотрело мачките. Исто така ми велеше од кога земав кучето дека е лошо куче оти не ги сотрува мачките, но дур и на играње да трчни кон нив, особено кон црната мачка која му е омилена, татко ми се лути како смеел Пес да си игра со мачките. Неќеле тие така. И то како има преслаба точка за моите миленици, иако не признава на право. И така вчера иди, со насечени рскавици за, во негови зборови, „на мачињата полесно да им е да јадат, и го тргнав Пес на страна да не знај дека и тие јадат оти знајш дека ќе го сака прво нивното“. Денес се потресе како новото комшивско куче лаело на нашето и нашето се уплашило и, пак негови зборови, -- мачињата -- се уплашиле. И да речиме дека ако почнам да скролам низ чатот со него ќе средниме само cute and funny cat and dog videos. Сабајлево на пример ми кажваше како куче бега од кокошка. Кога мачката ни се омачи, тој ги бараше мачињата кај се скриени, за да ги видел. За. Да. Ги. Види. И нормално, во следна прилика плукаше колку пати година мачките се пареле и колку гнасни суштества се.
Поентата ми е, не ми е грижа дека зборовите му се на грешно место кога срцето му е на точно. Баш како во оние сит ком серии, жими се не сум со некоја конкретна опседната, кога гледаш дека ликот напредува иако негира и не е свесен и само се смешкаш, како ликот до него кој го сослушва, и решаваш да преќутиш.