Драга Кајгана (виртуелен дневник)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
За 100 години од сега ќе биде најнормално да плаќаш месечно по 5 долари за Нетфликс, Амазон, ДизниПлус,НБЦ Стриминг, ХБО, Дизни, ЕСПН+, Јутјуб и уште неколку стриминг платформи. Ќе треба да плаќаш за да добиеш премиум верзија на Фејсбук, Инстаграм, па дури и gmail.

Сакаш да гледаш меч на РК Вардар на ТВ? Ќе си платиш месечно кај Т-Мобиле.
Што? Играле денеска на гости во ЛШ?
Аааа, тука ќе треба да платиш месечно кај Телекабел и тие ги имаат правата за ЛШ мечеви.
А? РК Вардар играле дома со Барса?
Ех, ќе си платиш месечно кај ВИП, тие ги имаат правата за домашни мечеви.

Што? Македонски куп имало и сакаш да гледаш? Ќе си платиш кај МијалковНет месечно ако сакаш, тие ги имааат тие права.

Серија да не сакаш да гледаш? Има "Пријатели" на ХБО, ама само втората, третата и осмата сезона. За првата, четвртата и петтата ќе треба да платиш на FriendsPremium месечно три долари. За останатите сезони логирај се на Нетфликс, они ги имаат.

Ако сакаш да гледаш вести на телевизија имаш free trial од три минути, после тоа плаќаш 100 денари за секоја следна минута.
Ако сакаш да читаш вести онлајн ги читаш само првите пет реченици бесплатно, а после тоа треба да платиш за да го прочиташ целиот текст.

И некој ќе каже "Ех, порано беше бољи бе..."

На што ќе му се одговори "Хахаха, пензионерче, седи, ако било бољи немало да се сјебе се хахаа, ти само носталгија гледаш, и тогаш беше лошо. Кој ти е крив што не можеш да си ги запамтиш пасвордите или која мрежа кои права ги има? Не ти е никој крив што ти имаш проблеми со меморија. Цел свет вака прави, нема сега светот само за тебе да се смени. Прекинете со тоа романтицизирање на минатото."
 
Член од
21 октомври 2019
Мислења
3
Поени од реакции
11
Ништо не може да ме изнервира побрзо од цврсто затворено шише.
Ако не го настегаш капачето до последното физички возможно милиметарче без да пукне, не е добро затворено или шо? В'ти, в'ти не иде, си ги гледаш дланките ко баркод ти стануваат, стај пешкир врти пак не иде, пробај со заби, со нозе, доживеј нервен слом џитни го шишето на земја и почни да го газиш безмилосно.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.355
Поени од реакции
38.603
Одиме да купиме пиво. Зима полошо пиво шо мириса на 100 годишен јачмен само затоа шо е на понуда и е поефтино за 4 евра од гајба.
Одиме во кладилница. За пола саат губи 65 евра на играње во живо следен гол, на екипи од типот на Слиго Роверс и Дундалк.
 
D

dobramuzika

Гостин
ако биде така, ни спорт ќе гледам, ни филмови/серии ќе гледам, ќе си се зачленам во библиотека, па макар и повеќе од 150 ден. да е, ќе си читам книги, а и ќе си одам на стадион, па макар не борец, туку и горски да го гледам. :D а за песната што пишал членот погоре, еве ја, чујте ја, добра е.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Драга се надевам Миленко како човек од акција ќе проба да го повтори подвигов, за да ни докаже дека земјата е рамна.

 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кајгано,

Недела ми е ден за тебе. Со години немо набљудував ама сеа се осеќам ко да треба повремено да се истурам овде.
Мразам недели иначе. Никад не сум ги сакал. Никад не било за тоа дека наредниот ден е понеделник (иако мразам и понеделници). Може за денешново мизерно чувство придонесува и тоа дека станав со затнат нос, зарипнат глас, суво грло и главоболка. Ни чај, ни ангисепт, ни гаргари ни куров ми ленче не помага. Затоа златно кафе, барем душата да ми е на место, ако не и физичкото постоење.
Како и да е, ќе си ги слушам Флитвуд денес - на душа убаво од кафето, на уши убаво од музиката. За грлото друг пат ќе барам решение.

Фак оф недело, шу, иди си.

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.354
... навистина не знам како во денешно време многуте, во својот дом и во својот автомобил си носат „бомба“ ... да се грејат со неа, да се возат со неа, као демек голема заштеда плинска боца, а на друга страна да се курчиш со купче евра во џеб, не ми е јасен тој ризик во животот!:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom