Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.104
Пошто го затвориле форумот со случувања, а сакав да се надоврзам на еден мој пост од таму:


Пуно

 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Драга Кајгана,

памтам дека имам пишано како татко ми официјално неќи животни. ОСОБЕНО мачки. Дури пред да земам кучето ми велеше да сум земела куче да ми сотрело мачките. Исто така ми велеше од кога земав кучето дека е лошо куче оти не ги сотрува мачките, но дур и на играње да трчни кон нив, особено кон црната мачка која му е омилена, татко ми се лути како смеел Пес да си игра со мачките. Неќеле тие така. И то како има преслаба точка за моите миленици, иако не признава на право. И така вчера иди, со насечени рскавици за, во негови зборови, „на мачињата полесно да им е да јадат, и го тргнав Пес на страна да не знај дека и тие јадат оти знајш дека ќе го сака прво нивното“. Денес се потресе како новото комшивско куче лаело на нашето и нашето се уплашило и, пак негови зборови, -- мачињата -- се уплашиле. И да речиме дека ако почнам да скролам низ чатот со него ќе средниме само cute and funny cat and dog videos. Сабајлево на пример ми кажваше како куче бега од кокошка. Кога мачката ни се омачи, тој ги бараше мачињата кај се скриени, за да ги видел. За. Да. Ги. Види. И нормално, во следна прилика плукаше колку пати година мачките се пареле и колку гнасни суштества се.

Поентата ми е, не ми е грижа дека зборовите му се на грешно место кога срцето му е на точно. Баш како во оние сит ком серии, жими се не сум со некоја конкретна опседната, кога гледаш дека ликот напредува иако негира и не е свесен и само се смешкаш, како ликот до него кој го сослушва, и решаваш да преќутиш.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пошто подфорумот Музика е стварно замрен, ова ќе го постирам тука. Некако се потсетив деновиве на Троскот, подзаборавен рок бенд од моето Кочани. А оваа недела пошто сум во некое такво расположение цело време слушам песни со помрачни и поемотивни текстови, па песнава ептен ми легна...


Многу пати ќе се прашам зошто тоа што е поквалитетно не е толку популарно како шундот. Ама па после си мислам дека може е подобро така. Пошто се’ што се искомерцијализира обично го губи шмекот.
 
Последно уредено:
D

dobramuzika

Гостин
вода за пиење наполнив, сега на ред е музиче од нашите простори и чекање да дојде еден часот кога сите патишта ќе водат кон градскиот стадион во велес, играат фк борец - фк вардар, моите два од вкупно три омилени клуба.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
По завршувањето на оваа работна недела, тензично и напорно помината, денеска одлучив да се изрелаксирам во домашна атмосфера со по некој добар филм :)
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Не знам дали сум пишал, ама во станот до мене живее семејство со дете и сите тројца константно урлаат во било кој период од денот, не сум слушнал разговор без дерење. Навечер во 3 се случува да ги слушам во работни денови, а од претходни искуства со полиција знам дека нема да помогне ништо ако пријавам. И капак на сѐ изгледа сега имаат и гитара на која детето константно ги уништува жиците бидејќи не знае да свири и морам да слушам канцер. Затоа сега единствено решение е да слушаат метал по цели денови за да видат како е, а можеби и некој викенд кога нема да сум тука. Барем им пуштам добра музика. А ако продолжат вака ќе ги донесам и петте звучници што така ми стојат. It's on motherfuckers.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Срамота е ова што се случува со (не)издавањето на лични документи и патни исправи. До сега сите велеа дека сме заробена држава , ама очигледно дојде време да бидеме и заробен народ. Со нивната неодговорност не се свесни дека им ги попречуваат секојдневните активности и долгорочни или краткорочни планови на голем дел од граѓаните. Патем личниот документ е неопходен во секојдневното фунцкионирање. Народниот правобранител вели да се поднесат претставки, само се прашувам дали тој е свесен меѓу каков народ живее. Очигледно не е свесен. Народ кој го фрла сметот од 5 кат од зграда со надеж дека ќе го погоди контејнерот, оти го мрзи да се симне да го фрли сметот. Од таков народ очекува да поднесат претставки?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.131
Драга.

Да се подигне некоја петиција на интернет за чист воздух, вода, здрава храна итн. ке се соберат 1-2 000 потписа за месец дена, не дај Боже да се крене на некои протести, ама затоа не е проблем да се соберат 7 000 манијаци да направат профили за да гледаат слики од голи девојки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom