Драга кајгана, цел фејсбук ми е преплавен со Рашела. Женава со еден потег покажа храброст поголема од сите пратеници од сите политичари досега заедно. Одби да си го погази достоинството и да се откаже од самоидентификацијата и е светол пример како треба да се залагаш за она во што веруваш.
120 пратеника молчеа, 81 со прстето стиснаа зеленко за да ни го сменат уставното име, да не натераат во лични карти да се пишуваме граѓани наместо македонци и на јазикот да ни залепат ѕвезда како белег дека не смееме да се идентификуваме исто како нашите дедовци.
Овој срам што ни го наметнаа ќе си го носиме додека не дојдат македонци да ја водат државата, ние испаднавме кукавици. Жал ми е што во Скопје на протестите се собиравме по 50тина до 200 луѓе(некогаш повеќе некогаш ич), тогаш не викаа антизападни, тогаш бевме сељаци, кочничари, проруски ботови, бранители на криминалот на Груевски... Ама секогаш ќе се гордеам што испаѓав на протестите а не влегов во гласачкото место на референдумот за да се откажам од себеси.