Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.808
Поени од реакции
3.098
Идам да си купам машинка за шишање во нептун и гледам испонаредени филтри за воздух. Се продаваат филтри за воздух. За да дишеш чист воздух ке си купиш филтер од Самсунг, смарт, штеди на енергија не прави бучава а го чисти воздухот и му дава пријатна арома на кокос. Си мислам само до пред 50 год. чиста минерална вода имаше насекаде, бесплатно. Мислев дека е жално што следните генерации ке плаќаат месечна претплата за чист воздух. Ама сега не мислам така, мислам дека следните генерации и те како треба да си платат и за чиста вода и за чист воздух. И ке мора да работат за да платат чиста вода и воздух. Кој нема пари да плати чист воздух и вода побрзо ке умре од оној што ке има. И тоа ми е сосема во ред. Така и треба да биде. Епа како? Не си сам на планетава па да правиш што сакаш. Има да си платиш!
 

Govinda

Божански Магарац
Член од
20 април 2014
Мислења
2.788
Поени од реакции
2.273
......Уште ли бе има празници по Богу? Златно си бев на бан одмор од форумо 7 дена си викам тамн да минат празниците. А оно...:facepalm: Приќења ми се моментално. Ај иам хитна работа...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.908
Поени од реакции
34.537
Од наредна година да воведат и психолошки тест за тие што скокаат по крстот или да се укине оваа работа.

Натегање за крстот како мали деца за играчка, а на друга страна пак крстот во базенот го барале 40 минути. :pos:

3mks2w.gif
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.105
Поени од реакции
3.224
Верник сум, ретко одам во црква. Моиве сабајле викаат ајде да одиме и викам ајде, не сум одел во црква за празник сигурно едно 5-6 години.
Стојам, попот си пее и до мене два-тројца кажуваат вицеви од типот Што студираш? - Стоматолошки. Па кој кур ми гледаш забите, кога си доктор за стомак? Хахаха.

Тешко дека би отишол пак во скоро време на збирштина од малограѓани.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
79.914
Поени од реакции
174.436
Ајде ќе го истрпиме и денов некако и одмор некој месец од лакрдијата "верници по социјални медиуми".
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.636
Поени од реакции
17.601
Наместо да се постираат видеа од градовиве и селава со смешки и дебилизми од фрлање по крстО, најактивна тема моментално е ПРОБЛЕМИ СО ПЕНИСОТ.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
6.850
Поени од реакции
5.829
Сфаќаш колку си длабоко во тиња кога три пати по ред ќе го пуштиш ова, а не си слушал шабанарија со децении....
Среќа што кратко трае и сонце те огрева брзо....фала Богу.....не дека не те копка.....
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
245
Поени од реакции
1.921
Ништо не ми оди годинава.
Никој не ми враќа на апликациите за работа, тие што ми враќаат кажуваат одлична си ама немам пари да те платам, мачето ми го отруја, овој еден шо го свиѓам не ме прифаќа на фб, овие шо им пишувам за производи за лице исто не ми враќаат, телефонот ми е пред умирање, сфаќам дека сум била заљубена во човек шо не знае еден муабет да сврзи и лицето ми се чини дека никогаш нема да си го оправам од лузниве, капак на се не јадам шеќер и не пијам алкохол скоро месец дена пошо докторкава сака пред да ме прати на магнетна да види случајно шеќер да не имам.

Дојдов само да се пожалам Кајги.
Ама не губам надеж. Никако тоа.
Остани ми со здравје.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.034
Поени од реакции
10.875
Едно нешто што сфатив откако стапив во редовен работен однос е дека пријателите секогаш бараат изговори дека се презафатени и немаат време за одржување на старите врски. Или у превод - некои луѓе ќе бараат слободно време за да се со вас, додека други ќе го створат истото.
Ова второво е чист мит.
 
На врв Bottom