Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Денеска додека пазарев ме отпоздравија со зборовите ''Имајте пријатен остаток од денот'' навистина беше чудно за промена да се слушне нешто што е искоренето од употреба.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Драга,

Скоро 10 години сме во врска (без обврски) и никогаш ти ја немам видено Генерална во Филм и ТВ под клуч. :(

Инаку ^^ убав поздрав, ама нецелосно. Тоа „имајте“ многу ме нервира, зашто не можеш на никаков начин да „имаш“ ден во македонскиот јазик. Буквален превод е од англиското „have a nice day“, и многу ми звучи неприродно на македонски. Како да преведеш „black is writing on us“ за „црно ни се пишува“ или „how yes no“ за „како да не“. Многу поубаво, поточно и помакедонски би било „Ви посакувам пријатен остаток од денот“ или „Ви посакувам убав ден“, или, пократко, само „Пријатен остаток од денот!“ или „Убав ден!“
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Драга, толку песимизам и негативност не сум видел. Ти му даваш идеи, разработуваш идеи, му решаваш работи и тој ти вика абе то не е убо, то неможе да е така, нема шанси да успее ич да не почнуваш...
То е ај да тераме сега....
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Драга, дали тоа што се воздржувам да не му се качам на комшијата да го истресам од папучи,кој буши постојано од 9 сабајле, ме прави мене: а) човек со самоконтрола еднаква на будистички свештеник; б) класична будала која нервно ќе оболи пред да наполни 30?
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Сакам вака полу-јавно да и се извинам на операторката од Телекабел што 35 минути ја препотив на слушалка а не беше до нив. Ако го читаш ова, да знаеш дека средив - мавнав мастер рисет на рутерот и се си е топ. Кисс
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Таман помислив дека лошото е позади мене, кога животот ми посочува дека се ова било само едно обично загревање за тоа што следи. Ќе има ли воопшто еден убав ден за мене, без глупости и нервози? Се сомневам дека не.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драга,

Многу ме нервира ко на бендвагонот од честитки за Ханиленд ќе видам коментари од Тамара северџанката. Буквално на секоја објава. Алоо ситна продадена душо, нече мочи ове ночи, не те вади ништо од гомната во кои падна.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Идам да си купам машинка за шишање во нептун и гледам испонаредени филтри за воздух. Се продаваат филтри за воздух. За да дишеш чист воздух ке си купиш филтер од Самсунг, смарт, штеди на енергија не прави бучава а го чисти воздухот и му дава пријатна арома на кокос. Си мислам само до пред 50 год. чиста минерална вода имаше насекаде, бесплатно. Мислев дека е жално што следните генерации ке плаќаат месечна претплата за чист воздух. Ама сега не мислам така, мислам дека следните генерации и те како треба да си платат и за чиста вода и за чист воздух. И ке мора да работат за да платат чиста вода и воздух. Кој нема пари да плати чист воздух и вода побрзо ке умре од оној што ке има. И тоа ми е сосема во ред. Така и треба да биде. Епа како? Не си сам на планетава па да правиш што сакаш. Има да си платиш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom