Аууууууу
Комшии се радуваат за одбојкава, атмосфера има за одбојка!!!
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ДЕЧКИВЕ
Значи пази..
Реков пред да почне првенствово дека самото учество е ОГРОМЕН УСПЕХ, и тоа требаше да ни се поклопат 3 работи за да се пласираме на самото ЕП.
Требаше ние да тепаме со 3-0/3-1 што беше зезнато ептен и можеше лесно и да изгубиме базирано на тоа што го игравме и ние и противниците.
Требаше да победи некоја екипа што е аутсајдер во друга група.
И требаше уште една не е ептен јака.
Сите три работи се случија.
Фактот што се тоа се случи за мене е огромно изненадување и чудо и неверојатен успех.
Фактот што отидовме и во првиот меч одигравме ептен јако е сосема задоволително. Иако изгубивме 3-1.
Тоа што следните 2 меча ги изгубивме лагано со 3-0 и вкупна поен разлика од: 155-115 не беше за нервоза пошто сепак беше очекувано.
Фактот што после 1-0 негатива стигнавме до 3-1 ПОБЕДА против Белорусија беше уште поневеројатен успех.
Ама фактот што игравме против Словенија. Во Словенија. И победивме 3-1....
Длабок наклон
И сево ова се случува во......
ОДБОЈКА.
ВО МАКЕДОНИЈА.
ВО 2019.
Колку луѓе знаете што имаат играно одбојка во државава? Колку деца знаете што сакат да следат одбојка? Колку луѓе знаете што редовно гледаат одбојка?
Јас знам една личност што има играно професионално одбојка во македонска лига и тотално го перцепира како хоби пошто дефинитивно ако играш одбојка во Македонија....пари нема. Играш..онака...колку да се занимваш со нешто да не ти е досадно дома.
Фактот што сите овие играчи во ниту еден момент не решиле "a be uozbili se, kaj ima kjar od odbojka zemi nesto vraboti se be choek sto ti e"
Покрај сето тоа успеаа овие луѓе да направат кариера од одбојката и да играат низ светот (пошто како што реков, во Македонија не се игра одбојка за пари) и да стигнат до некаков неверојатен успех.
Не пратам одбојка ништо повеќе од другите спортски фанови што се, но ја пратам Македонија и менталитетот во Македонија и менталитетот на 99% од спортистите во Македонија.
Надреално.
Претпоставувам ова е слично ко тоа Црвена Звезда да стигне до 1/4 финале на ЛШ во фудбал.
Предолг пост и препатетичен пост, ама заслужуваат играчиве да си се изнапишувам.
Македонија е гладна за успеси и гладна за позитивна енергија.
П.С.Пласманот во следната фаза не е гарантиран. Има солидна шанса и тука да заврши првенството за Македонија.
Но тоа не е причина за да се слават луѓе кои што пркосат на се што оди против нив.
