Имам една школска, има над 60 години. На почетокот кога се претставувавме и кога ја прашаа од каде доаѓа, жената рече „не знам“. На крај објасни дека била родена во Холандија, но се преселила кога имала две години. Од тогаш, па до сега, жената живее низ светов. При еден разговор ѝ признав дека му се восхитувам на нејзиниот начин на живот. Рече: Ја имав таа среќа што имав родители кои сакаат да патуваат, подоцна си го најдов и сопругот кој го сакаше истото.
Значи живеат некој одреден период во некоја земја и си даваат задача да го научат перфектно јазикот. Ни самата не знае колку јазици може да зборува. Нивната ќерка го има истиот начин на живот, работи како лекар во хуманитарни организации и патува низ светот. Знаела 9 јазика перфектно, како да зборува на мајчин јазик.
Познаничкава моја, прекрасно, слободоумно битие.
После разговорот со неа, доаѓам да видам што има на форумов... Разликата во менталитетот е неопислива! Колку само ни фали мешање со други народи и учење на нови култури. А како поинаку ќе се ослободиме од металните стеги и стереотипите?