Кајг,
само да ти кажам да си знајш, утре да не речеш дека не ТИ кажав,
сите кои „работаат“ со договор на дело во јавно здравство (повеќето од нив си земаат плата седејќи дома) се синови, ќерки, внуци и роднини на вчерашни и денешни политичари, кои се непотребни недоучени кадри кои во никој случај нема да го решат недостигот на медицнски кадар, оти истите ниту сакаат, ниту знаат да работат, ниту имаат интерес нешто да научат (само да спомнам да со завршено било кое средно немедицинско школо може да се продолжи за факултет за медицинска сестра и замислите со завршено средно електро или економско ќе ви дојде на ноќно дежурство оти завршил факултет само со две години и станал медицинска сестра и да ви стави инфузија во вена??!)
... да продолжам понатака
министерот за здравство, демек поради докторката од Дебар (пример како изговор), оти таа не плаќала здравствено и пензионо осигурување го оправдува сега вработувањето НА СИТЕ со договор на дело како редовни вработени? и демек било срамно докторка да „работи“ и зема 15 000 ден? ами прво кој вели дека воопшто таа докторка со 15 000 ден идела на работа? јавна тајна е дека половината од тие со договор на дело седат дома, а на работа идат само еден ден кога ги земаат парите во раце и ТОЛКУ!
а тоа што зема докторката од Дебар земала 15 000 ден, прашање како ги земала кога НЕМАЛА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА, автоматски значи ДЕКА НЕ СМЕЕЛА ДА РАБОТА КАКО ДОКТОР и наместо да се санкционираат сите тие што вработуваат вака „скришум“ несоодветни кадри без услови за работа како доктори, министерот „голта“ и ги благословува ТИЕ вработувањата? ех која неправда, тие „редовните“ вработувања законски како услов за работа МОРА ДА СЕ ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА, а овие од „татко им“ политички вработувања „отпозадина“ со договор на дело се може со било каков критериум, па и без лиценца за работа???
...и другите доктори (неполитички роднини) , капацитети, кои завршиле на време и положиле државен испит и ИМААТ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА остануваат без работа, оти нема конкурси каде да конкурираат, ваму неопходно медицински кадар,а отпозади напикани со договор на дело вујко, стрико, ќерка, син ?
...мислам ејјјј срамота, кого лажете?
греота за редовните дипломирани лиценцирани медицински кадри кои со труд и знаење ќе си останат да трчаат по конкурси кои никогаш нема да ги има јавното здравството, оти овие од позадина ќе „влегуваат“ и ќе ги полнат јавните болници вака во редовен работен однос без никаков труд, критериум,присутни само на хартија по болниците како „вработени“ со договор на дело или како волонтери? или поточно ако работат двајца, тројца со договор на дело и по некој волонтер сега бранот ќе биде над 200 вработувања онака во име на овие двајца тројца што навистина се исклучоци што работаат, другите со договор на дело сите си се дома и кеш во рака!
... министерот или „ слабо гледа“ или е опколен од советници кои не ги бива, овој потег како бумеранг ќе доведе до целосно разнишување на јавното здравство, а посебно во меѓучовечките односи, оти некој да работи, а некој само плата да зема, малку потешко ќе се трпи и ќе се молчи, ќе има голема тензија и неработење меѓу медицински персонал, а пациентите ќе бидат тие кои уште повеќе ќе бидат незадоволни и нема да ја добијат здравствената услуга!
...овие факти, дали никој не ги знае или само се премолчува, навистина ми е чудно дека
постојат закони кои тие што треба да ги спроведат изгледа не ги почитуваат, па да се „потсетиме“ :
...ете уште една причина што нема да се влезе во ЕУ, не постои доктор ниту друго медицинско лице во ЕУ што нема положено државен испит, а да дава здравствена услуга по болниците, овде докторка без пробна работа без лиценца за „работа“ како доктор, па уште „ ја жалат“ истата дека малку била исплатена 15 000 ден
мислам ејјј СИТЕ вакви со договор на дело и волонтери и секакви нередовно примени медицински кадри треба да им се прекине исплатување на плата и да се отворат конкурси за сите рамноправно да конкурираат што имаа услови за вработување според закон во најхуманата професија ... вака бумеранг назад, добрите медицински кадри си заминуваат, а ќе останат вака „шкарт“ од позадина вработени без конкурси без никаков критериум...и утре пак пациентот ќе трпи, нема каде веќе да добие добра здравствена услуга....
... пак ќе кажам, мноооогу греши мнистерот за здравство!