Ова лето колку што отидоа печалбари во ,,Немачка" мислам дека никогаш претходно не отишле. Не е проблем одењето, проблем е разликата што ја прават во човечкиот карактер две илјади евра заработка откако ќе се вратат назад. Има ликови кои што кога немаат пари се приземјени, зборат реални муабети...штом се вратат назад буквално не се трпат. На површина испливува онаа македонштина. Него сите го сакале, газдата го молел да остане, бил највреден ама знаел и да забушава, тој никад не чистел WC-иња, се дупнал од јадење на гага, германците глупи биле а тој итроманот македонски ги заебал, ако зел две илјади ќе каже оти зел четири, обавезно се дупнале пиво пиење, слика на фб од лименки пива наредени една врз друга ѓоа кривата кула во Пиза, да види сиротињата дома како се живее во ,,Имачка" хехе...