Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
SEKAVANJA kajgi sekavanja, uste toa mi ostana

se sekavam na vremeto koga,tatkomi samo sto ke ja pogledne majkami taa vednas znae sto treba da pravi,ako na primer izleguva vo carsija i na pazar,mu go podava paltoto i sesirot,potoa go cetka paltoto so cetka i na kraj gi glanca kondurite so cetka i krpa, a ako se vraka od grad i rabota i e sednat na stolceto mu postavuva legen voda,mu gi soblaka corapite i mu gi mie nozete , a na masa e veke postavena cajka rakija i salata i T.N.....

a denes Denes samo sto ke me pogledne mojata sopruga jas vednas skoknuvam kako poparen,kako da sum programiran so dalecinski upravuvac, vednas letam do sudoperot da vidam da ne ima nekoj tanjir ne izmien i prodolzuvam kon kupatiloto da ne trebe da se pusti masinata i na kraj odam vo spalnata proveruvam dali e dobro namestena pokrivkata i zavesata i gledam da ne slucajno sum zaboravil nekoj nejzin dolen del neispeglan.I ne smeam A da recam oti vednas ke se javat 300 zdruzenija i asocijacii za ramnopravnost na zenite so nas i za zenskite prava vo brakot, a nitu glas da mi se cue oti ako rabotata se doturka do sud,moze lesno da dobijam besplaten prestoj vo Idrizovo.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Дневна доза на читателите и пишувачите на коментари на порталот Инфомакс.

наутро се објавува статија за некој православен светец и празник- 100 коментари „амин“ (пошто се верници)

после иде вест дека Меркел се тресела- најгнасни клетви, навреди и повикување на некаква „божја правда“ од нивниот “севишен“

принцот на Англија рекол дека не му пречело ако детето му било геј- секави коментари со навреди, клетви, потсмевања и повторно повикување на нивниот „севишен“

некој Македонец направил прекршок во Грција и го казниле- стотици коментари исто со навреди, клетви и потсмевања

било каква вест за Русија и Путин- навивање и пофалби до бескрај

вест (со фото) од рандом разголена (српска) „старлета“- напалени коментари од инаку побожните и воздржани подржувачи на семејните вредности

наредното утро пак вест за некој светец- еден куп коментари „амин“

Тоа се тие вистински верници без ниедна грешна мисла.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.343
Кајг,
до кај дојдовме, државата со Министерот за здравство одлучиле оперативно менување на пол на сметка на државата цели 15 000 Е за операција (веќе има пријавено), а што со другите болни кои мака мачат да преживеат и им недостига парични средства за неопходни операции, кои преку донации и социјални мрежи бараат помош?
...мислам ејјјј невидена работа и срамота! :facepalm:
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
499
Поени од реакции
957
ДК
Сакам да ти кажам за соновите, веројатно се некоја проекција на психата, потсвеста или што ти знам што. Но морам да ти кажам.

Често знам да сонувам бизарни сонови ма да не им обрнувам мн внимание, од друга страна пак..иако не толку често, најмногу ме плашат буквално језиви би рекол втф сонови (личности кои ги нема на овој свет, ангели, ѓаволи, разно разни суштества што не ни постојат..итн), да коа станам си ја преиспитам цела животна историја.

Фатив еден добар патерн на соновите, има една работа што не зависи од мене, а секогаш еден тип на сон во кој се случува истото дејствие, ја најавува дека ќе се случи. Сигурно не е коинциденција кога нештото се случува 5-6 пати.
Мислам дека знам и која е пораката..после толку пати веројатно и би требало да знам.
Ма да често посакувам да не бев одгледан со крстот на чело, и да можам без чувства да завршам со се.

И да Драга, ако веќе станувам видовЊак Џио - скида црну маѓијУ, врача вољеног особу, предвиЏа догаЏаЈу.....не е лошо барем една вечер Маријанче да ја сонувам со тоа топчиЊата 7 на број (добро де 9).
Ајде сега, до наредни бизарности у доба ноЧи.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.230
Она кога селф естимот ти е во курац и ниеден маж не може да ти го среди како што може една жена со едноставна реченица, „вистински ли ти се?“. Конобар, дај шо пие малава...
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
ДиКеј;

Некои денови и моменти никогаш не се забораваат. Као нели, уствари тоа е животот., таквите моменти. Ваљда ?

7 години, а како вчера да беше..

27.06

Се надевам дека си добро, чувај се.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Кеј, 23:27 моментално ... слушам Echame la Culpa и барем мислам дека играм како Фонси во спотот.

Утре во 4:30 сабајле кога ќе звони алармот ќе сакам да умрам од срцев удар инстантно.


No eres tu, no eres tu, no eres tu SOY YOOOO :vozbud::vozbud::vozbud: :jeeee::jeeee:
 
L

Löwe

Гостин
Зошто бе секогаш ама СЕКОГАШ кога се возам во бус ќе се најде некој 50+ Северно Македонски Фиромјанец што се плаши од промаја и ќе земе на 50 степени ќе затвара прозор???
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Македонија 2019.
Концептот на дебилни, досадни, претерано еднострани, веќе видени и ИСТИ свадби сеуште постои и е alive more than ever.
Aj тоа, туку мора и сликите со младоженците да ги пресликате со телефон и да ги ставате на социјални мрежи?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
На моменти почна да ми недостига времето кога имав блог. И веројатно да има интерес пак би пишувал. Не сум сигурен зошто. Едноставно ми се пишува. Убава занимација беше да ти текне идеја за нов пост, да го составиш како што треба, да го објавиш, и да чекаш реакции и коментари. И така две и пол години додека тогашниот Блогерај не пропадна.

Не знам ни за што би пишувал сега. Не би се ограничувал веројатно. Би пишувал за се’ што ми лежи на душа. Блогот (исто како темава на форумов) е баш добар да извадиш од себе некои ставови и емоции а не можеш за нив да збориш баш со секого.

Ама како и многу работи и блогирањето наместо да оди напред со тек на време замре во оваа држава. Сега да имам блог веројатно би го читал само јас и уште тројца што ќе бараат нешто друго на Гугл па ќе отворат случајно.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Kaj,
долго не сум пишала. Ептен стресен период имам. Имам еден куп работа која ја стигнувам единствено кога не спијам. Скоро цел месец така за една недела ни е експедицијата јас немам ни време да се радувам што замиунувам на толку долго и во комплетно непознат дел од планетава за што ни на сон не мислев дека ќе одам. Да не прајме муабет дека од кога ќе се вратам треба да продолжам со исто темпо како сега. Некогаш се нервирам што имам толку премногу работи што ги имам започнато. Не е добро кога човек не се фокусира на една работа.. имам стаж за пензија што се однесува на ова! И морам да прекинам. Еве и сега наместо да бркам работа јас се тажам овде и советувам луѓе да се обратат на Милан тарот, пошо морам да се истишам некако.
Фуј, сакам пак да сум дете.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
Моми и момци и бесполови луѓе! Решив да го искористам драга кајгана просторот за да се малце себе-испромовирам. Имено јас и еден колега, соработуваме и заедно правиме туторијали за студенти на градежен, па и за млади инженери. Тазе сме, што би се рекло, но веќе имаме неколку видеа. Би ве замолил да не' проверите, може ќе ви се најде од корист. Иначе тргнавме интернационала, оти јас Македонец, а тој Србин, па за да не биде Југославија all over again, се решивме се' да ни биде на англиски. Зззз Кајганци, се читаме!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom