Пред некој ден, односно во петокот се враќам од маркет, преполна со торби и кесиња и одам по слепа уличка..
И позади мене слушам дете како трча задишан целиот и ми вели - Дадичке, добар ден, велам добар ден, како си? со онаа моја блага насмевка и ми вели сиот радосен (инаку го гледам прв пат) супер, се враќам од школо, последен ден ни е, фала богу нема веќе да ја гледам вештерката учителка, догодина сум трето одделение ама се плашам, почнав да му вртам муабети дека е лесно, само мора да учи. Ми зема едното кесе што го носев а тоа поголемо од него, сакал да ми помогне, учеле последниот ден на школо дека треба почит кон постари, да им се помага, не знам што.
Душата ми се наполни. Среќа куќата ми беше зад следниот агол па кесата ја држеше 2 -3 минути, а душа на заем носи.
Што сакав да кажам, пред да се случеше тоа, одев по жештината натоварена, со паузи седнувајќи на некои клупи, илјадници постари луѓе, дали роднини или познајници, никој не застана да ме праша дали ми е потребна помош околу багажот, таксиња немаше, а колата расипана. И то...
Се сетив на претходна случка на пазар со мајка ми, кога побаравме такси да ги качеме намирниците кои беа потребни за зимница, бидејќи мајка ми не можеше да ги качи работите и побара помош од дечкото што возеше тој и се издра дека ќе се извалкал во новите алишта ако и помогне.
Катастрофа невидена. Не знаеш кој попрво е за ќотек.
И така Д.К полека поминува уште една недела.