Јасно ми е дека Скопјево е хендикепирано со паркинзи, односно преоптоварено со возила и затоа има фрки со паркирањето, ама како ме напизди едно копиле таксиста пред некој ден абе ми идеше да го убијам на лице место. И тоа пази, не бев јас учесник во ништо, него само нем гледач на еден дегенски настан. Имено, во Карпош бесплатен е паркингот нели, небитно секако за ситуацијава, и во една од уличките десно од Рузвелтова си имаше паркирано еден автомобил, троа поубав беше иако не приметив скроз што марка беше, паркиран до една жива ограда, место каде може да собере 4 до 5 автомобили еден позади друг во зависност од големината секако. Карши тој импровизиран паркинг има два контејнери, а измеѓу паркингот и контејнерите има место да помине кола и пол, скоро две коли. И сеа имаш ситуација каде човекот уредно си паркирал, ја прилепил колата до живата ограда за да не пречи на тие што возат по улицата, и имаш таксиста што иде од спроти и на таква мала уличка вози со 50-60 и одеднаш му го собра ретровизорот, ама така го поткачи што му го разеба и детството и гробот и фамилијата и све живо одеднаш. Нормално се разлетаа 500 000 делови, а таксистот застана, отиде таа главната пластика му ја поднамести и си замина мртов ладен, онака кур го болеше што некој ради неговиот дегенизам ќе треба да плаќа пари и да си го ебе раатот.
Ептен ми е криво што не му запишав регистрација и да му ја оставев на човеков под бришачи па после нека го бараше да му ја надомести штетата, ама реално и јас се изненадив од ситуацијата, си одам онака завеан и замислен, што се вика не знам кај терам и одеднаш гледам и слушам брагауууу летаат делови и парчиња од нигде никаде. Ај ќе сфатев да се разминуваа двете коли, се дешава лошо да процениш јебига, ама човече колава паркирана, па вози малце полево крв ти ебам ја на тебе неписмена. Од такт ме вадат вакви ситуации жими се, јас да го направев ова или ќе го чекав човекот да дојде и да му ја надоместам штетата или број ќе му оставев да ме побара отпосле за да се договориме за поправка. И не, не се курчам него стварно сум таков, највеќе мразам неправди во животот. Еднаш трчав по еден муштерија да му вратам 100 денари оти грешно му имав вратено, ќе ме изгазеа коли на улица, се чудеше како е можно да не си ги земам. Му викам абе друже, што ќе ми сменат 100 денари во животот, а и колку и да беа, НЕ СЕ МОИ.
Тоа е, се нервирал јас или не, нешто што е всадено во сржта многу тешко се менува, јебига.