Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.928
Поени од реакции
17.640
30 години ебење во здрав мозок и пак им ја подавате раката кога ќе дојдат да се поздраваат као демек еве не со грѓаните.Колку треба да си дно од човек да го правиш тоа мене не ми е јасно.Па по добро и не заслужувате најискрено.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.011
Вчера дознав дека канџи од орел на полски се викаат ШПОНИ. (канџи на секоја птица-грабливец, ама професорката го даде примерот со орел и со другарот од Македонија се прснавме од смеење, во прва клупа).
Меѓу останатото, утре патувам во друг град, за цел викенд да го поминам во станот кој што го изнајмив и да пишувам дипломската. Кога сум несериозен, тоа е. Единствено ќе ги гледам Мардук. А, потоа ќе ги гледам и во Скопје. Не дека сум толку голем фан, туку кога ја купив картата, не знаев дека се враќам. И, така. Се враќам во Македонија, ја привршувам дипломската, го слушам соседот како страстно рапува (прилично смешно и ужасно) и
https://www.youtube.com/watch?v=Rwni0kaRlJU
The National - Baby, We'll Be Fine
веројатно.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.642
Поени од реакции
27.891
Има ли поголема неправда на светот од тоа што се раѓаме без никој да не праша дали го сакаме тоа? Истото важи и за сите живи битија на овој скапан,усран смрдлив свет.Сакал несакал си се родил.Уште ако испадне дека има живот после смртта,тешко нас
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сакам и јас да носам виолетов шушкавец Nike со број XXXXL иако јас носам L.Да ме видат луѓето надвор и да речат овој човек е навистина модерен и кул.

d3128d2870cdf43d064285174582c9b3--vintage-nike-windbreaker-nike-windbreaker-jacket.jpg
Башка ќе мислат дека имам временска машина и дека сум дошол од деведестите
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не сакам многу да коментирам за политика на форумов. Дури и одамна не ја читам темата за случувања во Македонија. Ама некако ова мора да го пишам. Отсекогаш ми било интересно да ги гледам рекламите во политичка кампања. Главно се стандардни и неинвентивни, имало и некои исклучоци, а богами сум се изнагледал и секакви глупости.

Ама искрено не сум видел поголема будалаштина од рекламата на ДПМНЕ со бутикот. Облакодери бута рекламата од што е толку моронска. А и што е поентата? Ниту има апел да се гласа за нивната кандидатка, ниту пробува да прикаже нешто од нејзините квалитети. Само оцрнување на другата страна под секакви стандарди за пристојност и одвратен обид за лигав хумор.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
ДК,

толку ли е тешко да се ориентираат луѓево во просторот и да газат по пешачка наместо по велосипедска патека?
Пред некој месец една познаничка ја турнаа од точак и скрши колено кај Народна банка од тие што чекале автобус на постојката се шибнал некој во неа и жената со месеци во гипсови и физикални терапии заглави. Денес и вчера ми го кренаа притисокот исти пациенти, застанат на велосипедска и џмури во телефонот, му свириш како изгубен уште во тебе се пика, абе само камшикот и казнување редум се што ќе начекаш, ако не знаат милум ќе се научат силум како треба да се однесуваат и движат, тибам народот непрокопсан!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Ако на крајот од денот кога ќе си ја почешаш мишката и не ти смрди на пот и дезодорансот се уште работи, значи си немал продуктивен ден.. Или дезодорансот да го смениш..
Или да ги избричиш мишките..
Без пот нема успех.. Ако потта беше мерило за успех, јас ќе бев милијардер до сега..
Треба да престанам со кафето.. Не знам ни кога сум почнал.. Можи да се немам воопшто кафе напиено, само мозочето ми е навиено. Јо!
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Д.К

Голема будала сум, помагам на човече на кое не сака да му биде помогнато.
Залудно изгубено време и труд.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
А кога мислиш да се жениш рече комшискиот глас со клавир насмевка и жолтеникавост?
-Па знаете го чекав ова прашање веќе подолг период да го постави некој да ме праша и да ви одговорам сега ќе го направам тој потег веднаш се женам ви благодарам.

Комшија пазареше?
-Да.
А што изнапазари?
-На мајка ти пичката.

Абе да те прашам у таа фирмичката колку ви дават,шо платичка земаш?
-Комшија не е проблем во понеделник ќе ви ја доставам цела документација од работен стаж,анекс за договор на вработување,месечни примања,вкупна заработка од целата година,бонуси,работени празници,се надевам дека ќе ви ја доставам целата потребна документација која ви е неопходна за да констатирате од кај ми се парите за мојте нови Nike патики кој успеав да ги сменам после 3 години.Доколку сакате може да ви излезам во пресрет и да приложам целосни документи од мојте родители за нивниот работен учинок па вие најуабво дома да направите еден рекапитулар за целата година.Ви благодарам на разбирањето комшија вие сте мојот Ујп.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Целиот живот не е ништо друго, туку едно големо прифање на промени. Промени на луѓе, средини, пријателства, состојби материјали, душевни, емотивни...
Сега седам и размислувам за мојот живот и сфаќам дека многу некогаш драги луѓе сега веќе ги нема од мојата мапа, на улица никогаш не ги среќавам, немам никаков контакт од нив, а и ако се сретнам и ги препознам тешко дека и они би ме препознале и би следувало обострано разминување. Кога сум бегал од некакви друштва и опкружувања или пак сум се радувал дека следувало ново поглавје од мојот живот со нови луѓе, секогаш пред очи ми биле лошите моменти поминати со тие луѓе, а голем дел од тие луѓе никогаш не биле лоши со мене, туку ете биле опкружени со некој што не бил коректен со мене и сум ги групирал сите во еден кош. Но, сега за првпат во мојот живот, во 4:22 наутро на 14.04.2019, се присетив на сите убави моменти со нив, и знаете што, сфаќам дека убавите моменти всушност биле многу многу многу повеќе на број од неубавите, а ние сме такви суштества што само лошите работи ги гледаме и ни остануваат во сеќавање. Се лутиме ако поради едно лошо, ни заборават се добро што сме сториле, но всушност и ние самите за жал сме такви, општо за се, секогаш мозокот го окупираме првенствено со лоши мисли, лоши ситуации, а добрите не ни задржуваат внимание се дур не станат далечни спомени. Така јас сега, се присетив на моето одделение од 1во до 6то во основно пред да сменам школо, ги памтев тие деца т.е. поединци од нив по лоши спомени, но сега сфаќам колку само со тие деца сум имал убаво и безгрижно детство и колку сум бил опуштен со сите нив. Сега влагаш во просторија полна со луѓе, од 100 знаеш 10, од 10 разговараш со 1, тогаш си ги познавал сите и со сите си бил доволно опуштен да ги прашуваш од приватни работи до најопшти теми што би можело да ти текнат. Сите тие деца ги памтам многу добро на име и презиме, за сите нив памтам дури и кој број во дневник биле, но со ниту еден немам контакт денес, ниту го имам на фб/инстаграм или други социјални мрежи.
Фората е што јас сум ги знаел сите тие личности кога биле невини деца, се било обележано со игра и смеа, немале уште свој карактер. Сега може голем дел од нив се расипале, фатиле лош пат, можеби и не, никогаш нема да дознаам, бидејќи не сум дал шанса да останат во мојот живот. Сакав само да кажам, сите вие сте имале точка од вашиот живот каде што сте знаеле многу луѓе и сте ги отфрлиле голем дел од нив, правдајќи се на тоа дека животот на различен пат ве однел, непружувајќи им шанса да останете блиски со личности кои се идеални за вашиот карактер и ви е убаво во нивно присуство, а потоа следи стадиум каде што имате минимален круг на блиски луѓе, често не е ни круг, туку една единствена личност, може и ниедна. Ќе речете подобро еден вистински другар, отколку 100 лажни, но не заборавајте дека можеби во процесот на бегање од нешто и трагајќи кон нови предизвици, сте отфрлиле потенцијални вистински другари.
Да ги барам сите на фб, да ги аднувам, да им кажувам дека ми текнало на нив, нема никаква смисла, сите се со свои животни проблеми, дечковци/девојки, а и на крај краева голем број најверојатно не се ни блиску емотивни како мене па да наидам на разбирање, им посакувам само да се среќни, како што ги памтам јас во моите спомени кога сме биле мали. :)
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
e D>>>... ova vreme go cekav, DOJDE ZIVOT,
zavrnaa dozdovi i rano pocna da izlagaat, stanav vo pet i pola veke vo sest bev na teren.
I samo sto se vrativ od ZIVOTOT mokar do kolena i ramenja ama so polna torba.
Ne e mala rabota koga gi meram celi 19 kila a koga ke gi posipam so voda pred prodavanje opa 20 kila.
Ajde ne dremi tuka izleguvaj vo ZIVOTOT kratko trae ova.
Edno kilo polzavi 30 denari i ladno pivce ke se napies, dve kila polzavi i op eden tost a so tri kila polzavi imas i cela kutija cigari.
Eee...ZIVOT li e ova ili panagur
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.642
Поени од реакции
27.891
Како мал на екскурзија во Виена наставничката ми рече ако доцниш,ке те оставиме тука.До ден денес ми е жал што не задоцнив.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom