Кајги...
Еве да ти пишам за последен пат од земјава... не, не одам нигде на пат, нит сум земал бугарски пасош, нит планирам у брзо време да го напуштам Скопјево. Последен пат ти пишувам овде од Република Македонија... утре ќе се прави целосен рестарт на државата, ново име, нов Устав, нови закони, а старите проблеми ќе си останат, има време за нив, 28 години ништо не е, навикнати сме ние
.
Македончето пак ќе си остане најебано, другите малцинства добија поголеми права, ние што? Види Кајги:
1) Поголемиот дел од Македонците несакаа промена на Уставното име... го променија
2) Другиот дел (помалиот) од Македонците не ги интересираше името, али сакаа конечно правдата да завладее во земјава... БАМ општа амнестија за сите криминалци.
А Европа? Ех, колку дволична курва е таа Европа... знаеш овие два-три месеца спласнаа муабетите за влез во ЕУ, туку само за во НАТО, што и беше цел тоа да се направи. Значи фактички не искористија како кондомче за еднократна употреба за да можат САД и Европа преку нас да си го мерат курот со Русија, истото го направија и со Црна Гора, останаа и тие кутрите само со НАТО, за ЕУ ќе си почекаат. Сега ќе треба да плаќаме одредена сума на пари на годишно ниво, за да наши војничиња под капата на оваа организација силуваат и убиваат невини жители во некои други трети земји... а за возврат што ќе добиеме? .!.
Не заслужуваме држава Кајги, таа е реалноста... едино што ни преостанува е да им честитаме на Албанците, Грците, Бугарите и Србите што преку Тиранска Платформа, Преспанскиот и Бугарскиот договор, како и неприфаќањето на црквата успеаа да го доутепаат народов овде, на духовен план пред се...
Утре е празник, Свети Стефан... именден на брат ми. Убав ден, али нека ми простат сите, и не ми е така до славење. До наредно читање Кајги, од некоја друга нова земја, со стари проблеми