Драга,
Убав ден денес. Се нафатив да го поминам цел в кујна, и спремив скоро се од трпезата. И се изнауживав - ги собрав сите мириси од сѐ што се пече и крчка, ама бар пуштив мозок на пасење и за неколку саати заборавив на сите обврски, грижи и стресови, пред се од работа. Многу одговорности, упм, да полуди човек. Нејсе, не ми беше тоа поентата. Обожувам да слушам божиќни песнички периодов, некако ми ја полнат душата. И зедов, по вечерата, си пуштив Spotify и си слушам Christmas songs дур по дома гледаа глупости на ТВ. Едно стихче од една моја преомилена - lets hope the next beats the last... И одма ме мавнаа некои bad филмови. Како си поминуваат годиниве, упм! Ко до вчера јас дете да бев, а сега израснувам едно. И како расте, на моменти се чувствувам ко душата да ми излегла од телото, се вратила 30-тина години назад и се гледа себеси однадвор. Ко во огледало. Па и тоа: ко вчера да беше кога се роди. Си лета времето, и секогаш во вакви моменти ми доаѓа мислата дека останува се помалку време за да ги впиеш сите убавини од светов. Ќе останат толку места непосетени, толку песни неслушнати, толку книги непрочитани, толку филмови неизгледани, што уште 10 животи малку би ми биле. И така. Се чувствувам тажно, во друштво со некоја порано дојдена средовечна криза, ваљда. И морав некому да кажам. А кој би ме разбрал подобро од некој ко тебе кој само ќе ме ислуша и ќе си молчи?
За многу години, btw!