Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сакав на мајка ми да и се јавам и да и честитам роденден во 00:00 ама таков пензионер сум што сум задремала :tapp: и сега за да се извадам со некаков српрајс ќе и вртам во 05:30 сабајле кога и е родена. Малце ќе добијам пцуење ама јбг :D
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.050
Поени од реакции
2.532
Да бидеме искрени,никој не сака да седи сам дома за нова година па и општо за викенди кога сите се излезени.Посебно млади луѓе,дај не заебавајте што е јакото да седиш дома додека сите се забавуваат,па и толку пари да платиш и да се истепаш и се пак е поубаво него ли дома да седиш.
 
Ф

Флеш

Гостин
Некои луѓе се чудни,им угодуваш со услуги секогаш,ако им го кажеш првото НЕ,веднаш стануваш/мењаваш свој статус на расипан човек за нив,не ти праеле муабет демек веќе .

Стани свој,не давај да други ти даваат наредби ....
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ајде и јас да ви посакам среќна нова на сите, и само убави работи да ве следат во новата , многу здравје, љубов, среќа и успех на сите полиња.
И не жалете за потрошените пари, спомените се тие што остануваат за целиот живот. :cool:
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.331
Поени од реакции
4.623
Del od 2018 pominav kaj Northmakedonidzanski gazdi/politichari sho pravat budala od sebe po televizija cela godina, se prikazuvaat kako nekakvi humanisti, a ne sakaat da prijavat i voopsto platat kvalifikuvan kadar edinstven diplomiran so taa struka. Ne znam kako i zošto? Ke go zbogatat li tie pari koi gi praat u sekunda sho se vika. Zosto i bi platile koga iako ne se na vlast isto kako da se, inspekcija ne im vleguva. Si mislam sho ako se povredev/izgorev, posle nokni smeni i rabota so silni kiselini i bazi? Najverojatno i kriv ke me izvadea i mene ke me nateraa da platam nekoja kazna :D Ma i bi trebalo so ogled na chekanjevo i naivnosta...aj denes aj utre dokumenti donesi, pa godisen odmor zemal i pominale meseci. A sho da prais, ke si reces golema firma super plata, vredi da se poceka, ne biva da reces utre nosam dokumenti i ako ne me prijavite si odam ili da baras nekoj skolski na tatko ti sho moze e u dobri odnosi so nekoj od shefovite?

Malku povedra tema, zavrshiv u Split, za navidum malku porelaksirana godina, sho moze da izleze kako presvrt ako iskoristam del od project management znaenjevo i pomognam u proekti za environment i sustainable development issues in Split. Treba ucenje, istrazuvanje ali imam uste cela godina
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Образованите, начитаните и елоквентните Скопјани како новогодишен поклон си добија епидемија на морбили, среќна и бериќетна 1967 година.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Ќе изумрат од болести од пред два века, ама модерни и начитани родители кои за здравјето на децата со молат со икона и АМИН во коментар.
Нека се врати и чумата и се да покоси.

Screenshot_20190102-185516~2.png
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не сум верник ама Господ ако постои, нека им биде напомош периодов на мажите на антиваксер мајкиве.

Пред да ми искочи дека прогласиле епидемија, ми искочи на женскине групи девојче дијагностицирано со улцерозен колитис како прашува за информации а тие со одговори abe znam vra4ar, abe treFki edni zemiiii mozzi ke ti pomogne...
Абе еј владиве ја сведоа медицинава на ниво на гомно што рандом Милева од Ракотинци со три реда школо изиграва сеоски Луј Пастер на фб и советува тревки за животно загрижувачка болест. Жими се да сум некој фактор во тоа ќумезот од држава би ги ставала во притвор ваквиве.

Посетувајте стручно лице секогаш кога имате проблем, барем по препорака, не си играјте со здравјето поготово не на децата.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.832
Поени од реакции
11.965
Да сум на власт, сместа би им ги зел децата на идиотиве што не ги носат на вакцинација. И не само тоа, туку и големи казни треба за тие амеби. Децата им се болни со болести од 15 век и пак не ги носат на вакцинација, прочитале од некој идиот на интернет дека не се здрави вакцините и што уште не.

Не е секој идиот за родител, само жал ми е за децата, поради нивните амебоибни родители страдаат од болести од среден век.
 
N

Nathan

Гостин
Драга,

Често пати се фаќав како и' се исчуџавам на разнава пациентела која ти се обраќа тука, за сега да сфатам дека постои некој чуден катарзично-егзибиционистички момент во ова. Елем, што се однесува до постновогодишниве резолуции - сакам да почнам да ги слушам соговорнициве со вистински интерес, да се ресоцијализирам, да извојувам битка над депрево, конечно да престанам да бегам од љубовта и да ги средам флуктуацииве во килажава. Нескромно, знам, но не и неизводливо. Остало све пет.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.502
Поени од реакции
18.258
Мислам дека е глобален феномен, владее епидемија на погрешна селекција на информации во доба на информатичка ера кога се е достапно со два три клика, али ете парадоксално, веројатно поради човечката природа на чувство на наводна сезнајност, или пак можеби отсуство на критичко размислување, доста често се земаат глупости и невистини и се прогласуваат за вистини. Абе Орвел нек си ибе векот али многу погоди лол :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom