Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Пошо сум огромен хејтер, 80% од мислењата на темава ми беа хејт, така 2018 ќе ја затворам со хејтање.
До вие што ги изнасликавте флашите по Белград и останати биртии низ државава, што се мислите некоја аристократија жалам што морам да ви соопштам, сите знаеме дека не сте никаква елита. Сите знаеме дека за да го земете отепаниот коњопој, ќе ве исцедат со пари и морате да земете флаша. Сите знаеме како едвај сте се склопиле да ја платите таа маса. И ние што не сликаме плаќаме за истите маси. А, ако сте толкава елита сликајте флаши и на 20ти октомври и тогаш бидете мангупи, кога не ве уценуваат со пари за да земете маса.
На другите ви посакувам среќна Нова и убави празнични моменти.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк



Вчера го открив бендов супер нели?

I’m Happy as I am Cause I’m leaving Days will be the same In a different way Going to a place Where I used to stay Writing something new In this home I know We’ll be all right Stay here some time This country dog Won’t die in the city

 
Ф

Флеш

Гостин
Нишо не праам,слободен сум денес од работа,план ми е да си лежам и изгледам Викинзи .Сеа се разбудив во 14:30ч,ќе лежиме уште . Не сакам ни кафана,ни некој да ми дојде,сакам сам да сум во мир.Ќе праат нешо моиве скара,благо,газирано,со братот тука.Едноставно дома . Имајте убав ден,мирно само. Само обичен ден кежуал .
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.457
Поени од реакции
18.456
PsychoTheRapist

Драга зборов си има длабоко значење ...
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Среќна Нова, јас посакувам повеќето од луѓето да не бидат фини и винаметелни само кога се им оди под конец за нив, него и во нормални и во лоши времиња да имаат разбирање и трпење и да се обидат да соработуват во решавање на проблемите. Ви посакувам убаво да си поминете денеска
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Полека отиде и оваа 2018. Си викам ај за крај на годината ќе си направам една ретроспектива тука на ДК. За мене ова беше во секаква смисла rollercoaster of a year. Стварно се случија многу важни настани, нормално и ситни и крупни. Сега ми текнува на пет крупни работи кои ќе ми бидат асоцијација за 2018 кога во иднина ќе ми текне на годинава. Две извонредни, една непоправливо лоша, една онака фина и една крајно глупава а епилогот за неа ќе биде следната година.

Прво за најлошото. Во 2018 загубив ептен драг пријател. Никогаш не помислував дека уште млад ќе доживеам да погребам другар. Некогаш на најдобрите луѓе им се случуваат најлоши работи. Човекот кој беше секогаш ведар и насмеан, кој во најтешкото знаеше да ми даде поддршка, кој знаеше да најде нешто смешно и забавно и во најситните работи и да ми честита роденден на најоткачен начин, ја загуби битката со болеста и замина на друго место...

Во 2018 за жал си имав работа и со кретени. Пошто колку човек да се труди да ги избегне тие демнат и од најнеочекувани места. Овој пат наградата „кретени на годината“ оди кај една „елитна“ туристичка агенција која два пати ми одложи платено патување, па на крај морав со тужба да си ги барам парите назад. Пишував веќе кратко за тоа, може ќе напишам нешто и на широко. Инаку на суд ќе се видиме многу скоро, па оваа глупа епизода ќе заврши во новата година.

Фина работа беше патувањето во Белград. И за тоа пишував тука. Доказ дека човек може за кратко време на своја рака да се организира, да отпатува некаде и да си помине убаво. И него го тргнав од списокот, за догодина здравје во поход сум на нови дестинации.

Сега за најубавите работи. Прва извонредна работа ми беше новото работно место. За промена можело и вака. Конечно сум на работно место на кое се пронаоѓам и на кое со ќеф одам на работа. Финансиски секогаш може подобро, ама шуќур, за сега е ок. Порано мислев дека тешко би работел работа која бара секојдневен контакт со луѓе, но мило ми е што сега во пракса гледам дека ме бидува и за тоа. Само кога ќе помислам дека сериозно се мислев дали да ја прифатам работата... Овој пат одлуката беше на место.

Втората извонредна работа... Обично она new year - new me е глупост, ама за мене оваа година не беше. Она што почна со „треба да ослабам, ама не знам како“ заврши со -20 и кусур килограми и со целосна промена на начинот на живот. Сега кога ми треба доза на мотивација едноставно ги гледам старите слики и ги споредувам со новите. Една од најдобрите работи што ги направив за самиот себе и сигурно едно од моите најголеми постигнувања.

И тоа би било тоа. За догодина прво нека сме живи и здрави, па да се читаме тука за што поубави работи. Ќе се читаме и за лоши и глупи работи сигурно, ама нека е тоа во помала мерка. Среќна Нова 2019, колеги кајганџии, па се читаме догодина!
 
Член од
20 август 2018
Мислења
170
Поени од реакции
299
Хеј, јас сум.
Најискрено сакам на сите да ви посакам да имате незаборавна година, со многу љубов и смеа.
Изминатата мене ми беше една од полошите. Многу глупи грешни работи.. Stupid Me :X3:. Важно да не се повторат.
Вечерва че се забавувам и че си денсам како никој да не ме гледа :D.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
315
Поени од реакции
229
Требаше да идеме да седеме кај еден другар, наместо тоа отидовме во казино. Во казиното потпошив 800 денари.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.882
Поени од реакции
17.717
За промена оваа Нова година ке ја дочекам дома, наместо како секоја да се пијанчам некаде. Инаку годинава имаше и позитивни и негативни работи. Од позитивни тоа што добив поголема желба за работа, што запознав некои краишта возејќи велосипед, бев со другарите прв пат на Шапка на зимување. Од лошите има многу, но како и секогаш прво ке издвојам губење на блиски личности засекогаш. Како и сите и во Новата 2019 имам многу очекувања, но не сум некој оптимист.

Како и да се читаме следната година драги. Имајте пријатна вечер каде и да сте
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
2018та - Година на многу нови квалитетни познанства и повторно заљубување у Струмица. Да ми кажуваше некој дека вака ќе се одвиваат работите пред година дена - луд ќе го сторев. Посебно втората половина, од кај летото навака. Фучење на најјако пуштено. Пољупци до сите шо ми ги збогатија и красеа овие 365 дена.:love::love::love: #idemodalje
 

Kajgana Shop

На врв Bottom