Кајганке
Во време кога цел Охрид и цела Македонија собира донации за лекување на Сара Настоска, охридскиов Крадоначалник излегува на седница на совет да објаснува зошто Општина Охрид не е во можност да донира средства
![Си свиркам :свиркам: :свиркам:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/whistling.png)
а при тоа истиот тој го одврза општинското кесе и им додели по 14.000 денари на секој вработен за регрес за годишен одмор де да им се најдат
![Си свиркам :свиркам: :свиркам:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/whistling.png)
.
Советот пак на истата таа Општина Охрид составен од советници од сите политички партии НЕ прифатија Општина Охрид да донира средства за лекување на ова 15 годишно девојче, ама затоа ЕДНОГЛАСНО прифатија да се обештетат кафе баровите кои беа оштетени од временските непогоди.
Охридските “бизнисмени“ кои доброволно се напикани во езерото се побитни од животот на едно 15 годишно девојче.
Овие советнициве сите до еден се вработени некаде + земаат месечен приход од советничката функција, (која што ја добиле затоа што НАРОДОТ ги избрал), не им се слуша да се откажат од месечниот надоместок.
Општина Охрид не е во можност да донира за еден детски живот, ама затоа пак е во можност да распише тендер за украсување на градот за Нова Година во висина од фантастични 1.594.700,00 денари.
Мизерија сме.
Дно дна е мал збор.
Да ви се плукнам и во тендери и во се живо и диво и се по список, крвопијци, гребатори, идиоти.
И држава после, каква држава Кајгич, нека не стават во еден топ и право на Марс, море каков Марс, ние за некаде подалеку сме.
Ние не заслужуваме држава. Ние сме еден ГЛУП народ кој ќе си извади очи де за едните, де за другите, со наши гласови доаѓаат на фотелја, со наши пари земаат плата, а нив единствено важно им е сопствениот новчаник.
Кајганке ќе бидеме држава кога болните ќе ги лекуваме од државниот буџет, а пратениците ќе земаат плата од СМС пораки, ако им прати обичниот народ, а до тогаш чесните обични граѓани ќе донираат од сопствената пот за да се спаси еден млад човечки живот.