Драга Кајгана (виртуелен дневник)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.682
Поени од реакции
37.668
Кајг, да не сакаш сладолед?
во замрзнувачот имам едно петнаесет на стапче и едно десет во корнет! :confused:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ајнштајн велеше дека во четвртата светска војна оружјата ќе бидат стапови и камења, ама не знаеше кои ќе бидат оружјата на третата светска војна. Е па брате Алберте, третата светска војна се случува со користење на перење на мозок преку пропаганди, фејк њуз и поделба на народот на "нашите паметни и нивните глупи"
Јака работа е како еволуираат војниве во човештвово
 
Ф

Флеш

Гостин
Ти се пљукнам во македонскиот мозок . Гледаш огласи .... Цена .... ? Одговор .... Во инбох .... Ок ....Видов цена ....Инфо повеќе за работава ? На телефон ќе се слушнеме .... Дај телефон тогаш,велам..... Ми праќа ...,, Му звонам,покасно јави ми .... Во три периоди од денот ѕвонам .....Нема време за работа шо сака да продаде ,,,,, Па ме влечеш за цена скришум,инфо те мрзи на порака,сакаш директен телефонски разговор,па те нема достапен ..... 70 % огласи се вакви дебили ..... Иначе објави спротивно дека имаш пари на оглас да купиш,бараш да земеш ....За 60 минути имаш 100 пораки во коментари:ROFLMAO::tapp:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Во ова море од сивило што ја исполни саботнава вечер,фалеше да пуштат на тв реприза од некоја мизерна емисија во која гостуваше Трифун Костовски и тоа верувале или не во својство на пејач.Ај си викам да видам до каде може да одат лугето кои само поради тоа што имаат многу пари вршат терор врз обичните луге.Трифун бил Македонскиот Леонард Коен?!?!?!? :facepalm: А се срамев кога Ваја Кон Диос поради глама од отварање лимеки и шушкање со кеси од чипсови го прекинаа концертот на саем со зборовите ако ви е досадно кажете да си одаме парите ке ви бидат вратени.Ах бре Македонијо,ах бре мизеријо
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
https://youtu.be/QPpNOl091so

Кога падна муабет за Трифун погледнето го видеото и видете како манипулира со младината и до јавноста.Оние што не го знаат најверојатно ќе помислат дека овој е светец.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.682
Поени од реакции
37.668
Кајг,
сега знам зошто има вакви траги-комични ситуации кај нас и зошто „отупе“ народов, тоа е од турските серии кои долго време емитувани на сите Тв канали го хипнотизира гледачот да не резонира правилно, пу пу пу добро што одамна прекинав да ги гледам!:semolam:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Колку само добро си поминав синоќа на театар во Штип. Тарик Филиповиќ како Ќиро Блажевиќ. (y)(y)(y) Кој има можност да ја гледа монодрамата нека не се мисли. Со пуно срце ја препорачувам.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,

Пред некој ден имав една mind blowing ситуација.
Си ја пеглам косата пред работа и гледам некои видеа на јутуб. И почнува едно за 5/25 правилото на Ворен Бафет.

За тие што не знаат, тоа оди вака:
Еден ден Бафет се шетал низ една од неговите компании и го сретнал пилотот Мајк (името е небитно) кој работел за него веќе десет години.
Бафет му рекол "Ти чим работиш за мене десет години, нешто мора да правам сосема погрешно" - во смисла, досега Мајк би требало да има своја компанија или слично.
Бафет го замолил Мајк на лист да му ги напиши 25 работи кои сака да ги постигне во животот, без разлика колку лудо му звучат.
Овој ги напишал и Бафет го прашал од овие сите 25 да ги заокружи оние 5 кои му се најбитни.
И после тоа Бафет го прашал Мајк - А што ќе правиш со останатите 20?
Мајк му кажал дека ќе ги извршува кога ќе има време.

Не, му рекол Бафет. Тие 20 работи само што ги стави на листата "одбегнувај по секоја цена". Никогаш нема да ги започниш ниту завршиш се додека не ги завршиш овие пет.
Не се сеќавам дали имаше морал приказнава, мислам дека каснев на работа за да го дослушам видеото.

Но ми остана во глава цел ден.
И кога се вратив од работа седнав да видам кои се моите 25 работи кои сакам да ги постигнам во животот.
И сфатив една многу клучна работа за себеси.

Јас на листата може да напишам дека сакам отворам три СОС детски села или дека сакам да помагам постојано на сиромашните или дека сакам целиот мој профит да го делам со помалку моќните - сето тоа ќе е само привидение на она што вистински се трудам јас да го постигнам во мојот живот.

Да си простам на себеси.
Јас имав само една работа на мојот список од 25 работи кои сакам да ги постигнам.
Да си простам на себеси.
За тоа каков човек бев.
За тоа колку бедна, злобна, плитка, себична ќерка, сестра, внука, девојка бев.
Да си простам за тоа каков човек никогаш нема да бидам.
Да си простам за тоа дека најверојатно никогаш нема да сум финансиски стабилна.
Да си простам за тоа дека кога требаше да вложувам во себеси, јас се што правев беа да запознавам мажи, да откривам мажи, да бидам со мажи.

Да си простам дека никогаш не инвестирав во себеси.
Да си простам за тоа дека најверојатно никогаш нема да станам мајка, дека сеуште сум пресебична за таква обврска.
Да си простам на себеси што никогаш нема да имам доволно пари во животот.
Да си простам на себеси што никогаш нема да сум доволно паметна да работам две работи како мнозинството на луѓе кои ги познавам.
Да си простам на себеси што секогаш ќе се сметам за помалку од другите луѓе.
Да си простам на себеси за сите работи кои ги правев на сите мажи во мојот живот.
Да си простам на себеси за Славе.

Никогаш нема да успеам да го направам ова и што и да напишам на таа листа ќе се врти околу овоа.
Да си простам од тоа што совеста ќе ме изеде за сите овие работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom