Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Clementine

Dreamer
Член од
19 август 2018
Мислења
36
Поени од реакции
50
Јас сум ПР на дедо Ајни па @Anco @teneke дедо е трајно недостапен:)
Јас со дедо се согласувам дека не е сигурен дека Универзумот е бескраен ама у едно е ептен нај сигурен дека чоечкана глупост со гаранција е бескрајна.
Гаранцијата трае од зачетокот на mankind до infinity............o_O
А деденце велеше внучкО слушај го дедо така да това е :cool:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
три пати се вратив да видам дали сум ја исклучила греалицата, ќе ја земев со мене да не му ја мислам, ама не е пегла ебаго! :свиркам:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Другарка оди на посета кај нејзините, овие ѝ ја запленуваат травољината, „што е ова?“, „не знам, Агда ми го даде“...

Кајг, и повторно е 2003та, а родителите на сите другарки ме мразат затоа што се облекувам чудно и негативно им делувам на нивните деца. Што дочекав на 31...:pos:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Може ли да те прашам нешто whatto?Секако.Кажи ми една работа што ти смета највеќе во ова земја?Па незнам господине,не ги пратам политичките случувања толку блиску.Незнам.Ама мора да постои нешто?Па,што и да е,овој град треба се исчисти,бидејќи овој град овде е како отворена канализација,знаете,полна е со нечистотија и смрдеа,понекогаш и неможам да ја поднесам.Кој и да стане претседател треба навистина да исчисти,знаете на што мислам,понекогаш излагам надвор мирисам и добивам главоболки бидејќи е толку лошо,како никогаш да не оди,мислам дека претседателот треба да ја исчисти ова нечистотија,и да ја пушти низ шољата.Па мислам дека знам на што мислиш whatto,ама нема да биде лесно,ќе мораме да напрвиме некој радикални промени.

*(whatever becomes)

*1976
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Кајганке :love:

Во време кога цел Охрид и цела Македонија собира донации за лекување на Сара Настоска, охридскиов Крадоначалник излегува на седница на совет да објаснува зошто Општина Охрид не е во можност да донира средства:свиркам:а при тоа истиот тој го одврза општинското кесе и им додели по 14.000 денари на секој вработен за регрес за годишен одмор де да им се најдат:свиркам:.
Советот пак на истата таа Општина Охрид составен од советници од сите политички партии НЕ прифатија Општина Охрид да донира средства за лекување на ова 15 годишно девојче, ама затоа ЕДНОГЛАСНО прифатија да се обештетат кафе баровите кои беа оштетени од временските непогоди.
Охридските “бизнисмени“ кои доброволно се напикани во езерото се побитни од животот на едно 15 годишно девојче.
Овие советнициве сите до еден се вработени некаде + земаат месечен приход од советничката функција, (која што ја добиле затоа што НАРОДОТ ги избрал), не им се слуша да се откажат од месечниот надоместок.
Општина Охрид не е во можност да донира за еден детски живот, ама затоа пак е во можност да распише тендер за украсување на градот за Нова Година во висина од фантастични 1.594.700,00 денари.

Мизерија сме.
Дно дна е мал збор.

Да ви се плукнам и во тендери и во се живо и диво и се по список, крвопијци, гребатори, идиоти.

И држава после, каква држава Кајгич, нека не стават во еден топ и право на Марс, море каков Марс, ние за некаде подалеку сме.
Ние не заслужуваме држава. Ние сме еден ГЛУП народ кој ќе си извади очи де за едните, де за другите, со наши гласови доаѓаат на фотелја, со наши пари земаат плата, а нив единствено важно им е сопствениот новчаник.

Кајганке ќе бидеме држава кога болните ќе ги лекуваме од државниот буџет, а пратениците ќе земаат плата од СМС пораки, ако им прати обичниот народ, а до тогаш чесните обични граѓани ќе донираат од сопствената пот за да се спаси еден млад човечки живот.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Кајгано,
Давам предлог, да се донесе закон, ако се појави во социјалните мрежи апел за донирање на средства за лекување на некого, за 24 часа полицијата да има обврска да го испита случајот.
Ако апелот е вистински, министерот за здравство по автоматизам да биде разрешен. Колку и да сме калаку*ница од држава, па треба некој барем за лекувањето на децата да води сметка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Две недели (уствари 2 месеци веќе само ајде) сум по патишта без прекин, Бонева гомна да јаде, спијам по 4-5 саата на ден, за појадок имам задолжително Аспирин, белото влакно што го имав се размножи. Немам гледано ниту ТВ, ниту па Нетфликсот е уклучен, домашниот ПЦ па да не зборам колку прашина има фатено. Така сум напукана што ми иде на ова Шилеговци, Милеговци што не сакаат да имплементираат едно 4-5 прости правила за кучињата, на она Богено што ми ја асфалтира Партизанска кај Влае 2 месеци и на оние од Охрид што дадоа 100,000 евра за Северина и за генетскион отпад а за Сара им чуе, да им влезам со мајагери па макар после решето со куршуми ме направиле. Главите од цимент би им ги гмечела, багра покондурена.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Драга Кајгана,
Одамна не сум пишал тука оти пишував само на темата за политика, шо не е насловена „Политика“, туку „Случувања во Македонија“ и веќе таму не пишувам! Мислам дека не е време за поделби и кавги за политика кога државата оди напред и се радуваме на поубаво утре, па затоа ако веќе таа тема се вика „Случувања во Македонија“, треба сите да потпишеме петиција, преку лајкнување на овој пост, за да им биде на тие шо пишуваат таму забрането да пишуваат за политика, а на место тоа да пишуваат за некои нивни случувања во Македонија од секојдневниот живот. На пример:

-Јас денес гледав еден филм со Мег Рајан. Филмот беше романтичен и на крајот она заврши со тој шо го сакаше и имаше убава музика со виолини. Уште од мал сум ја сакал Мег Рајан оти има убаво лице и очи, ама не сум ја видел во некој филм одамна, па напишав на Гугл „Мег Рајан“ и ми се појавија слики од некое чудовиште искасано од пчели по лицето, шо после видов дека биле слики од Мег Рајан, ама понови, остарела у меѓу време и ставала нешто во образите за да изгледа помлада. Тоа не требало да го прави.

Е вака нешто, иако ова не е баш некоја случка, туку повеќе е впечаток, ама нека стои како пилот за како треба да изгледа отсега натаму еден пост во таа тема за „Случувања во Македонија“.
Еве ја прв ќе ставам лајк на овој пост за да тргне работата на арно во нови подвизи и напред Ма...земјо моја и граѓани на...тука.

П.С. Не можам да го лајкнам овој пост, не знам зошто, на фб може ама тука не. Изгледа има некој проблем. Затоа вие можете и заедно ние можеме да ја избркаме политиката на поделби од овој тука форум!(y)(y)(y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг, замисли... му викам, зш бе не даваш знак / жмигавец каде вртиш ќе не испогазиш...а тој во една рака ајфоно, а во друга цигарата одговара... “а шо ви е гајле каде вртам, кога јас сум со кола, а вие сте со пешки? “ .... :vrtioci:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ја не знам што е со луѓево бе? Значи не ми е јасно што им смета у зградава да има домофон и да се влага со шифра. Порано се влегуваше со клуч арно ама стока народ намерно ја расипуваа бравата. После се направи да се влегува со едно ко чип, арно ама и тоа не чинеше, не им се даваше ебени 60 денари. Сега е само со код и пак ставаат цигли и ја расипуваат бравата. Одвај чекам некој наркоман да ги нападне ко што се има дешавано, стока неписмена


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
*Hard to swallow pills* Halloween не е ваш празник па да си прајте бајрам со умот. Крај. Џабе им прајте лице на Америте, не ви даваат виза. Има посебен термин за луѓе шо се откажуваат од својата култура и притоа приспособувајќи се на туѓата изгледаат како кретени. Weaboos, то сте.
Погоре за муабетот по патишЧана, скоро секој ден одам за БТ, каков и обид за створање камен во бубрег го елиминирав. Душа ми се треси по дупкине ко црнци генгбенг да ми праеле. Али како викаат, после неколку години доживеани мизерија во МКД ти е сеедно и не се замараш, тажно но многу вистинито.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг, замисли која финта.... ме прашва, а мор ти шЧо знаеш сФешто, шЧо е бело тнко и длго во пустина? :toe:
ами не знаеШ, то ти е бел конец !:несвест: ...а знаШ мор шЧо е црно тнко и длго во пустина?
...знам бе, црн конец! :aplauz:.... аааааа не не, то ти је сенка од белио конец! :несвест:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom