Баш сме интересен менталитет, и тоа во многу наврати сум го рекол а и ми се допадна заклучокот на колешката форумџика
@Ilumious за Фројд.
Секаде каде што одиме тоа мора да биде во групи, никако сами. Ако ве сретне некој во град како шетате сами подобро да имате добра причина за тоа инаку ќе ве прогласат за социјално нестабилна особа.
Ако на Запад е нормално човек да седне и да испие кафе на само, овде тој ритуал се врши исклучиво во група. Ако ве видат сами, тогаш тешко дека ќе ги избегнете чудните погледи од околината околу вас. По мене причината е што во поразвиените општества кафе пиењето се гледа од дистанца на физиолошка потреба, нели, да се ужива во вкусот на кафето. А кај нас на тоа се гледа како на изговор да се излезе надвор и да бидете видени. Па затоа не ретко ќе забележите индивидуи облечени како за ноќно излегување или за на свадба како сред бел ден пијат кафе. И овој тренд е одобрен од мнозинството а пиење кафе во тренерки и кежуал варијанта е предмет на потсмев.
Патување сами. Оваа категорија е незамислива, кај нас поимот соло патник е строго табу тема, затоа што кога се оди на одмор за тоа се зборува со месеци унапред и се прави исклучиво во друштво, кое во многу случаеви може да содржи и особи од кои што добивате рефлукс на желудечна киселина, но се се трпи за да се одржи репутацијата на социјално подобна особа.
Голем дел од женскава популација не оди ни до фризерски салон во соло варијанта, па обавезно некого гнави по телефон за друштво. И најјако ми е кога ќе слушев некого како вели:
- Ај прај ми друштво до WC