Моето искуство при барање работа...
Нашиве "газдишта" умислени, мислејќи дека нивната фирма е кој знае што и дека тоа искуство мене ќе ми донесе WOW работи/кариерни патишта во иднина, ти нудат почетна плата од 12-15.000, притоа нели, 4 пати интервју, разни тестови, па суптилно ти кажуваат дека некогаш(што сигурно е доста често) ќе треба и после работно време да се остане и тн. Плус, додај на тоа што бараат и 1 година искуство за работа што е скроз и тотално репетитивна и работа за која и на најголемиот КОЊ на планетава ќе му треба 1 месец за да влезе во шема, нели, ако малце од малце знае да работи на пи-си (да знае да куца и да проучи платформа, која е 30% по-сложена од кајгана форумот).
При тие интервјуа се среќаваш со разни, ама буквално разни примери за "македонското корпоративно секојдневие", или македонската верзија на "The Office" серијата. Тој период бев на интервју во фирма каде што газдата, умислен мачо-сељак, кој мисли дека господ гза мадиња го фатила со тоа што бутка цена на цел запад и работи за странци по најефтина цена за нив (wow, what a GENIUS!). Идеш во фирмата, те пречекува фина дама (ама баш фина). Поминуваш низ канцелариите за да се сретнеш со "мачо газдата", гледаш дека сите 6/7 вработени во фирмата беа тип-топ девојки, сите која од која. 95% од фирмите во МКД би биле затворени у нормална држава ради harassment (во секаков облик), но небитно. И влегуваш, го глеаш со раскопчана кошула, со саат, таков типично сељачки wannabe мачо став, на маса нормално, клучевите од бмв (кое после се испостави дека е икс 5ца). Праиме муабет лабаво, ми кажува почетна плата 15.000. Работата ти е по струка, демек ти само што си дипломиран, немаш искуство, толку вредиш на пазарот. А буквално работава за 2 недели се учи, тежок ШАБЛОН секако, доколку некој ти посветува барем неколку (2/3 саати дневно) и доколку внимателно пратиш што се случува и изразиш барем минимална самоиницијативност.
Вакви слични примери имаше можеби 5/6 од нашиве фирми. Толку, веќе бев спремен и за толку пари да прифатам, пошто заработката од work and travel која требаше да потрае дур да дипломирам и најдам работа веќе беше исцедена и при крај. И така, случајно некако најдов еден странски веб сајт за работа од цел свет и после можеби 50ина апликации (од кои можам да кажам дека 90% барем враќаа дека не сум избран) и после неколку интервјуа тестови и тн, ме примија. И тоа искочи скроз топ , и фирмата и комуникација и скајп конверзации и пристапност на менаџери и плата на време, све супер. Неможам да се пожалам.
Плус влета некоја фриленс тезга ко бонус, и неможам да се пожалам.
Колку само апликации пуштив за тие 2 месеци на позиции за кои имав горе-доле квалификации да ги работам, 90% од МК фирмите не ни одговорија барем да те известат дека не си примен. Мислам океј, можеби за таа позиција аплицираат 100 души, ама можат еден спам да пратат на неизбраните. Барем фер да е. Ама треба некој таму да се замара за тоа, нели.
Којзнае колку од тие апликации уствари беа "однапред пополнети".
За работа во државен сектор не ми се ни коментира. Иста песна. Без партиска книшка и дебели врски џабе ти е се. Исто, ама баш исто ко порано. ЖМРО у плаво е работава.
Не дека нашево школство е очајно, колку што фирмиве и нашиве "газдишта" сакаат да го прикажат дека е, се со цел да те потценат скроз и тотално и да те направат "корпоративно неписмен" , со цел да ја оправдаат малата платичка доволна ко за преживување за која ќе се кршиш од работа (пошто си потценет нели и демек немаш појма) а за нив да има повеќе мед да јадат, нели за да има кеш од некаде да се дозволи таа бмв х5-ца.
Па уште кога излезе некој наводен македонски бизнисмен да се пожали дека немало работници, на младите не им се работи. Леле ми иде шрафцигер у тил да им забијам на таквите, жими се. Па како бе сакаш да ти работи некој за таква мизерна плата гледајќи те тебе како си ги мафташ клучевите од џипот што си го спечалил на негов грб, плус тоа што НАЈГОЛЕМ дел од оние што се осигурани вработени во државава (од оние на убави места) се на апсолутен минималец пријавени, пошто газдиве не сакаат да даваат на државата. А од друга страна кукаат дека слабо биле стимулирани. Па затоа нема ни да не бидне. А сосема друг е муабетот што е огромен бројот на НЕОСИГУРАНИ/НЕПРИЈАВЕНИ работници.
Не ми се ни почнува за оние што се на пракса (ајде оние што се на факс, ќе разберам до некаде). Демек немаш пракса ти другар, појма немаш од животот. Приказни за мали деца. Уствари праксата ти е sugarcoated термин за робување. Демек ќе работиш 3-4 месеци пракса, платена 50 евра, па после тоа робување имаш можност за вработување, со феноменална почетна плата од 15.000. Хиени, е тоа се македонските "бизнисменчиња".
Семето да им го ебам направија милиони на грбот на работници кои "немаат каде" и се заробени у македонскиот fucked up ќорсокак...