Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
Драга,

се будам во 7 по навика и го слушам семејството будно. Си викам ваљда им се згрешило нешто, овие луѓе за викенди спијат до пладне.
Дознавам што била работата, умрел 15 годишниот син на можеби најблискиот пријател на татко ми со години. Единец на родители кои со години беа бесчедни.
Се навраќам на еволуциска теорија и писмата Дарвинови во кои ја спомнува неговата прерано замината Ана и бескрајната тага која ја соопштува во нив. Се навраќам на објаснувањето кое го дава теоријата и дека скоро инстинктивно ни е да чувствуваме толкава тага кога ни умира дете на таква возраст.
Ми текнува на истражувањата кои укажуваат дека смрт на челад ти го крати животот за скоро една деценија, а квалитетот на живот ти опаѓа повеќе отколку да останеш со две ампутирани нозе до крајот на животот. И се распаѓам. Се распаѓам од помислата дека нема никогаш да го гледаме како интернационален фудбалер како што го фалеше татко му, а ни како добар инжењер, ко што посакуваше мајка му. Нема да слушнам никогаш пак за тинејџерските тепачки на училиште во обид да остави мачо впечаток пред пичиња (дете, што да му правиш).

Жал ми е што не го дочека утрото, но очигледно магијата на новиот ден не ни е секогаш гарантирана.


Почивај во мир. Иако тоа никогаш немаше да и го посакам на твојата млада, бунтовна личност.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Треба да има специјален закон каде ќе ти е дозволено да го учукаш од позади тој што на плус 40 степени на едносмерна улица вози 10 на саат ради тоа што отворил прозор и пуфка цигара додека вози.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.600
Поени од реакции
7.194
Драга К

Точно пред 7 години се зачленив на форумов. 7 убави години.
Кога се зачленив прочитав многу работи тука, како поминуваше времето така од тие прочитани мислења покасно станува реалност, што јас сум почуствувал, што сум видел.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.124
Од моиве 33 години, 30 лета ги имам поминато по јадранската траса Улцињ - Х. Нови. И во сите тие 30 години, памет не им доаѓа на црногорциве да го средат сообраќајот на одредени клучки ради разни запушачи. 6 часа за ебени 100 километри пат. Секој ебан ден у четири месеци од годината.
И згора на тоа, границите сеа ги досраа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.975
Застанувам со колата на раскрсница и ми доаѓа една циганка околу 18 години со детенце во рака, детенцето околу 2 години. Пружа рака циганката и ми вика батко дај 10 денара и малово ја копира мајка си и пружа рака исто. Малово ако има почнато да зборува, веројатно прво има изговорено „дај 10 денара“.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Моето искуство при барање работа...
Нашиве "газдишта" умислени, мислејќи дека нивната фирма е кој знае што и дека тоа искуство мене ќе ми донесе WOW работи/кариерни патишта во иднина, ти нудат почетна плата од 12-15.000, притоа нели, 4 пати интервју, разни тестови, па суптилно ти кажуваат дека некогаш(што сигурно е доста често) ќе треба и после работно време да се остане и тн. Плус, додај на тоа што бараат и 1 година искуство за работа што е скроз и тотално репетитивна и работа за која и на најголемиот КОЊ на планетава ќе му треба 1 месец за да влезе во шема, нели, ако малце од малце знае да работи на пи-си (да знае да куца и да проучи платформа, која е 30% по-сложена од кајгана форумот).

При тие интервјуа се среќаваш со разни, ама буквално разни примери за "македонското корпоративно секојдневие", или македонската верзија на "The Office" серијата. Тој период бев на интервју во фирма каде што газдата, умислен мачо-сељак, кој мисли дека господ гза мадиња го фатила со тоа што бутка цена на цел запад и работи за странци по најефтина цена за нив (wow, what a GENIUS!). Идеш во фирмата, те пречекува фина дама (ама баш фина). Поминуваш низ канцелариите за да се сретнеш со "мачо газдата", гледаш дека сите 6/7 вработени во фирмата беа тип-топ девојки, сите која од која. 95% од фирмите во МКД би биле затворени у нормална држава ради harassment (во секаков облик), но небитно. И влегуваш, го глеаш со раскопчана кошула, со саат, таков типично сељачки wannabe мачо став, на маса нормално, клучевите од бмв (кое после се испостави дека е икс 5ца). Праиме муабет лабаво, ми кажува почетна плата 15.000. Работата ти е по струка, демек ти само што си дипломиран, немаш искуство, толку вредиш на пазарот. А буквално работава за 2 недели се учи, тежок ШАБЛОН секако, доколку некој ти посветува барем неколку (2/3 саати дневно) и доколку внимателно пратиш што се случува и изразиш барем минимална самоиницијативност.

Вакви слични примери имаше можеби 5/6 од нашиве фирми. Толку, веќе бев спремен и за толку пари да прифатам, пошто заработката од work and travel која требаше да потрае дур да дипломирам и најдам работа веќе беше исцедена и при крај. И така, случајно некако најдов еден странски веб сајт за работа од цел свет и после можеби 50ина апликации (од кои можам да кажам дека 90% барем враќаа дека не сум избран) и после неколку интервјуа тестови и тн, ме примија. И тоа искочи скроз топ , и фирмата и комуникација и скајп конверзации и пристапност на менаџери и плата на време, све супер. Неможам да се пожалам.
Плус влета некоја фриленс тезга ко бонус, и неможам да се пожалам.

Колку само апликации пуштив за тие 2 месеци на позиции за кои имав горе-доле квалификации да ги работам, 90% од МК фирмите не ни одговорија барем да те известат дека не си примен. Мислам океј, можеби за таа позиција аплицираат 100 души, ама можат еден спам да пратат на неизбраните. Барем фер да е. Ама треба некој таму да се замара за тоа, нели.
Којзнае колку од тие апликации уствари беа "однапред пополнети".
За работа во државен сектор не ми се ни коментира. Иста песна. Без партиска книшка и дебели врски џабе ти е се. Исто, ама баш исто ко порано. ЖМРО у плаво е работава.

Не дека нашево школство е очајно, колку што фирмиве и нашиве "газдишта" сакаат да го прикажат дека е, се со цел да те потценат скроз и тотално и да те направат "корпоративно неписмен" , со цел да ја оправдаат малата платичка доволна ко за преживување за која ќе се кршиш од работа (пошто си потценет нели и демек немаш појма) а за нив да има повеќе мед да јадат, нели за да има кеш од некаде да се дозволи таа бмв х5-ца.

Па уште кога излезе некој наводен македонски бизнисмен да се пожали дека немало работници, на младите не им се работи. Леле ми иде шрафцигер у тил да им забијам на таквите, жими се. Па како бе сакаш да ти работи некој за таква мизерна плата гледајќи те тебе како си ги мафташ клучевите од џипот што си го спечалил на негов грб, плус тоа што НАЈГОЛЕМ дел од оние што се осигурани вработени во државава (од оние на убави места) се на апсолутен минималец пријавени, пошто газдиве не сакаат да даваат на државата. А од друга страна кукаат дека слабо биле стимулирани. Па затоа нема ни да не бидне. А сосема друг е муабетот што е огромен бројот на НЕОСИГУРАНИ/НЕПРИЈАВЕНИ работници.

Не ми се ни почнува за оние што се на пракса (ајде оние што се на факс, ќе разберам до некаде). Демек немаш пракса ти другар, појма немаш од животот. Приказни за мали деца. Уствари праксата ти е sugarcoated термин за робување. Демек ќе работиш 3-4 месеци пракса, платена 50 евра, па после тоа робување имаш можност за вработување, со феноменална почетна плата од 15.000. Хиени, е тоа се македонските "бизнисменчиња".

Семето да им го ебам направија милиони на грбот на работници кои "немаат каде" и се заробени у македонскиот fucked up ќорсокак...
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.073
Поени од реакции
11.058
Да се надоврзам на постот на @jamey jasta

Има еден тон газди во ИТ секторот кои што ги злоупотребуваат работниците.Лично познавам 10тина работници кои што ГАРАНТИРАМ дека тоа што го работат вреди минимум 500 евра месечно(спрема платите на ИТ секторот овде,да не правиме муабет за запад) а земаат 100-200 евра поради ''добрината'' на газдата.
За пракса нели не се плаќа ама овај пошто е добар му дава по 100-200е.Иначе нели тие треба да идат за безпари за да собираат искуство и да учат.
Имам забележано дека колку повеќе им бараш и се цениш/преценуваш, толку подобро.Секогаш ќе има некој на кој што ќе му биде ок да те плати толку.Се разбира,не може да си тенџере а да бараш по 1000е плата,оти кога ќе те седнат ќе треба нешто да сработиш.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Ех Кајчо,
По втор пат гледам Наруто. Пак доживеав преродба исто како и првиот пат кога ги гледав. Сега пак сум дете. Ги поминувам првите мисии и учам дека надеж има секогаш.
Нема да се откажам. That's my way of ninja!
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.492
Поени од реакции
16.143
Што повеќе влегувам на сајтовите каде нудат вработување се повеќе имам желба брзо да дојде денот кога ке ја напуштам ова дно од држава
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Драга,

Скоро на сите ни е јасно во какво општество живееме. Мислам, скоро на сите, зашто секако имаш глуп народ каде што ламбата никогаш не се пали. Или игнорантен, незаинтересиран, бидејќи немало потреба да се запали, мама и тато обезбедиле, или уште поарно, постарите, за да може таа традиција на кои се и што кур фактор вредат да трае повеќе.
Финтата е дур седнеш на некаква побитна позиција. И дур запознаеш фаци ко тебе со кои можете да си имате взаемен интерес, па со вашите глупости што си ги знаете меѓу себе да си се држите век и векова на тие позиции. Иначе да бидеме реални, сите крадат. Овие од улици и патишта крадат од тоа бојата за пешачки секоја недела, ете кај мене на улица пешачкиот од пред две недели фарбан, не се гледа пак. Ако, пак ќе го префарбаат, има државата да дава. Од највисоко од најниско, секој ако има можност, скоро сигурно е дека ќе си земе. Каков народ, таква држава. Многу просто, многу едноставно за сфаќање.

Што се однесува за делот вработување во државава, тоа е веќе ултра црна хроника за која многу не ми се прави муабет, пошто само оној што барал подолго време, јасно му е. Моиве поблиски не ми веруваат дека за година дена иам пратено преку 200 апликации, али нејсе, да не дојдат во ситуација да дознаат. ;)
Мојата најголема, лична фрустрација се стариве неписмени тиквари, кои едноставно не сакаат да прифатат дека светот е сменет, па или ќе се сменат и они на 50 или можат комотно да си станат од столчето и да идат во пензија. Човек учи дур е жив за нив не важи. Па типот бил инжинер, кој курац ако си, уште седиш и кочиш работа зашто на дигитрон сметаш ропаку еден. Е тие таквите цел живот ќе ве мислат дека сте студенти, дека сте на пракса и не ви требаат пари за да живеете, да јадете и сметки да си плаќате. А реално, со мала табелка и графиконче во ексел, малце поголема заинтересираност и буџет за воведување на технолигија во работата, можеш за два саати да докажеш дека типот е тотално непотребен во фирмата. Иронијата, боже мој.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Да имаше единица мерка за разочараност ќе се викаше Македонец.
Во колку тешко време на живуркање чекориме тоа е запрепастувачки.
Разговарам секојдневно со луѓе и можам да кажам дека стапката на разочараност од целокупната атмосфера во државава е загрижувачка.Не ми се пишува уморен сум.
Едноставно знам дека часовникот сабајле повторно ќе ѕвони во 07:20.
Чувајте се момци и девојки се најдобро ви посакува вашиот whatto.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom