Добро има ли еден нормален во државава, со што ги прскале, со хормони за раст, ги размножувале ли што им праеле на комарциве... Жими се, пред да кажат дека ги прскале јас цело лето еден убод од комарци немав. Сега кога одам на трчање се враќам како на воен фронт да сум бил, цели нозе ми се или подуени од нови комарци или со крвови откако сум ги расчешал вчерашните. Не се трпи ова, во психа те мава. И на кеј место дадичкине на кеј Аутан бесплатно да дават некоја тубичка, они даваат сокче од портокал. Пишуваш на Фб на сите одговорни за проблемот со комарците, нит одговор добиваш ниту некој те рецка. Притоа си палат депонии и на повеќе места освен кај кајакарите, почнаа и кај Палас, па половина од трчањето го трчам со глава во маица, плус чешајќи се од комарците и тепај си се себе со шлаканици кај те зачеша, од страна сигурно личам на некој болен мајмун. Не дај боже некој да се излаже сега да започне со возење точак или трчање, трауми ќе има во наредни десет години нема да се осмели пак да проба.