Мала зграда сме, неколку станови.
Зградава е веќе у своја петта деценија, ама луѓево се млади, работоспособни.
Снег ќе падне. Ќе напраам некоја патека, десетина метри. За мене си ја праам. Да е за комшииве, а ја да не искачам, би истурил вода за да кршат глави, раце....ја мафтам со тоа лопатата, а тие: "де бе комши, да причекаше, јас ќе фатев" (жими к***в).
Светло пред ниеден стан (си стаам сијалица само у моево лустерче пред врата)....и тоа доста им е, им врши работа.
Мало дворче пред зграда - некое зеленило шо дава отпор и расте од инает, јужна страна и го фаќа сонце. Искачам пар пути у годината да ишишам зелена ограда (пошо доаѓа у фаза крокодили да се збираат) и собирам лисја на есен. Дур го праам тоа, проаѓаат и одат на џогинг, билдинг, шопинг енд факинг, кој к***ц..."де бе комшо, баш за утре планирав" (жими к***в планираше).
Кречење на влез, па шо знам, минимум пред 25 години и тоа од зорт некој, пожар имаше...
Куќен совет - шта је то?
Не сум чоек што се фали....и моево е ништо посебно од некое совесно комшиско однесување, стихијно ми доаѓа. Срам ми е да влегуем у влез со кеси и лименки у трева фрлени.
Што се тиче зафатеност и фамозното скопско "немање време"...па отприлика можам сосе гов*а да ги купам со месечни приходи, вода у очи немаат, ама испод части им е на тоа копуците.
И после ќе се трескам со име, јазик, држава....абе црнци да ве полудат, ти е**м тоа "народот"...