Драга Кајгана (виртуелен дневник)

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Ќе ти пуштат резултати и ќе ти закажат увид после месец/два откако си го полагала предметот и после те прашуваат зошто таков одговор си пишала. Ја сирота не памтам саат време пред да излезам од дома дали сум го исклучила бојлерот, не па за некоја чкљ задача таму. :toe:

Иначе ја арна. :D Еднаш така се стркалав ко тулумба по удолница у парк. :icon_mrgr: Некој ден пред тоа дур бев качена на столче, требаше да симнам нешто од висачите, се откачи вратичката од шарките, ме мавна по глава и чклап на земја. :vrtioci: Мало делче од ќошето од вратичката се скрши, три дена после тоа мајка ми ме прашуваше дали и зошто не ме болела главата. Па што знам, навикната е ваљда, имунитет некој добар сум ѝ набила. :ROFLMAO:
Маалце и ќе ме бапнеше рампа од паркинг, не ја видов дека била горе кога почна да се спушта, ама не ме акна бе, арно е. :D

Ем ништо не ми се прави, ем ми е досадно. Бооо. :icon_mrgr: Почнав да си запишувам мои рецепти во тефтер, со сѐ содржина, пенкалца во боја, све... и ете и тоа ме замрзе да го довршам. :cautious:

Досадно ми е бе, шо. Ај, чао. :D
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.822
Поени од реакции
7.140
Уморен сум. Уморен сум од македонскиот јазик (и секојдневниот и тој на Михаил Д. Петрушевски и Драги Михајловски). Уморен сум од секое преминување улица кое може да е последно. Уморен сум од колите на тротоарите, а пешаците на улица. Уморен сум од уличните кучиња (не затоа што не ги сакам, туку, се потресувам за нив). Уморен сум од уличните мачки (не затоа што не ги сакам, туку, се плашам дека ќе го нападнат моето куче, а, се има случено тоа). Уморен сум од Скопје. Уморен сум од скопските улици. Уморен сум од македонската храна. И, така. :гик:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нема нешто подосадно од нос да ти тече, аууу, па и ја прашувам сестра ми да не има капки за нос, ми дава едни од диво оригано. Ставаш во нос, како да си ставил солна киселина, цел нос ти го пече. Ефикасни се за ефикасни ама мазохизам е тоа што се трпи првите две минути :icon_lol: и плус добар пола време после тоа во дишникот имаш некој мирис како да си се засркнал со пица. Препорачувам :icon_lol:
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.836
Ги менвам бијонс, сунгерон боб, шутрак, анчо и пеџа за џонтра. Џонтра врати се!
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
Денес ми е годишнина од денот кога се преселив 1 000 километри од дома. Сѐ уште не можам да го наречам местово дома, веројатно зашто дома е таму каде што ми е мачката.

Убавото е што потпораснав годинава. Поминав депресија, поминав неколку ментал брејкдаунс, еден од нив беше у сред маркет because why the fuck not, во хистори на јутуб имам повеќе how to видеа отколку музика; пред некој месец јутубав how to sew a button за по пола саат да гуглам how to find lost needle pls halp!

Последниве пар месеци откако почнав да функционирам колку-толку нормално, испозапознав интересни луѓе, положив глуп испит и се опив лом и спиев во кафичот и следниот ден се појавив пијана на работа и издржав само два саати додека не се комирав во кревет, си чувам ливчиња од броеви на лезбејки што ми ги ставаат во џеб дур денсаме, конечно излегувам на места каде луѓе денсаат а не дремат со пијачка и мрткаат со колено напред-назад, си купувам цвеќенца, ми умираат, си купувам нови, свиѓам тип што значи дека стравот дека сум станала асекусална не ми е оправдан, учам бадминтон, мразам бадминтон, уште ми бараат лична карта кога си купувам цигари, експериментирам со пива, треба да намалам со пиење пиво пошо стомак, ставам кумина и лук во секое јадење, одам на концерти, планирам да каучсурфам летово пошо уште сум сиромашна, ќе се зачленам во прифатилиште за договци и ќе шетам договци за викенд, учам работи што ги мразев додека студирав и мислев дека нема да ми требаат никогаш... животиште!



Every step is a baby step when you're short.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.404
Поени од реакции
4.420
Покрај мрцварењето во автобус од 19 дена, покрај недостигот на добро друштво за на апсолвентска, исто така причина е и класичниот македонски синдром било каде во Европа, за да не отидам на апсолвентска. Значи органски не можам да поднесам српско сељачко во дискотека (ако може така да се наречат просториите со музика во Македонија). А уште помалце кога гледав на сториња како им пуштаат српска и македонска музика у сред Љорет де Мар и на уште неколку локации на апсолвентската на рапсоди. Подолно од тоа не верувам дека ќе сретнам. Како може бе да тепаш 2000 километри до Шпанија за да ти подголтнува Ристо Самарџиев на Дирлада (им беше пуштена од Јутуб последната снимка у Метрополис):pos:, и да ги слушаш оние српскине никакви песни, а дискотеката огромна, каква журка би паднало таму, ама класичниот македонец не знае да се забавува со друга музика :)

Исто, македонци идат на Закинтос, Кавос и Сончев Брег за да слушаат Аца Лукас и Саша Ковачевич. Дното е допрено :pov:
 
S

silmarillion

Гостин
Во средно и основно сите што биле битанги си мислел дека никад нема да завршат факултет ко то, оп Моојот уууунииииверзиитееет за туууризам и менаааџмеееент врааата ќе ми отвориии кон сиооот свееееет.

Не озбилно, одамна не гледам на CV кога ми стигаат образование, али од самиот начин како е склопено CV-то можам да заклучам од кај доаѓаат. Дали е Европски дали е овој погоре, дали е БАС, дали е ФОН, дали е Бизнис логистика Штип. Може има квалитетни деца од таму не викам не, али еден факултет да не успее да ги обучи нивните финални производи - студентите - како треба да се продадат во едно CV, па пичка му матер. Истото важи и за УКИМ, сем неколку што прошарале на google како да направиш CV што "гарантира" разговор, па ми фатиле око.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.909
Поени од реакции
25.277
Она кога ќе ти испратат ултра сексистичка песна, ќе изреагираш импулсивно и подоцна ќе ја слушаш песната со месеци, затоа што ритамот е проклето добар. :vozbud:

:цицки:
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга Кајги.

Дали сите знаат што сакаат да прават во животот додека имаат 26? Или јас сум единствена која знае што сака, но и е потребно премногу долго за да стигне таму?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вежбам на дуќан кога нема многу работа :icon_lol:.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom