Две случки што ми оставија впечаток деновиве:
Бев во Скопје на еден ден и имам другарчиња што држат кафич во Дебар маало па ај си реков одамна не сум им влегол во кафич, а и онака немав што да правам и се упатив натаму, пиеме кафе ова она, муабети заебанции секс теретана риболов, кога доаѓа еден од „браќата“ нормално со затемнет голф и пушта четири и ја остава колата на улица, седнува на масата до колата за да пие кафе со женската. Којзнае таа и женска дали му беше пошо никаков контакт не направија додека траеше приказнава. И ај ко шо се тесни улициве во дебар маало, буквално ја блокира улицата, коли свират ова она ама џабе, си велам ми го еба раатот се наеднаш стана многу гласно, и ај поминаа 10тина минути, кога доаѓа полиција и се паркира зад него. Овој ни пет ни шест, ладен ко Рамбо ко шиеше рана а со другата рака пукаше, ојде до колата, извади документи све, му ги даде на полицаецот и - пази сега - седна да си го допие кафето. Овој му пишува казна, овој си пие кафе, женската чепка во телефонот не ни крена глава за да види што се случува, тотално незаинтересирана, па овој демек врти по телефони за да му ја скинат казната, а да го видиш мрсул нема да му фрлиш од што беше отепан, па откако му ги вратија документите овој ја плати сметката за кафе и си отиде. Каква фиромштина пуштена на најјако еј...
Друга случка, вчера еден колега американец ме замоли да одам со него да купи ланче со дрвен крст, кејф му било и додека тој разгледуваше во бижутеријата, имаше една стара жена продавачка. Нешто се замуабетив со неа, па видов дека чува риба на шанкот кај што продава, и почнав да ја сликам нешто беше како со големи очи, како телескопи и беа, и таа ми вели „абе овие риби се склони на самоубиство“ и си реков ме заебава, па ми го кажа видот на риби му го заборавив името, демек биле познати по тоа што сакаат да се отепаат. И на сред муабет наеднаш, онака среќно тажно ми вели „еве ја чекам секој ден во овие 7 години да се самоубие, оваа никако не сака, попрво јас ќе се отепам“ па после колегата одбра ланче и заминавме.