Веќе прочитано веќе видено.Во ред е.
Пред да дојде 1 мај да нафрлам неколку реченици за кој сум сведок низ годините за случувањата во овој град и неговото одбележување.
-1 Мај не е ништо повеќе од само купишта ѓубре оставени зад себе во текот на 2 мај
-Фамозна треска која ги размрдува супермаркетите.Луѓето луцидно во последниот ден,последниот саат купуват небаре се случува апокалипса,се пазари безобразно,се троши немилосрдно,колички напунети до горе како да нема утре,колони од 20 луѓе на каса,нервоза,тутканици.
-Луѓето што одат да го ''прослават'' тој празник немат никаков респект ни за себеси,ни за околината/
-Интересно е бидејќи овој тренд на будалаштини го следам со години и сум фасциниран КАКО до сега не ја научивме лекцијата.Ова беше пред некоја година бев до Марков манастир на 3-4 мај знаете на што наидов на ТОН ЃУБРЕ мислам дека ми требаше маска за гнурење(барав слики низ пц неможев да ги најдам кој знае кај се заталкани) ама сакав да видите/
-Не ја почитуваме природата,шумите,реките,воздухот безобразно е тоа на каков силеџиски начин постапуваме.Може да се соберете со вашите пријатели на 19јуни(пример рандом дата) и да си направите убава атмосфера ем за вашата душа,ем за тие околу вас,да бидете одговорни и тоа што сте го конзумирале во текот на денот да го соберете во најлонска вреќа која ќе ве чини ни помалку ни повеќе туку 12 денари(Која може да ја најдете во земјоделска аптек) со тоа ќе испаднете фер и одговорни спрема себеси,а потоа и кон околината и сите добиват.НО НЕ зошто да го направам тоа кога можам да го расфрлам тоа насекаде и да бидам најголемата стока на планетата.AJ BE SI IMA DZJUBRADZI KE SMETAT DZABE NE SE PLATENI JA DA IM CISTAM HEHEHEHE .-Просечен македонец.
-Не сум од оние луѓе што ги кажува Џорџ карлин кој одат секој ден и размислуват за планетата и се грижат за се,НО навистина ме боли што неубаво се постапува,БОЛИ што поминуват ГОДИНИТЕ и наместо да не ги повторуваме грешките од минатото ние НЕ само што не учиме туку и ги доведуваме до совршенство како да испаднеме поголеми стоки што навистина не ми е сфатливо и прифатливо.
-Овој пример ми текна во моментов па ќе сакам да ја искористам ова прилика додека сум тука да ја кажам бидејќи навистина беше wow/.Петок навечер на автобуска си мекнеам лабаво после тогашниот концерт на кој си поминав стварно супер кој патем на никој не му е гајле е сеа да идеме на приказната седи една жена на клупа вади од својата ташна чоколадо и ова е моментот седи на помалку од 50сантиметри од корпа за отпадоци односно и беше потребно само левата рака да ја испружи и да го фрли во корпата АМА ПОГОДЕТЕ ШТО го фрли на земја се вртам ја гледам мува не ја лази.Де бре мајку му стара до толкав ли простотилак,неукост и некултура успеавме да засадиме навистина разочарувачки.Ако во моментов ми одговорите со тоа дека ''хартивчето'' не ја загрозува националната безбедност и дека имаме поголеми и посериозни прашања за решавање во моментов ќе ви кажам ВО ПРАВО СТЕ!
Ама грешките и понатаму се таложат,градиме пирамиди од грешки,градиме Бурџ Халифа од грешки,а никако да ги срамниме со земја.Тажно е навистина.
-Тони ѓубре оставаме и стојко не ни чује.Тоа е продолжуваме во исто темпо па можеби и подобро,надградено и да ова не е ништо знаете што се случува секој ден со македонските шуми КАСАПНИЦА ама тоа е друга тема...
Но знаете што можеби нашата влада се подготвува да ги следи примерите на Данска,Шведска,Норвешка и планира да произведува струја преку ѓубре.
НОВА ЕЛЕКТРАНА ВО КОПЕНХАГЕН ЌЕ ПРАВИ СТРУЈА ОД ЃУБРЕ И ЌЕ ИМА СКИЈАЧКА ПАТЕКА НА ПОКРИВОТ
Електраната „Амагер Бакен“ и официјално ќе биде отворена наредната година и ќе преработува 400.000 тони отпад годишно, за да снабдува 160.000 домови со топла вода и 62.500 домови со електрична енергија. Таа ќе произведува 25% енергија повеќе, а ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 100.000 тони годишно.
Иако како гориво ќе користи отпад, емисијата ќе биде чиста, бидејќи електраната ќе има напредна технологија за филтрирање. Дури и отпадната прашина ќе се рециклира во материјал за патишта.
За целосен ефект, електраната е дизајнирана така да испушта големи прстени од чад.
До следно читање сакам да го видам Мирко попов као отвара нов автопат,а на него да денсат хипстери кои немат ни 1 ден стаж.
-whatto