Драга Кајгана (виртуелен дневник)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.503
ДК

Чисто информативно не знам кој ја преведувал статијата или од кај се копирал преводот ама се работи за ЕДЕН(30 годишен маж) силувач со германско-полско државјанство кој ја турнал девојката во WC и ја силувал. (Не и помогнале пошто најверојатно и ставил рака на уста и/или се заканувал на друг начин)

П.С Бил и претходно обвинет за силување
Извор:

https://www.thelocal.de/20180416/suspect-on-the-run-after-woman-raped-in-train-after-munich-football-match

П.С2 Секогаш провери информација од барем два извори. Happy thinking
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
ДК,

УНИЦЕФ, борци за човекови права, невладини и какви не арамиски организации за перење пари, а во 2018та го имаш ова. Жалното е што истовремено додека јадниве и уште неколку милиони како нив се принудени да работат уште од најмали нозе за корка леб, други поседуваат милијарди и се чудат по колку илјади да потрошат на еден оброк, раскурцуваат пари на луксуз и што уште не.
Искрено мислам дека се додека имаме луѓе што живеат во вакви услови на планетата, срамно е да се пофалиме дека сме напреднале за било која работа.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Се жалат дека им краделе податоци по интернет, а кликаат Next, next, next без да прочитаат или прават квизче на кој естраден српски уметник личиш.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Не е лесно да се биде мајка, еве не знам од кога кафе на раат немам пиено какво што сакам, или е ладно, или е истурено и најчесто количиња пливаат во него :)
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Profil na licnosti koi ne mozam da gi razberam (i ne sakam da imam rabota so niv posto ne se covecni pred se) se pasivno/agresivni likovi, sadisti koi ako namirisaat deka si empaticen i emotiven kako krvozderi odma napagjaat, sakaat da ti napravat da se cuvstvuvas loso ili da ti nametnat cuvstvo na vina e sea ako si glup i naiven kje dozvolis da te ubedat u namerite koi gi imaat ali ako si malu poitar i si gi ukapiral kakva namera imaat kje sfatis deka toa se bolni psihopati koi se zadovoluvaat so tugja bolka i ne se vredni za vnimanie a sto e najtragicno mnozinstvoto se takvi.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.482
Поени од реакции
114.430
Пошо сум присуствувал на неколку екскурзии низ Европа морам да искоментирам околу нашата култура во такви ситуации. Лично пазам премногу на такви работи без разлика на тоа каде се наоѓам, знам да чувам и по цел ден обично хартивче од мастики само за да не го фрлам на сред улица. И сеа имаш ситуација каде се возат 50 души во автобус низ Европа, 20-тина дена, во 15 различни градови и секој ден си опкружен со ѓубре и нечистотија, пошо дотичнните ги мрзи хартивчето од кроасанот да го фрлат во некоја ќеса заедно со останатото ѓубре и после на излегување од автобус да го фрлат во некоја канта или контејнер кои ги има на секој 20 метри. Не бе, има нешто внатре во македончето што го тера наместо во таа гореспомната ќеса отпадокот да го напика меѓу двете седишта во автобусот, да го фрли на под или во најлош случај да го стави горе над главите каде што е место за куфери, ранци и остало.

Исто имам комшии што и ден денес рокаат стара манџа од четврти спрат без око да им трепне, јер тешко е во шолја да ја истуриш, мозокот да ви се истури. Не продолжувам понатака, а има многу за набројување зашо ќе се напнам до коска.

Ае з, идам на фудбал да доповредам уште некој дел од телото што ми остана неповреден периодов.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
@Peja989 што ѓавол те натера да спомнуваш Чуџука и Сентело, ме запусти :pos: Заебана ствар ти е носталгија, не дека подобри времиња биле ама ајде, таква перцепција има у главава. Деновиве стриктно стари "клубски" хитови на рипит, од White Horse до Get Busy се' и сешто поминав. Не ти требаше, не личи 28-годишно магаре ко мене да гледа 32х32 пиксели видео од ваљда некое бразилско Драган Вучич фавела шоу, женски урлат Брунооооо, шатирани мангали од кондура до марама на глава цели во бело у бекстрит фазон...

 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Ме интересира, овие што ги јачаат моторите на семафори, што е фората? Им растат мудатата или како? Ако им растат, да си купам и јас еден мотор, па да си пораснам муда за да седнам да учам во оваа убава пролетна идила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom